1

Вакцини и лекови во фаза на испитување и развој за третман и превенција од COVID-19

До сега клинички не е докажана ефикасноста на ниту еден лек во третманот на инфекција со COVID-19. Во моментот,клиничката пракса вклучува мерки за превенција и контрола на инфекцијата  вклучително терпија со кислород и механичка вентилација кога тоа е потребно. Бројни антивирусни лекови, имунотерапии и вакцини се во фаза на испитување и развој како потенцијални терапии за третман и превенција од COVID-19.

 

Вакцини                                              

Започната е фаза I на клиничкa студија за испитување на потенцијална вакцина за превенција од COVID-19 инфекција, во Kaiser Permanente Washington Health Research Institute (KPWHRI) во Сиетл, Америка. Клиничката студија вклучува 45 здрави доброволци  на возраст од 18 до 55 години. Оваа студија е со цел проценка на безбедностa и  ефикасноста за предизвикување на имун одговор, со испитување на различни дози од експерименталната вакцина. Вакцината е наречена mRNA-1273 која кодира форма на SARS-CoV-2 spike (S) протеин и истата е развиена од страна на научниците на National Institute of Allergy and Infectious Diseases (NIAID)  во соработка со биотехнолошката компанија Moderna, Inc. Оваа вакцина покажала ветувачки резултати кај моделите на животни, а во тек е првото испитување кај луѓе.

Антивирусни лекови

Remdesivir

Remdesivir (Gilead Sciences, Inc) е  нуклеотиден аналог со широк спектар на антивирусно дејство за кој се покажало дека ја инхибира репликацијата на други коронавируси поврзани со висок морбидитет, вклучувајќи тежок акутен респираторен синдром коронавирус (SARS-CoV) во 2003 година и  MERS-CoV во 2012 година. Во тек се неколку клинички испитувања во фаза III за тестирање на remdesivir за употреба кај пациенти со COVID-19 во САД, Јужна Кореја и Кина.

 

Lopinavir/ritonavir

Lopinavir/ritonavir во комбинација со интерферон бета (IFNb) се покажало дека ги подобрува клиничките параметри кај примати заразени со MERS-CoV. Оваа комбинација не покажала ветувачки резултати за третман на хоспитализирани пациенти со COVID-19 со пневмонија во неодамнешно клиничко испитување во Кина. Оваа студија се покажала како недоволна поради што lopinavir/ritonavir е во фаза на испитување во студија на Светската здравствена организација.

Во ин витро студија remdesivir во комбинација со IFNb покажал  супериорна антивирусна активност во однос на lopinavir/ritonavir.

Rintatolimod

Rintatolimod e aгонист на toll-like рецептор 3 (TLR-3) со широк спектар на антивирусно дејство. Rintatolimod  е тестиран за потенцијален третман на COVID-19 од страна на  National Institute of Infectious Diseases (NIID) во Јапонија и Универзитетот во Токио.

Останати антивирусни лекови кои се истражуваат за ефикасност против COVID-19 се azvudine  (нуклеозиден инхибитор на реверзна транскриптаза), danoprevir (NS3 / 4A HCV протеаза инхибитор), plitidepsin ( таргетира EF1A) и favipiravir (инхибитор на вирусна RNA полимераза).

Имуномодулатори и други терапии во фаза на истражување

Инхибитори на интерлеукин-6

Интерлеукин-6 (IL-6) е цитокин со значајни функции во регулацијата на имуниот систем.                  Се претпоставува дека IL-6 инхибитори може да го подобрат сериозното оштетување на ткивото на белите дробови предизвикано од ослободување на цитокини кај пациенти со сериозни инфекции на COVID-19.

