Kancer

Значењето и улогата на фармацевтот во идентификација на потенцијални лек- микронутриенти интеракции и контраиндикации на употребата на диететски суплементи

Значењето и улогата на фармацевтот во идентификација на потенцијални лек- микронутриенти интеракции и контраиндикации на употребата на диететски суплементи

Постои недостаток на клинички докази во однос на бенефитот или ризикот од употребата на додатоци на исхрана за пациентите со канцер, веројатно како резултат на неконзистентност или недостаток на медицински совети од повеќето од клиничарите за употребата на диететските суплементи.19

Фармацевтите во аптеките имаат значајна улога во идентификација на потенцијални лек- микронутриенти интеракции и контраиндикации на употребата на диететски суплементи. Пример, одредени диетески суплементи потенцијално предизвикаат реакции на сензитивност на кожата и кожни реакции од тежок облик кога се употребуваат во тек на третманот со радијација и пациентите задолжително треба да бидат предупредени за овој проблем.32

Фармацевтите во аптека се во идеална позиција за едукација на пациентите, придонесувајќи за правилен избор на диететски суплементи, обезбедување на информации за пациентите со дијагностицирана малигна болест, особено тие што веќе примаат хемотерапија или се на третман со радијација.

Експертските водичи публикувани од страна на The American Cancer Society, The American Institute for Cancer Research и The World Cancer Research Fund упатуваат препораки фокусирани на намалување или избегнување на употребата на диететски суплементи кај пациентите со канцер, а потребните микронутриенти да се внесуваат со исхраната тогаш кога е возможно.

Постои широка научна дебата во однос на ефикасност и безбедноста при употребата на диететски антиоксидансни суплементи во тек на конвенционалната хемотерапија и радијација.19-21,25,26 Употребата на антиоксиданси е евалуирана кај пациенти со канцер, примарно за да се одреди нивниот протективен ефект насочен кон подобрување на терапевтскиот исход кај пациентите и намалување на оксидативното оштетување како резултат на анти- канцер терапија и доза- лимитирачката токсичност на терапијата.19 Спроведените рандомизирани клинички студии демонстрирале дека коадминистрацијата на антиокасиданси при хемотерапија или радијација ги намалува несаканите реакции асоцирани со третманот26 и ги заштитува здравите ткива од штетните ефекти на хемотерапијата или радијацијата, без притоа да се намали терапискиот ефект на антиканцер терапијата.26 Иако, резултатите поврзани со употребата на антиокасидансите посочуваат дека овие препарати потенцијално имаат позитивно влијание на третманот, сепак не постојат доволно клинички податоци кои го поткрепуваат исходот од нивната употреба.19 Земајки предвид дека кај пациенти со канцер често се јавува дефицит на витамин D, во тек се клиничките студии од фаза III кои го истражуваат ефектот на витамин D врз исходот, како и идеалниот внес на витамин D и калциум за одржување на коските.19

Според The National Cancer Institute, хербалните препарати како жолт кантарион (Hypericum perforatum), екстракти од лук (Allium sativum L) и ехинацеа (Echinacea spp.) се примери на суплементи кои потенцијално стапуваат во интеракција со фармакокинетиката на хемотерапевтските агенси (табела бр. 1).29-31 Дополнително, препаратите кои содржат жен шен (Panax ginseng) и зелен чај (Camellia sinensis) се асоцирани со токсичност и интеракција со голем број на лекови, вклучувајќи ги и хемотерапевтските агенси.29 Во неодамна спроведената студија на пациенти со оваријален карцином е одредено дека 40% од пациентите се во ризик од интеракција помеѓу суплементи и хемотерапија (табела бр. 2).29, 32

Табела бр. 1 Резултати од спроведените клинички студии
Бета- каротен Потенцијало го зголемува ризикот од карцином на белите дробови и стомакот19,25

Потенцијално ја редуцира токсичноста на радијацијата кај пациенти со карцином на глава и врат.19

Потенцијално го зголемува ризикот од релапс кај пациенти со карцином коишто се пушачи.19

Големи дози на витамин Е Потенцијално го зголемуваат ризикот од карцином на простата и колоректален аденом19,25

