Inhaled Corticosteroids

Употребата на инхалаторни кортикостероиди се поврзува со намален ризик за карцином на белите дробови кај пациенти со ХОБЗ

Употребата на инхалаторни кортикостероиди се поврзува со намален ризик за карцином на белите дробови кај пациенти со ХОБЗ

Инхалаторните кортикостероиди се класа на лекови често пропишувани кај пациенти дијагностицирани со хронично опструктивно белодробно заболување (ХОБЗ). Оваа класа на лекови се основа во третманот на пациентите со историја на фрекфентни егзацербации, а нивната главна улога е во намалување на инфламацијата. Неодамнешна студија публикувана во списанието European Respiratory Journal посочува дека употребата на инхалаторните кортикостероиди е поврзана со уште една придобивка – намалување на ризикот од карцином на белите дробови и редукција на ризикот за морталитет дури и до 30%.

Истражувачите предводени од University of British Columbia ги анализирале медицинските и фармацевтските податоци во текот на една деценија за речиси 40.000 возрасни лица во Британска Колумбија (Канада), на кои им била дијагностицирана ХОБЗ. Од нив, 994, подоцна биле дијагностицирани и со карцином на белите дробови. Просечната возраст на пациентите вклучени во кохорт студијата била 70,7 години, од кои 53% биле пациенти од женски пол.

Биле споредени исходите и податоците од лицата кои земале инхалаторни кортикостероиди наспроти оние кои им била пропишана монотерапија со бета-агонисти за третирање на ХОБЗ. Додека бета-агонистите, кои ги релаксираат белодробните мускули за да ги прошират дишните патишта, обично се прва линија на третман за ХОБЗ, кортикокстероидите, кои го намалуваат бројот на еозинофили во белите дробови, често се препишуваат во потешките случаи. Резултатите посочуваат дека континуираната употреба на инхалаторни кортикостероиди го намалува ризикот за малигнитет на белите дробови за 25 до 30% (HR, 0,70, 95% CI, 0,61-0,80).

Севкупно, неопходни се дополнителни истражувања за да се разбере точната природа на односот помеѓу ризикот од карицном на белите дробови и употребата на кортикостероиди, како и стратификација и карактеризација на пациентите со ХОБЗ кои би имале најголема корист од терапијата со инхалаторни кортикостероиди.

Референца:

  1. Raymakers, A.J.N., Sadatsafavi,M., Sin, D.D., FitzGerald, J.M., Marra, C.A., Lynd, L.D., 2019. Inhaled corticosteroids and the risk of lung cancer in chronic obstructive pulmonary disease (COPD): a population-based cohort study. European Respiratory Journal. 53(6). DOI: 10.1183/13993003.01257-2018

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.