Едукативна дејност

Во рамките на своите активности Националниот фармакоинформативен центар обавува и едукативна дејност преку едукација на студентите по фармација на Фармацевтскиот факултет во Скопје, спроведување на специјалистички студии од областа на Фармакоинформатика и Клиничка фармација како и во континуираната едукација на здраствените работници од Р. Македонија. НФИЦ организира различни видови на едукативни настани. Самонасочено учење претставува облик на континуирана едукација кој се реализира преку следење на новостите кои се објавуваат на веб локацијата на НФИЦ за кои се информираат над 2000 здравствени професионалци од Република Македонија. Исто така, Националниот фармакоинформативен центар во соработка со други институции е организатор на голем број на едукации, конференции и стручни работилници.

Преку НФИЦ е воведена е-едукација со што се овозможува современ начин на континуирана едукација на здраствените работници. По имплементирање на модул за е-едукација спроведени се над 15 едукации за здравствените работници на Република Македонија.

Најава на корисник

Заборавено корисничко име или лозинка? Не сте член? Кликнете тука за регистрација