Фармакоинформативни новости

Некои антидепресивни лекови покажуваат ветувачка ефикасност кај одредени пациенти за управување со хронична болка

  • 5/18/2023
 

Дулоксетин (Cumbalta, Eli Lilly and Company) е единствениот антидепресив за кој истражувачите сеуверени дека ќе ја третира хроничната болка, според резултатите од спроведената метаанализа (NMA) од 176 студии за антидепресиви во третман на хронична болка објавени во библиотеката Cochrane. На секои 1000 луѓе кои земале стандардна доза дулоксетин, 43,5% доживеале барем 50% олеснување на болката во споредба со 28,7% од оние кои примале плацебо. Повеќе од 33% од светската популација доживува хронична болка. Хроничната болка се дефинира како било кој тип на болка која трае повеќе од 3 месеци и може да влијае на благосостојбата, расположението и способноста за работа и извршување на секојдневните задачи.

Главните класи на антидепресиви се селективни инхибитори на повторно земање на серотонин (SSRIs), инхибитори на повторно земање на норепинефрин (SNRI) и трициклични антидепресиви (TCAs). Истражувачите сугерираат дека антидепресивите можат ефикасно да ги подобрат симптомите на хронична болка бидејќи расположението и болката може да се регулираат со лекови кои имаат сличен механизам на дејство. Со спроведената метаанализа, истражувачите сакале да ја оценат ефикасноста и безбедноста на анитдепресивите кај возрасни со хронична болка и кои се несаканите ефекти што ги предизвикуваат. Анализата опфатила 176 студии, од кои повеќето биле плацебо-контролирани, со вкупно 28.664 учесници.

Најчестите состојби на хронична болка вклучени во студиите биле фибромијалгија, невропатска болка и мускулно-скелетна болка. Прегледот опфатил 74 студии кои ги проценувале SNRI за хронична болка, 72 кои ги оценувале трицикличните антидепресиви и 34 студии кои ги оценувале SSRIs. Најчестите испитувани антидепресиви биле TCA-амитриптилин
(Elavil, Vanatrip), SNRI- дулоксетин и SNRI-милнаципран (Savella, Dalcipran, Toledomin). По прегледот, дулоксетин бил единствениот антидепресив за кој истражувачите изразиле сигурност за лекување на хронична болка. Утврдено е дека милнаципран ја намалува хроничната болка но, сепак, имало помалку луѓе и студии кои ги потврдиле овие ефекти.

Податоците исто така покажале дека пациентите кои примиле повисока доза на дулоксетин не добиле дополнителни придобивки од стандардната доза од 60 mg. Истражувачите не биле сигурни дека некој од антидепресивите постигнал безбедносни резултати. Студијата вклучува и некои ограничувања. Истражувачите имале мала доверба во резултатите од ефикасноста на кој било антидепресив со исклучок на дулоксетин. Дополнително, постоела мала сигурност за антидепресивите за долгорочно олеснување на болката, бидејќи немало веродостојни докази за нивната безбедност на краток или долг рок.

References:

1. Birkinshaw H, Friedrich C, Cole P, et al. Antidepressants for pain management in adults with chronic pain: a network meta‐analysis. Cochrane Library. Last accessed May 11, 2023.
doi.org/10.1002/14651858.CD014682.pub2

Споделете

 

Поврзани новости

Најава на корисник

Заборавено корисничко име или лозинка? Не сте член? Кликнете тука за регистрација