20180222110349

Употребата на диететски суплементи кај пациенти со дијагностициран карцином

Најголемиот дел од пациентите со дијагностицирана малигна болест, како последица на хемотерапијата и радијацијата манифестираат симптоми на несакани реакции.2  Несаканите реакции кои вклучуваат: губење на апетитот, наузеја и повраќање, влијаат врз квалитетот на живот на пациентите и придонесуваат пациентите да започнат со употреба на диететски суплементи со цел зголемување на енергијата и апетитот и подобрување на функцијата на имуниот систем.2 Повеќе од 80% од пациентите со хронична дијагноза или канцер употребуваат диететски суплементи, вклучувајки и суплементи со анксиолитично дејство за намалуање на стресот и анксиозноста поврзани со напредната фаза на болеста.11-15

Во аптеките има голема палета на диететски суплементи формулирани како еднодозни препарати, комбинација од две или повеќе активни супстанции, мултивитамини/ минерали или природни суплементи, па затоа изборот на суплементи претставува потешкотија за пациенти коишто веќе примаат анти- канцер терапија. Од друга страна, примената на суплементите во комбинација со мултипла анти- канцер терапија го зголемува ризикот од лек- суплементи интеракции.17 Ваков тип на интеракции се сметаат за клинички значајни само доколку влијаат на терапискиот одговор на анти- канцер терапијата или го компромитираат нутрицискиот статус и општото здравје на пациентот.18 Иако, додатоците на исхрана се генерално безбедни тогаш кога се употребуваат правилно, повеќето од пациентите не се предупредени за потенцијалните интеракции со други лекови или контраиндикации и понекогаш земаат поголема доза од препорачаната дневна доза (ПДД).

 

Во текот на последните неколку години, беа спроведени голем број на клинички студии во кои се евалуира фрекфенцијата и безбедноста при употреба на диететски суплементи кај пациентите со карцином како и ризикот за интеракции помеѓу хербалните препарати и/ или диететските суплементи и хемотерапијата и/ или радијацијата.5  Резултатите од публикуваната студија во The Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics посочуваат дека пациентите со канцер се подложни да земат диететски суплементи во комбинација со пропишаните лекови 2.5 пати повеќе од пациентите без дијагностицирана одредена медицинска состојба.4,7 Помеѓу 14- 32% од индивиуите започнуваат со употреба на диететски суплементи веднаш после дијагностицирање на канцер со цел да го подобрат своето здравје, нутрициски статус и редукција на несаканите реакции асоцирани со анти- канцер терапијата.7,9,10 Според добиените резултати, повеќе од 80% од пациентите со канцер употребуваат диететски суплементи, вклучувајќи и комплементарна и алтернативна медицина, а приближно 75% од нив при употребата на суплементи не се консултираат со онколог или матичен лекар.6,11,24

Дополнително, истражувањата покажуваат дека помалку од 50% од онколозите ги дискутираат ризикот и бенефитот од употребата на диететски суплементи со пациентите16 додека пак само 23% од диететските суплементи се пријавени дека се употребуваат според препораки од лекар или друг здравствен работник.4,8

Податоците студијата The Intergroup Phase III Breast Cancer Chemotherapy Trial спроведена во период од 2003 и 2010 година посочуваат дека: прибрижно 48% од пациентите употребуваат мултивитамини; 20% употребуваат суплементи кои содржат витамин C и D и омега 3 масни киселини; 15% употребувале витамин Е, В6 и фолна киселина; и 34% употребувале калциум.19,22 Клиничарите советувале 33% од пациентите да почнат со употреба на диететски суплементи во тек на третманот, 10% од пациентите да прекинат со употребата на барем еден од додатоците на исхрана, 7% од пациентите да ја прекинат употребата на сите диететски суплементи освен мултивитамините, додека пак 51% од пациентите не добиле никаков совет.19,22 Најголемиот дел од клиничарите препорачуваат пациентите да употребуваат мултивитамини и минерали во ПДД, но податоците посочуваат дека приближно 33% од популацијата во САД и 50% од пациентите со канцер употребуваат диететски суплементи во поголеми дози од ПДД.19, 23

Референци:

 