Потенцијално ја редуцираат токсичноста на радијацијата кај пациенти со карцином на глава и врат.19

Потенцијално го зголемуваат ризикот од релапс кај пациенти со карцином коишто се пушачи. 19

Селен Ниски дози го намалуваат ризикот од карцином на бели дробови и желудник, додека пак високи дози ја зголемуваат инциденцата на канцер кај пациентите19,25
Големи дози на антиоксиданси Според Lawenda et al 2008, употребата на антиоксиданси во комбинација со хемотерапија и радијација манифестира заштитно дејство врз канцер клетките и го редуцира преживувањето на пациентите.26
Големи дози на витамин С Потенцијално интерферираат со радиотерапијата, додека пак некои од суплементите го зголемуваат ризикот од крварење во тек на хируршка интервенција.11,27
Суплементи со рибино масло Според студијата спроведена во 2015, публикувана во The Journal of the American Medical Association, овие суплементи потенцијално ја редуцираат ефективноста на хемотерапијата како резултат на зголемување на резистентноста на канцер клетките.28

 

Од друга страна, истражувањата посочуваат дека диететските суплементи потенцијално придонесуваат во менаџирањето на одредени несакани реакции асоцирани со хемотерапијата.32 Пример, американскиот гинсенг (Panax quinquefolius) и корен од астрагалус (Astragalus membranaceus), коишто често се употребуваат во традиционалната кинеска медицина, потенцијално придонесуваат за намалување на замор, што е несакана реакција асоцирана со хемотерапијата.32

Суплементи како глутамин, витамин В6, витамин Е и омега- 3 масни киселини се евалуирани и идентификувани како потенцијални тераписки опции во третман на периферна невропатија, тогаш кога е соодветно. Во секој случај, дополнителни истражувања со потребни.32

 

Табела бр. 2 Примери на потенцијални интеракции на лековите со диететските суплементи30,31
Суплементи Интеракции
Аскорбинска киселина Резултатите од студиите спроведени на животни демонстрираат дека употребата на аскорибнска киселина ја редуцира биолошката активност на bortezomib
Цимицифуга (Cimicifuga racemosa) Потенцијално ги редуцира липидите во крвната плазма и ја зголемува апсорпцијата и токсичноста на tamoxifen
Коензим Q10 Потенцијално интерферира со ефикасноста на хемотерапијата
Ехинацеа (Echinacea spp.) Потенцијално интерферира со функцијата на имуниот систем
Лук (Allium sativum L) Потенцијално го зголемува ризикот од крварење кај пациентите со карцином кои примаат антикоагуланси
Жолт кантарион (Hypericum perforatum) Потенцијално ја намалува апсоропцијата на хемотерапевтските агенси irinotecan и imatinib

 

Фармацевтите треба да ги охрабрат пациентите и да воспостават отворена комуникација и консултација за употребата на диетеските суплементи, пред да започнат со истата особено во тек на хемотерапија и радијација. Мора да им биде посочено дека суплементите треба да се употребуваат единствено под надзор на онколог и само во препорачаната дневна доза бидејќи доказите за безбедност и бенефит на суплементите кај луѓе се лимитирани. 33

Директни совети за пациентите со дијагностицирани малигни заболувања

  • Секогаш дискутирајте ја употребата на диететски суплементи со антиоксидативно дејство со матичниот лекар во комбинација со хемотерапија, бидејќи нивната употреба потенцијално влијае врз ефикасноста на хемотерапевтските агенси.
  • Секогаш разговарајте со онколог пред започнување на употребата на диететски суплементи, со цел избегнување на интеракции и/ или контраиндикации;
  • Агенцијата за лекови и медицински помагала во Р. Македонија, како и Агенцијата за храна и лекови во САД (Food and Drug Administration) не ги регулираат диететските суплементи. Секогаш осигуратеј се за квалитетот на диететскиот суплемент пред употреба;
  • Клиничките докази демонстрираат дека диететските суплементи не се лек за карциноми;

Референци:

