Услужна дејност

Услужната дејност се состои во одговарање на барања за различни информации за лекови и медицински сретства, поставени од страна на здравствени работници, пациенти и носители на одобренија во Република Македонија. Центарот располага со богата литература: примарна (биомедицински научни списанија), секундарна (индексирачки и апстрактивни системи) и терциерна (книги, стандардни терапевтски водичи, формулари) и останати извори на информации (on line достапни бази на информации). Националниот фармакоинформативен центар е јавна институција достапна за сите граѓани на Република Македонија кои преку различните начини на контакт (дирекно, телефон, факс, електронска пошта) можат да побараат и добијат одговор на своите прашања кои се поврзани со лековите.

На барање на фармацевстките компании, Националниот фармакоинформативен центар учествува во изготвување и стручна евалуација на Збирните извештаи за особините на лековите и Внатршните упатства за лековите и медицинските средства за кои истите се носители на одобрение.

Најава на корисник

Заборавено корисничко име или лозинка? Не сте член? Кликнете тука за регистрација