Фармакоинформативен прозорец

Подобрувања во селекција на третманот за хронична лимфоцитна леукемија (ХЛЛ)

  • 2/27/2024
 

Хроничната лимфоцитна леукемија (ХЛЛ) е неоплазма на Б-клетките која се карактеризира со прогресивна пролиферација на моноклонални Б-лимфоцити. Таа е најчестиот тип на леукемија кај возрасните во западните земји, со околу 18740 нови случаи во 2023 година, што ја потенцира нејзината преваленца како водечка форма на хронична леукемија во САД.

ХЛЛ примарно ги погодува постарите возрасни лица. 5-годишната релативна стапка на преживување за CLL направи значителен напредок, што се препишува на посовремениот пристап во третман на оваа болест.

Клиничката презентација и прогресијата на CLL може да варираат во голема мера. Приближно 30% од пациентите може да покажат асимптоматски, индолентен тек за кој не е потребна интервенција. Спротивно на тоа, други може да доживеат активна болест која се карактеризира со прогресивна лимфоцитоза, цитопенија, лимфаденопатија, хепатоспленомегалија и Б симптоми како што се губење на тежината, ноќно потење и треска.

Терапијата за ХЛЛ мора да се почне веднаш доколку има присутни несакани ефекти, како на пример: се значително губење на тежината, ноќно потење и треска, модринки по телото, или какви било знаци кои укажуваат на намалена функција на органите. Други симптоми вклучуваат: изразена спленомегалија или лимфаденопатија и цитопенија.

Хемо и имунотерапевтските лекови кои одат во комбинација, како што се chlorambucil плус obinutuzumab (Leukeran, Excella GmbH & Co), bendamustine плус rituximab (Rituxan, Genentech USA) и fludarabine плус rituximab, се препорачани терапии од прва линија за CLL без мутација на del(17p)/TP53, но неодамна нивната употреба е променета во соодветните протоколи за третман на ХЛЛ. Наместо овие лекови, според новите протоколи како прволиниска терапија се наведува дека треба да се користат BTK инхибитори или venetoclax, за пациенти со или без мутација на del(17p)/TP53.

Режимот на терапија со 12 циклуси на venetoclax и 6 циклуси на оbinutuzumab се покажала како ефикасна во третманот на ХЛЛ, а е воедно и поевтина алтернатива за разлика од останатите терапевтски комбинации. Оваа комбинација е препорачана за пациенти со проратни коморбидитети, како што се хипертензија, атријална фибрилација, хронична срцева слабост, како и оние пациенти кои се на варфарин или со хемофилија. Комбинацијата на venetoclax и оbinutuzumab има помал ризик да предизвика егзацербација на овие коморбидитети. И покрај придобивките на овој режим, пациентите мора да бидат советувани за честото доаѓање на клиника заради администрација на venetoclax.

Информации за лекот venetoclax

Покрај ова, venetoclax се докажал како ефикасен агенс во менаџирање на рефракторна ХЛЛ по третман со ibrutinib. Особено треба да се внимава, при користење на venetoclax, заради тоа што може да предизвика тумор-лизирачки синдром. Поради ова, потребно е редовен мониторинг на пациентите.

Друг предизвик при третман со venetoclax претставуваат и лек-лек интеракциите. Како значаен субстрат на CYP3A4, нивоата на venetoclax може да бидат значајно засегнати од CYP3A4 инхибитори или индуцери, како азолните антифунгални лекови. Доколку е потребно да се даваат антифунгални лекови и venetoclax во исто време, се препорачува прекинување на антифунгалните лекови, да се почека 2-3 дена и потоа да се започне со терапија со venetoclax. Покрај ова, пациентите мора да бидат советувани да не употребуваат продукти и храна која содржи цитрусни овошја.

Информации за лекови од групата на БТК инхибитори

BTK инхибиторите, вклучувајќи го ibrutinib (неселективен), acalabrutinib и zanubrutinib од втората генерација, се перорални лекови со мала структура кои делуваат на Брутон тирозин киназните патеки, кои се дел од функционирањето на неопластичните Б-клетки. Преку модулирање на активноста на БТК, овие инхибитори прават надолна регулација на пролиферација на Б-клетките.

Во однос на клиничките студии, ibrutinib се покажал како поефикасен од chlorambucil кога станува збор за преживување без прогресија на болеста. Овој поволен ефект на ibrutinib бил следен 7 години во текот на клиничките испитувања. Поспецифично, 61% од пациентите кои биле лекувани со ibrutinib покажале преживување без прогресиај на болеста, додека само 9% го имале истиот ефект со третман со chlorambucil.

Друга придобивка од БТК инхибиторите е нивната едноставна примена и може да се земаат надвор од болнички услови. Овие лекови главно се достапни во перорални форми, како таблети. Но, долготрајната употреба на БТК инхибиторите може да доведе до посериозни несакани ефекти на кои мора да се внимава, како што се крварење и проблеми при коагулација на крвта, кардиоваскуларна токсичност, како и атријална фибрилација. Но овие несакани ефекти не се појавуваат подеднакво кај сите БТК инхибитори. Acralutinib покажува помала инциденца на несакани ефекти за разлика од другите БТК инхибитори, а слично на него и zanubrutinib.

Дијареа и артралгија се исто така несакани ефекти асоцирани со БТК инхибиторите. Дополнително, може да се јави и силна главоболка, како и неутропенија.

Слично на venetoclax, сите БТК инхибитори се значајни субстрати на CYP3A4.

Доколку се земе во обзир безбедносниот профил на БТК инхибиторите во однос на несаканите кардиоваскуларни ефекти, препорачливо е да се даваат превентивни лекови за горенаведените несакани ефекти, како крварење, атријална фибрилација, хипертензија и хемофилија.

Како најнов претставник од класата на БТК инхибитори е pirtobrutinib, кој е високоселективен, нековалентен (реверзибилен) инхибитор, кој има дури наномоларна ефикасност. Неколку студии биле спроведени за ефикасноста на овој лек при третман на ХЛЛ, и моментално е со степен на препорака 2А за третма на пациенти кои биле резистентни на други БТК инхибитори или покажале нетолеранција.

Како за крај, при составување на пациент-ориентирана терапија, секогаш во предвид треба да се земат експертизата на фармацевтите и лекарите во однос на лековите, како и преференците на пациентите, за да се овозможи најдобрар можен терапевтски режим за хронична лимфоцитна леукемија.

Reference: Pharmacy Times (2024). Advancing treatment selection in CLL management.

Достапно на: https://www.pharmacytimes.com/view/advancing-treatment-selection-in-cll-management

Датум на пристап: February, 2024.

Споделете

 

Поврзани новости

Најава на корисник

Заборавено корисничко име или лозинка? Не сте член? Кликнете тука за регистрација