На 16 март 2020 година, компаниите Sanofi and Regeneron најавија започнување на фаза II/III од студијата за IL-6  инхибитор sarilumab (Kevzara) со седиште во Америка. Оваа мултицентрична, двојно-слепа, фаза II/III студија  е поделена во два дела со вклучување до 400 пациенти. Првиот дел ќе вклучи пациенти со тешка COVID-19 инфекција и ќе го оцени ефектот на sarilumab во сотојба на грозница и треска и потреба од терапија со кислород. Вториот, поголем дел од студијата ќе го оценува подобрување на долгорочните исходи, вклучително спречување на смрт и намалување на потребата за механичка вентилација, дополнителен кислород и / или хоспитализација.

Genentech, производител на друг инхибитор на IL-6, tocilizumab (Actemra), е во координација со FDA за иницирање на рандомизирана, двојно слепа, плацебо контролирана фаза III клиничка студија во соработка со BARDA со цел да се процени безбедноста и ефикасноста на tocilizumab за третман на хоспитализирани возрасни пациенти со COVID-19 инфекција и тешка пневмонија во споредба со плацебо.

 

Hydroxychloroquine и chloroquine

Hydroxychloroquine и chloroquine се широко користени лекови против маларија кои предизвикуваат имуномодулаторни ефекти и затоа се користат и за лекување на автоимуни состојби (на пр. системски еритематозен лупус, ревматоиден артритис, porphyria cutanea tarda). Објавените извештаи кои произлегуваат од појавата на COVID-19 ја проценуваат можната корист на овие лекови во контролирање на ослободување на цитокини кај болни пациенти во критична состојба. Двaта лека покажале ин витро активност против SARS-CoV, SARS-CoV-2 и други коронавируси, при што hydroxychloroquine покажал релативно поголема моќност против SARS-CoV-2.

Кортикостероиди

Во Вухан, Кина била спроведена студија во која се опишани клинички исходи на пациенти дијагностицирани со COVID-19 (N = 201). 84 пациенти (41,8%)  развиле  акутен респираторен дистрес синдром од кои 44 пациенти (52,4%) починале. Кај пациентите со акутен респираторен дистрес синдром, третманот со methylprednisolone  го намалил ризикот од смрт (HR, 0,38; 95% CI, 0.20-0.72).

Проспективна студија е планирана со цел да се проучи клиничкото подобрување кај пациенти третирани со methylprednisolone IV.

 

Азотен оксид

Објавените наоди од инфекцијата SARS-CoV во 2004 година  укажуваат на потенцијална улога на инхалационен азотен оксид (iNO; Mallinckrodt Pharmaceuticals, plc) како супортивна терапија во третман на инфекција кај пациенти со белодробни компликации. Третманот со iNO покажал подобрување на пулмоналната хипертензија и тешка состојба на хипоксија во споредба со пациентите од контролна контрола со SARS.

Во тек е фаза II студија за iNO кај пациенти со COVID-19 со цел да оцени ефикасноста во спречување на прогресија на заболување кај пациенти со тешка форма на акутен респираторен дистрес синдром.

 

REFERENCES:

 

  1. CORONAVIRUS DISEASE 2019 (COVID-19) TREATMENT & MANAGEMENT, updated on March 24, 2020.

David J Cennimo, MD, FAAP, FACP, AAHIVS Assistant Professor of Medicine and Pediatrics, Adult and Pediatric Infectious Diseases, Rutgers New Jersey Medical School.

https://emedicine.medscape.com/article/2500114-treatment

 

  1. NIH CLINICAL TRIAL OF INVESTIGATIONAL VACCINE FOR COVID-19 BEGINS

Study enrolling Seattle-based healthy adult volunteers, published on March 16, 2020.

https://www.nih.gov/news-events/news-releases/nih-clinical-trial-investigational-vaccine-covid-19-begins

 

  1. INFORMATION FOR CLINICIANS ON THERAPEUTIC OPTIONS FOR COVID-19 PATIENTS,published on March 21, 2020.

Content source: National Center for Immunization and Respiratory Diseases (NCIRD)Division of Viral Diseases.

https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/hcp/therapeutic-options.html

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.