Националниот фармакоинформативен центар (НФИЦ) е основан во 1997 година на Фармацевтскиот факултет-Скопје во соработка со Министерството за здравство на Р.Македонија и Проекната единица на Светската банка за реформи во здраството како високо професионален и стручен информативен сервис на здравствените работници од примарната, секундарната и терциерната здравствена заштита. Основните активности на НФИЦ се услужна, едукативна и научно – истражувачка дејност.
Основна цел на овој центар се состои во обезбедување објективни, релевантни информации за сите аспекти на примената на лековите (идентификација и паралели на лековите, дози и начин на употреба, фармакокинетика, тераписка ефикасност, интеракции
на лековите, индикации, контраиндикации, лек од избор, рационална употреба на лекови). Објективните, независните и клинички потврдени информации се нужна потреба за секој здравствен работник без разлика на професионалните задачи што ги извршува. Посебно внимание се посветува на едукацијата и подигањето на свеста кај пациентите и здравствените работници во областите на постмаркетиншки следења на безбедност на лекови, евалуација на потрошувачката на лекови и рационална фармакотерапија.
Современите предизвици на кои се посветува тимот на НФИЦ се насочени кон сѐ поголема имплементација на информатички технологии во фармацевтската пракса кои би овозможиле подобра и побезбедна фармакотерапија за пациентите во Р. Македонија, нивна подобра информираност за лековите и другите фармацевтски производи. Негувањето и продлабочувањето на соработката со фармацевтските компании е исто така еден од приоритетите на нашиот тим.

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.