COPD

Значајноста на испитувањето на CRP во третман на акутна егзацербација на хронична опструктивна белодробна болест

Значајноста на испитувањето на CRP во третман на акутна егзацербација на хронична опструктивна белодробна болест

Евалуација на С реактивен протеин (CRP) придонесува за редукција на нерационалната употреба на антибиотици кај пациенти со егзацербација на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) во рамките на примарната здравствена заштита.

CRP е протеин од акутна фаза на воспаление што претставува релевантен биомаркер во проценка на акутна егзацербација на ХОББ. Испитувањето на нивоата на CRP придонесува за рационално пропишување на антибиотици, а со тоа и за превенција на антимикробна резистентност и унапредување на терапевтскиот исход кај пациентите.

За целите на евалуација на пропишувањето на антибиотици во третман на акутна егзацербација на ХОББ во рамките на примарна здравствена заштита, спроведена е мултицентрична, рандомизирана, контролирана студија, во која биле вклучени пациенти што побарале медицинска грижа за акутна егзацербација на ХОББ, дефинирана како присуство на најмалку еден критериум по Anthonisen (диспнеа, зголемен волумен на спутум и присуство на пурулентен спутум). Пациентите биле групирани во две групи: едната група пациенти биле подложени на медицински третман заснован врз испитување на CRP (325), а другата група пациенти биле подложени на вообичаен медицински третман (324).

За евалуација на употребата на антибиотици и здравствени исходи асоцирани со ХОББ, истражувачите користеле две примарни мерливи точки: пријавена употреба на антибитоци во третман на акутна егзацербација на ХОББ од страна на пациентот во тек на 4 недели од рандомизацијата и здравствен статус асоциран со ХОББ 2 недели после рандомизацијата. За таа цел бил применет клинички прашалник (Clinical COPD Questionnaire).

Употребата на антибиотици била евалуирана после 4 недели и било утврдено дека помал број на пациенти кај кои биле испитани нивоата на CRP примале антибиотици во споредба со другата група на пациенти (57,0% vs 77,4%; прилагодена бројна пропорција (adjusted odds ratio, aOR), 0,31; 95% интервал на доверба, 0.20 – 0.47). Дополнително, веројатноста за употреба на антибиотици била помала кај пациентите кои презентирале два или три критериуми по Anthonisen доколку кај нив биле испитани нивоата на CRP.

Овие наоди се јасна потврда за значајноста на испитувањето на CRP како дијагностички тест што помага при донесување на правилна одлука дали да се пропише антимикробна терапија кај пациент со акутна егзацербација на ХОББ во рамките на примарната здравствена заштита. Исто така, наодите од оваа студија посочуваат начин за намалување на пропишувањето на антибиотици без да се компромитираат клиничките исходи кај пациентите.

Студијата не дава податоци за кои пациентите ќе имаат придобивки од антимикробна терапија или кои антибиотици се најоптимален избор во третманот на акутна егзацербација на ХОББ.

Референца:

  1. Christopher C. Butler, David Gillespie, Patrick White, Janine Bates, Rachel Lowe, Emma Thomas-Jones, Mandy Wootton, Kerenza Hood, Rhiannon Phillips, Hasse Melbye, Carl Llor, Jochen W.L. Cals, et al. (2019). C-Reactive Protein Testing to Guide Antibiotic Prescribing for COPD Exacerbations. N. Engl. J. Med. 381:111-120. DOI:10.1056/NEJMoa1803185.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.