  1. Statistics for different kinds of cancer. CDC website. cdc.gov/cancer/dcpc/data/types.htm. Updated June 26, 2017. Accessed November 23, 2017.
  2. Carr AC, Vissers MC, Cook JS. The effect of intravenous vitamin C on cancer- and chemotherapy-related fatigue and quality of life. Front Oncol. 2014;4:283. doi: 10.3389/fonc.2014.00283.
  3. Sood A, Sood R, Brinker FJ, Mann R, Loehrer LL, Wahner-Roedler DL. Potential for interactions between dietary supplements and prescription medications. Am J Med. 2008;121(3):207-211. doi: 10.1016/j.amjmed.2007.11.014.
  4. Academy of Nutrition and Dietetics. Comments to NIH office of dietary supplements strategic plan progress report. eatrightpro.org/resource/news-center/on-the-pulse-of-public-policy/regulatory-comments/comments-to-nih-office-of-dietary-supplements-re-strategic-plan-progress-report. Published March 5, 2017. Accessed November 23, 2017.
  5. Dietary supplements and cancer treatment: a risky mixture. National Cancer Institute website. cancer.gov/about-cancer/treatment/research/dietary-supplements. Published August 11, 2009. Accessed November 23, 2017.
  6. Richardson MA, Sanders T, Palmer JL, Greisinger A, Singletary SE. Complementary/alternative medicine use in a comprehensive cancer center and the implications for oncology. J Clin Oncol.2000;18(13):2505-2514. doi: 10.1200/JCO.2000.18.13.2505.
  7. Farina EK, Austin KG, Lieberman HR. Concomitant dietary supplement and prescription medication use is prevalent among US adults with doctor-informed medical conditions. J Acad Nutr Diet. 2014;114(11):1784-1790.e2. doi: 10.1016/j.jand.2014.01.016.
  8. Bailey RL, Gahche JJ, Miller PE, Thomas PR, Dwyer JT. Why US adults use dietary supplements. JAMA Intern Med. 2013;173(5):355-361. doi: 10.1001/jamainternmed.2013.2299.
  9. Velicer CM, Ulrich CM. Vitamin and mineral supplement use among US adults after cancer diagnosis: a systematic review. J Clin Oncol. 2008;26(4):665-673. doi: 10.1200/JCO.2007.13.5905.
  10. Ferrucci LM, McCorkle R, Smith T, Stein KD, Cartmel B. Factors related to the use of dietary supplements by cancer survivors. J Altern Complement Med. 2009;15(6):673-680. doi: 10.1089/acm.2008.0387.
  11. Wong LYE, Leung PC, Tang JL, Mercer SW. Use of dietary supplements by breast cancer patients undergoing conventional cancer treatment. Patient Prefer Adherence. 2010;4:407-414. doi: 10.2147/PPA.S13639.
  12. Owens B. A test of the self-help model and use of complementary and alternative medicine among Hispanic women during treatment for breast cancer. Oncol Nurs Forum. 2007;34(4):E42-E50. doi: 10.1188/07.ONF.E42-E50.
  13. diGianni LM, Garber JE, Winer EP. Complementary and alternative medicine use among women with breast cancer. J Clin Oncol. 2002;20(suppl 18):34S-38S.
  14. Redd WH, Montgomery GH, DuHamel KN. Behavioral intervention for cancer treatment side effects. J Natl Cancer Inst. 2001;93(11):810-823.
  15. Boon HS, Olatunde F, Zick SM. Trends in complementary/alternative medicine use by breast cancer survivors: comparing survey data from 1998 and 2005. BMC Womens Health. 2007;7:4. doi: 10.1186/1472-6874-7-4.
  16. Lee RT, Barbo A, Lopez G, et al. National survey of US oncologists’ knowledge, attitudes and practice regarding herb and supplement use by patients with cancer. J Clin Oncol. 2014;32(36):4095-4101. doi: 10.1200/JCO.2014.55.8676.
  17. Herbal and dietary supplements can adversely affect prescribed drugs, says extensive review. ScienceDailysciencedaily.com/releases/2012/10/121024101754.htm. Published October 24, 2012. Accessed November 23, 2017.
