2.

Тумор-насочена и имунотерапија за третман на рак

Еден од главните недостатоци на конвенционалната терапија за рак е ниската специфичност на хемотерапевтиците за клетките на ракот. Најголем дел од лековите делуваат како на тумор-ткиво така и на здравото ткиво резултирајќи со тешки несакани ефекти. Поради оваа причина се вложува голем напор во истражување на начинот за насочено делување на терапија за рак. Наночестичките имаат тенденција да се акумулираат во тумор-ткивата поради зголемената пермеабилност и ретенција. Овој процес, наречен пасивно насочено делување е резултат на малата големина на наночестички, пропустливата васкулатура и нарушената лимфна дренажа на неопластичните ткива. Сепак, пасивното насочено делување е тешко да се контролира и може да предизвика резистенција. Активното насочено делување, од друга страна, го засилува навлегувањето во  клетките на туморот со таргетирање на експресирани специфични рецептори. Наночестичките може да бидат врзани со одредени лиганди кои се врзуваат за клеточни или субклеточни структури како на пример мали молекули како фолна киселина, чии рецептори се изразени на тумор-ткивата. Таков пример се наноносачи поврзани со фолна киселина со цел насочено делување кај оваријален и ендометријален рак-фолна киселина коњугирана со полиетилен гликол-поли (лактик-когликолна киселина) со кои се испорачува лекот docetaxel на местото на делување.

Различни видови на мали пептиди и протеини се исто така ефективни за активно таргетирање. Angiopep-2 е пептид со потенцијал за третман на рак на мозок, затоа што се врзува за low-density lipoprotein receptor-related protein-1 (LRP1) од еднотелните клеткина крвно-мозочната бариера, кој исто така е прекумерно експресирани на глиобластома канцер клетките.

Трансферин е серумски гликопротеин кој е прекумерно изразен на бројни цврсти тумори, особено мултиформен глиобластом клетки и епителни клетки на крвно-мозочната бариера. Tрансферозин-коњугиран цитозан-PEG наночестички носачи на лекот paclitaxel покажале висока цитотоксичност конхумани канцер клетки на белите дробови сопрекумерно изразен трансферин.

Антителата се најкористените лиганди за активно таргетирање. Овие протеини имаат типична „Y“ форма со цел селективната интеракција со антигенот. Антителата можат да се користат или како имуноконјугати, кога се конјугираат со лек или наночестички, или да не се конјугирани. Во првиот случај, нивната функција главно е да таргетираат специфичен изразен антиген на клетките на ракот. Антителата што се користат за оваа намена  ги вклучуваат оние кои се врзуваат за рецептор 2 за  хуман епидермален фактор на раст, рецептор за епидермален фактор на раст, трансферин рецептор и  простата-специфичен мембрански антиген.

Имуноконјугатите се користат во имунотерапија, која делува преку стимулирање на имуниот одговор насочен кон канцер клетките. Антителата може да делуваат како маркери за канцер клетките за да предизвикаат одговор на имуниот систем (неспецифична имуно стимулација), или како инхибитори за имуни checkpoint протеини на површината на канцер клетките, што предизвикува модулација на на активноста на Т-клетките.  Неколку антитела се испитани и одобрени за употреба од страна на Американската и Европската Агенција за лекови и храна  како rituximab, ibritumomab tiuxetan, trastuzumab emtansine, nivolumab  и pembrolizumab.

Имунотерапија се постигнува преку трансфер на Т-лимфоцити изолирани ex vivo со високо специфична активност кон канцер клетките, и повторно инјектирани назад кај пациентот. Автологни Т клетки можат да бидат генетски произведени in vitro со експресија на химерен антиген рецептор, што ги прави поспецифични кон антигентите на канцер клетките. Протокол за имунотерапија е веќе воведен во клиничката пракса за напредна или рекуретна акутна лимфобластна леукемија и за агресивни форми на Хочкинг лимфом.

 

REFERENCE:

INNOVATIVE APPROACHES FOR CANCER TREATMENT: CURRENT PERSPECTIVES AND NEW CHALLENGES, 2019 Carlotta Pucci, Chiara Martinelli and Gianni Ciofani, published on 10.09.2019

https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC6753017/

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.