    1. Statistics for different kinds of cancer. CDC website. cdc.gov/cancer/dcpc/data/types.htm. Updated June 26, 2017. Accessed November 23, 2017.
    1. Carr AC, Vissers MC, Cook JS. The effect of intravenous vitamin C on cancer- and chemotherapy-related fatigue and quality of life. Front Oncol. 2014;4:283. doi: 10.3389/fonc.2014.00283.
    1. Sood A, Sood R, Brinker FJ, Mann R, Loehrer LL, Wahner-Roedler DL. Potential for interactions between dietary supplements and prescription medications. Am J Med. 2008;121(3):207-211. doi: 10.1016/j.amjmed.2007.11.014.
    1. Academy of Nutrition and Dietetics. Comments to NIH office of dietary supplements strategic plan progress report. eatrightpro.org/resource/news-center/on-the-pulse-of-public-policy/regulatory-comments/comments-to-nih-office-of-dietary-supplements-re-strategic-plan-progress-report. Published March 5, 2017. Accessed November 23, 2017.
    1. Dietary supplements and cancer treatment: a risky mixture. National Cancer Institute website. cancer.gov/about-cancer/treatment/research/dietary-supplements. Published August 11, 2009. Accessed November 23, 2017.
    1. Richardson MA, Sanders T, Palmer JL, Greisinger A, Singletary SE. Complementary/alternative medicine use in a comprehensive cancer center and the implications for oncology. J Clin Oncol.2000;18(13):2505-2514. doi: 10.1200/JCO.2000.18.13.2505.
    1. Farina EK, Austin KG, Lieberman HR. Concomitant dietary supplement and prescription medication use is prevalent among US adults with doctor-informed medical conditions. J Acad Nutr Diet. 2014;114(11):1784-1790.e2. doi: 10.1016/j.jand.2014.01.016.
    1. Bailey RL, Gahche JJ, Miller PE, Thomas PR, Dwyer JT. Why US adults use dietary supplements. JAMA Intern Med. 2013;173(5):355-361. doi: 10.1001/jamainternmed.2013.2299.
    1. Velicer CM, Ulrich CM. Vitamin and mineral supplement use among US adults after cancer diagnosis: a systematic review. J Clin Oncol. 2008;26(4):665-673. doi: 10.1200/JCO.2007.13.5905.
    1. Ferrucci LM, McCorkle R, Smith T, Stein KD, Cartmel B. Factors related to the use of dietary supplements by cancer survivors. J Altern Complement Med. 2009;15(6):673-680. doi: 10.1089/acm.2008.0387.
    1. Wong LYE, Leung PC, Tang JL, Mercer SW. Use of dietary supplements by breast cancer patients undergoing conventional cancer treatment. Patient Prefer Adherence. 2010;4:407-414. doi: 10.2147/PPA.S13639.
    1. Owens B. A test of the self-help model and use of complementary and alternative medicine among Hispanic women during treatment for breast cancer. Oncol Nurs Forum. 2007;34(4):E42-E50. doi: 10.1188/07.ONF.E42-E50.
    1. diGianni LM, Garber JE, Winer EP. Complementary and alternative medicine use among women with breast cancer. J Clin Oncol. 2002;20(suppl 18):34S-38S.
    1. Redd WH, Montgomery GH, DuHamel KN. Behavioral intervention for cancer treatment side effects. J Natl Cancer Inst. 2001;93(11):810-823.
    1. Boon HS, Olatunde F, Zick SM. Trends in complementary/alternative medicine use by breast cancer survivors: comparing survey data from 1998 and 2005. BMC Womens Health. 2007;7:4. doi: 10.1186/1472-6874-7-4.
    1. Lee RT, Barbo A, Lopez G, et al. National survey of US oncologists’ knowledge, attitudes and practice regarding herb and supplement use by patients with cancer. J Clin Oncol. 2014;32(36):4095-4101. doi: 10.1200/JCO.2014.55.8676.
    1. Herbal and dietary supplements can adversely affect prescribed drugs, says extensive review. ScienceDaily. sciencedaily.com/releases/2012/10/121024101754.htm. Published October 24, 2012. Accessed November 23, 2017.
    1. Boullata JI, Barber JR. A perspective on drug-nutrient interactions. In: Boullata JI, Armenti VT, eds. Handbook of Drug Nutrient Interactions. Totowa, NJ: Humana Press; 2004.
    1. Harvie M. Nutritional supplements and cancer: potential benefits and proven harms. Am Soc Clin Oncol Educ Book. 2014:e478-486. doi: 10.14694/EdBook_AM.2014.34. e478.
    1. Rock CL, Doyle C, Demark-Wahnefried W, et al. Nutrition and physical activity guidelines for cancer survivors. CA Cancer J Clin. 2012;62(4):243-274. doi: 10.3322/caac.21142.
    1. Cancer survivors. World Cancer Research Fund International website. wcrf.org/int/research-we-fund/cancer-prevention-recommendations/cancer-survivors. Accessed November 23, 2017.
    1. Zirpoli GR, Brennan PM, Hong CC, et al. Supplement use during an intergroup clinical trial for breast cancer (S0221). Breast Cancer Res Treat. 2013;137(3):903-913. doi: 10.1007/s10549-012-2400-2.
    1. Fortmann SP, Burda BU, Senger CA, Lin JS, Whitlock EP. Vitamin and mineral supplements in the primary prevention of cardiovascular disease and cancer: an updated systematic evidence review for the U.S. Preventive Services Task Force. Ann Intern Med. 2013;159(12):824-834. doi: 10.7326/0003-4819-159-12-201312170-00729.
  1. Richardson MA, Sanders T, Palmer JL, Greisinger A, Singletary SE. Complementary/alternative medicine use in a comprehensive cancer center and the implications for oncology. J Clin Oncol. 2000;18(13):2505-2514. doi: 10.1200/JCO.2000.18.13.2505.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.