  18. Boullata JI, Barber JR. A perspective on drug-nutrient interactions. In: Boullata JI, Armenti VT, eds. Handbook of Drug Nutrient Interactions. Totowa, NJ: Humana Press; 2004.
  19. Harvie M. Nutritional supplements and cancer: potential benefits and proven harms. Am Soc Clin Oncol Educ Book. 2014:e478-486. doi: 10.14694/EdBook_AM.2014.34. e478.
  20. Rock CL, Doyle C, Demark-Wahnefried W, et al. Nutrition and physical activity guidelines for cancer survivors. CA Cancer J Clin. 2012;62(4):243-274. doi: 10.3322/caac.21142.
  21. Cancer survivors. World Cancer Research Fund International website. wcrf.org/int/research-we-fund/cancer-prevention-recommendations/cancer-survivors. Accessed November 23, 2017.
  22. Zirpoli GR, Brennan PM, Hong CC, et al. Supplement use during an intergroup clinical trial for breast cancer (S0221). Breast Cancer Res Treat. 2013;137(3):903-913. doi: 10.1007/s10549-012-2400-2.
  23. Fortmann SP, Burda BU, Senger CA, Lin JS, Whitlock EP. Vitamin and mineral supplements in the primary prevention of cardiovascular disease and cancer: an updated systematic evidence review for the U.S. Preventive Services Task Force. Ann Intern Med. 2013;159(12):824-834. doi: 10.7326/0003-4819-159-12-201312170-00729.
  24. Richardson MA, Sanders T, Palmer JL, Greisinger A, Singletary SE. Complementary/alternative medicine use in a comprehensive cancer center and the implications for oncology. J Clin Oncol. 2000;18(13):2505-2514. doi: 10.1200/JCO.2000.18.13.2505.
  25. Dolara P, Bigagli E, Collins A. Antioxidant vitamins and mineral supplementation, life span expansion and cancer incidence: a critical commentary. Eur J Nutr. 2012;51(7):769-781. doi: 10.1007/s00394-012-0389-2.
  26. Lawenda BD, Kelly KM, Ladas EJ, Sagar SM, Vickers A, Blumberg JB. Should supplemental antioxidant administration be avoided during chemotherapy and radiation therapy? J Natl Cancer Inst. 2008;100(11):773-783. doi: 10.1093/jnci/djn148.
  27. Appadurai IR, Hanna CL. Concerns with complementary and alternative medicines. Eur J Anaesthesiol. 2006;23(5):441-442. doi: 10.1017/S0265021506220283.
  28. Daenen LG, Cirkel GA, Houthuijzen JM, et al. Increased plasma levels of chemo resistance-inducing fatty acid 16:4(n-3) after consumption of fish and fish oil. JAMA Oncol. 2015;1(3):350-358. doi: 10.1001/jamaoncol.2015.0388.
  29. Furlow B. Understanding the interaction between food and treatment. Oncol Nurs Adv. oncologynurseadvisor.com/chemotherapy/understanding-the-interaction-between-food-and-treatment/article/177852/2/. Published August 1, 2010. Accessed November 23, 2017.
  30. McCune JS, Hatfield AJ, Blackburn AA, Leith PO, Livingston RB, Ellis GK. Potential of chemotherapy-herb interactions in adult cancer patients. Support Care Cancer. 2004;12(6):454-462. doi: 10.1007/s00520-004-0598-1.
  31. Andersen MR, Sweet E, Lowe KA, Standish LJ, Drescher CW, Goff BA. Dangerous combinations: ingestible CAM supplement use during chemotherapy in patients with ovarian cancer. J Altern Complement Med. 2013;19(8):714-720. doi: 10.1089/acm.2012.0295.
  32. Risks and side effects of dietary supplements. American Cancer Society website. cancer.org/treatment/treatments-and-side-effects/complementary-and-alternative-medicine/dietary-supplements/risks-and-side-effects.html. Updated March 31, 2015. Accessed November 25, 2017.
  33. Bauer A; American Society of Clinical Oncology staff. 5 things you should know about herbs and supplements. Cancer.Net website. cancer.net/blog/2015-04/5-things-you-should-know-about-herbs-and-supplements. Published April 16, 2015. Accessed November 23, 2017.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.