S

Улогата на фармацевтот во менаџмент на хронична опструктивна белодробна болест

Улогата на фармацевтот во менаџмент на хронична опструктивна белодробна болест

Едукацијата на пациентите е клучен составен дел од севкупниот менаџмент на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Фармацевтите имаат значајна улога во менаџментот на ХОББ. Отворена комуникација помеѓу фармацевт и пациент е круцијална, бидејќи пациентите кои се информирани и кои се вклучени во процесот на донесување на одлука повеќе се придржуваат до терапијата и активно ја менаџираат болеста.

Фармацевтите се во клучна позиција за едукација на пациентите преку следните пристапи:

  • Развој и имплементација на индивидуализиран план за здравствена грижа со основна цел унапредување на симптомите на ХОББ и превенција на егзацербација
  • Едукација на пациентите во однос на лековите и соодветната употреба на инхалатори
  • Мониторинг на употребата на инхалатори и техниката на инхалирање при секое подигање на лековите од аптека
  • Идентификација и решавање на проблеми и потешкотии со придржување кон терапијата, потешкотии во употребата на инхалатори, комплексен дозажен режим, несакани ефекти на терапијата и трошоци
  • Едукација на пациентите за навремено препознавање на симптоми на егзацербација
  • Едукација на пациентите за штетноста на пушењето на цигари
  • Промовирање на имунизација за превенција на респираторни болести (вакцина за превенција на инфлуенца и пневмококна вакцина)
  • Едукација и поддршка за придржување кон други индивидуализирани интервенции (терапија со кислород, соодветна нутриција, пулмонарна рехабилитација или антибиотици)

Правилната употреба на инхалаторите е од суштинско значење за ефикасноста на инхалаторните лекови. Истражувањата посочуваат дека скоро 85% од пациентите неправилно ги употребуваат инхалаторите. Затоа се препорачува советување на пациентите за правилна употреба на инхалатори преку едноставни инструкции, но и регуларна евалуација на нивната техника на употреба на инхалаторите.

При селекција на инхалатор за испорака на инхалаторните лекови треба да се земат предвид потребите, можностите и ограничувањата на секој пациент. Поголема е веројатноста за придржување кон терапијата кога инхалаторот е едноставен за употреба. Овој факт е особено важен за педијатриски пациенти, но и за геријатриски пациенти со нарушени психички и когнитивни функции што интерферираат со атхеренцијата кон терапијата и правилната техника на инхалирање. Идеално, пациентите може да ги примаат инхалаторните лекови со помош на слични помагала за инхалација. Употребата на различни инхалатори кои наметнуваат потреба од различни техники на инхалирање може да биде збунувачка и да придонесе за грешки во администрацијата. Доколку е потребно да се направи каква било терапевтска супституција што би резултира со промена на инхалаторот за администрација на лекот, тогаш фармацевтот треба да одреди дали пациентот може правилно да го употребува новиот инхалатор. И повторно да спроведе едукација.

Севкупно, едукацијата за правилна употреба на инхалатори треба да ги вклучи следните аспекти:

  • Демонстрирање на соодветна техника на инхалирање
  • Кога пациентот употребува metered-dose inhaler (MDI) треба да вдишува бавно и длабоко. Пред употреба MDIs треба иницијално полнење и протресување
  • Кога пациентот употребува dry-powder inhaler (DPI) треба да вдишува брзо и длабоко што ќе ја овозможи испораката на лекот во белите дробови. DPIs не треба да се протресуваат пред употреба
  • Советување за начинот на одржување на хигиена на делот за уста
  • Инхалаторот треба да се чува на собна температура. Не смее да се чува на премногу ладно или премногу топло
  • Едукација за разликите помеѓу инхалаторните лекови. Бронходилататорите ги релаксираат мазните мускули на дишните патишта и го олеснуваат дишењето. Бронходилататорот треба секогаш да се употребува пред инхалаторен кортикостероид. Инхалаторните кортикостероиди ја намалуваат инфламацијата на дишните патишта. После администрација на инхалаторен кортикостероид секогаш треба устата да се исплакни со вода (не смее да се голтни водата).

Референци:

  1. National Heart, Lung, and Blood Institute. COPD Learn More Breathe Better. Available at: http://www.nhlbi.nih.gov/health/public/lung/copd/index.htm. Accessed 11/2019.
  2. Centers for Disease Control and Prevention. Leading Causes of Death. Available at: http://www.cdc.gov/nchs/fastats/leading-causes-of-death.htm. Accessed 11/2019.
  3. Guarascio AJ, Ray SM, Finch CK, Self TH. The clinical and economic burden of chronic obstructive pulmonary disease in the USA. Clinicoecon Outcomes Res. 2013;5:235–45.
  4. Panettieri RA. Reducing Exacerbations in COPD. Available at: http://www.physiciansweekly.com/ reducing-exacerbations-in-copd. Accessed 11/2019.
  5. Global Initiative for Chronic Obstructive Lung Disease. GOLD 2017 Global Strategy for the Diagnosis, Management and Prevention of COPD. Available at: http://goldcopd.org/gold-2017-global-strategy-diagnosis-management-prev…. Accessed 11/2019.
  6. Han MK. Patient education: chronic obstructive pulmonary disease (COPD) treatments (Beyond the Basics). Available at: http://www.uptodate.com/contents/chronic-obstructive-pulmonary-disease-…. Accessed 11/2019.
  7. Luder HR, Frede SM, Kirby JA, et al. TransitionRx: impact of community pharmacy postdischarge medication therapy management on hospital readmission rate. J Am Pharm Assoc. 2015;55:246–54.
  8. Bourbeau J, Bartlett SJ. Patient adherence in COPD. Thorax. 2008;63:831–8.
  9. Restrepo RD, Alvarez MT, Wittnebel LD, et al. Medication adherence issues in patients treated for COPD. Int J Chron Obstruct Pulmon Dis. 2008;3:371–84.
  10. Barrons R, Pegram A, Borries A. Inhaler device selection: special considerations in elderly patients with chronic obstructive pulmonary disease. Am J Health System Pharm. 2011;68:1221–32.
  11. Hämmerlein A, Müller U, Schulz M. Pharmacist-led intervention study to improve inhalation technique in asthma and COPD patients. J Eval Clin Pract. 2011;17:61–70.
  12. Scichilone N, Benfante A, Bocchino M, et al. Which factors affect the choice of the inhaler in chronic obstructive respiratory diseases? Pulm Pharmacol Ther. 2015;31:63–7.
  13. Lareau SC, Yawn BP. Improving adherence with inhaler therapy in COPD. Int J Chron Obstruct Pulmon Dis. 2010;5:401–6.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.