Hypertension

Тројната антихипертензивна терапија супериорна во однос на двојна комбинација во менаџментот на хипертензија

Тројната антихипертензивна терапија супериорна во однос на двојна комбинација во менаџментот на хипертензија

Третманот на хипертензија и постигнувањето на целните вредности на крвниот притисок од 130/80mmHg, кај најголемиот број на пациентите, налага примена на најмалку два антихипертензивни лекови. Ефикасноста и безбедност на тројната комбинација антихипертензивни лекови, сеуште не е клинички потврдена и претставува предмет на сериозна научна дебата.

Резултатите од неодамна спроведената мета анализа, чија цел е да се евалуира безбедноста и ефикасноста на тројната комбинација антихипертензивни лекови наспрема двојна комбинација посочуваат дека додавањето на трет лек во терапијата на хипертензија е поврзана со значајно зголемена ефикасност во контрола на крвниот притисок без зголемување на ризикот за несакани настани, во споредба со зголемување на дозите на лековите во двоен терапевтски режим. Дополнително, утврдено е дека рано иницирање на троен терапевтки режим може значајно да ја подобри контролата на хипертензија.

Систематскиот преглед е публикуван во Journal of Hypertension и вклучува публикувани научни сознанија добиени од 14 двојно слепи рандомизирани контролирани студии во кои била споредувана ефикасноста на тројна наспрема двојна комбинација на антихипертензивни лекови во периодот до 2018 година кај вкупно 11457 пациенти. Во спроведената мета анализа бол користен модел на случаен исход при што за евалуација на ефикасноста на протоколот на третман бил применет Therapeutic Intensity Score (TIS). Дополнително бил користен и метод за предвидување дали двојно зголемување на дозата на двоен терапевтски режим ја зголемува ефикасноста за 100 и приближно 20%, соодветно според Law et al., 2003.

Добиените резултати покажуваат значајно зголемена ефикасност на  тројната во однос на двојна комбинација на антихипертензиви, односно намалување на крвниот притисок за 5,4/3,2mmHg (P<0,001) и подобра контролата на крвниот притисок кај 58%  наспрема 45% од пациентите, соодветно [релативен ризик (RR) 1,33 (95% CI 1,25-1,41)]. Не е утврдена значајна разлика во инциденцната на прекин на тројната наспроти двојната терапијата поради појава на несакани настани (3,3%  vs. 3,4% ; RR 1,24 (95% CI 1,00-1,54), P=0,05]. Забележано било дека додавање на трет лек во третманот на пациентите со неконтролирана хипертензија кои се на двојна терапија со субмаксимални дози на антихипертензивни лекови имале придонесува за четирипати поголема редукција на крвниот притисок во однос на пациентите кај кои во третманот била зголемена на дозата на двојна терапија (6,0/3,6 наспрема 1,5/0,8mmHg, соодветно).

 Референца:

1. Salam, A., Atkins, E.R., Hsu, B., Webster, R., Patel, A., Rodgers, A., 2019. Efficacy and safety of triple versus dual combination blood pressure-lowering drug therapy: a systematic review and meta-analysis of randomized controlled trials. J. Hypertens.  37(8), 1567-1573. DOI:10.1097/HJH.0000000000002089.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.