Cold Medicine

Третман на настинки кај деца – употребата на деконгестиви е поврзана со зголемен ризик наспроти бенефит кај оваа популација на пациенти

Третман на настинки кај деца – употребата на деконгестиви е поврзана со зголемен ризик наспроти бенефит кај оваа популација на пациенти

Употребата на деконгестиви кај деца помали од 6 години не е оправдана, бидејќи не постојат податоци што ја поткрепуваат нивната ефикасност и безбедност кај оваа специфична популација на пациенти.

Деконгестивите, ОТЦ препарати индицирани за надминување на сиптомите на настинка се лесно достпани во аптеки. Сериозните несакани реакции (ризик од хипертензија, ексцитација и конвулзии, тахикардија и аритмија при постоечки кардиоваскуларни заболувања) при употребата на деконгестиви во возрасната популација се јавуваат со ниска стапка на инциденца. При долгорочната употреба на назални деконгестиви, хроничната назална конгестија е се смета за честа последична состојба.

Придобивките при употреба на деконгестиви кај возрасни го надминуваат ризикот за несакани настани. Спротивно на возрасната популација, кај педијатриската популација е утврдено дека ризикот поврзан со нивната употреба ги надминува придобивките во однос на здравјето бидејќи е поврзана со потенцијално опасни несакани реакции кај децата. Публикуваниот систематски преглед на клинички докази во British Medical Journal во кој е евалуирана безбедноста и ефикасноста на деконгестивите што содржат антихистаминици посочува дека оваа група на лекови се контраиндицирани за употреба кај деца помали од 6 години, а треба да се применуваат со голема претпазливост кај деца на возраст од 6 – 12 години.  Заклучоците од студијата се во согласност со препораките на Food and Drug Administration од 2008 – та година и The American Academy of Pediatrics според кои ОТЦ препарати наменети за надминување на кашлица и настинка во мала мера или воопшто не ги решаваат симптомите на настинка кај децата и не треба да се  употребуваат кај деца помали од 4 години.

Настинките кај педијатриската популација се јавуваат со поголема честота во споредба со возрасните. Вирусните инфекции се најчеста причина за настинките кои се сметаат за само – лимитирачка состојба бидејки асоцираните  симптоми (кашлица, конгестија на нос, кивање, покачена телесна температура и болка) се повлекуваат во временски период од 7 до 10 дена. Кашлицата е нормален симптом и го олеснува исфрлањето на секрет од дишните патишта и штити од ширење на инфекцијата во белите дробови. Одтука, кај децата, супресија на кашлицата не е оптимален избор во симптоматскиот третман.

Препораки за третман на настинки кај деца

  • Симптоматскиот третман на настинка кај деца вклучува употреба на парацетамол или ибупрофен за намалување на покачената телесна температура и болките.
  • Оптимален внес на течности за да се превенира дехидрирање.
  • Употреба на физиолошки раствор во облик на капки или спреј за нос помага за отстранување на назалниот секрет и го олеснува дишењето.
  • Аспиратори за нос се корисни за чистење на назалниот секрет кај новороденчиња.
  • Употреба на овлажнувачи на воздухот со ладна пареа во просториите за домување –  со цел да се олесни дишењето преку констрикција на крвните садови во носната шуплина. Не се препорачуват овлажнувачи со топла пареа бидејќи ќе го потенцираат отокот на носната слузокожа, а со тоа  ќе  придонесат за отежнато дишење.

Референца:

  1. Mieke L van Driel et al, What treatments are effective for common cold in adults and children? BMJ2018; 363:k3786 doi: https://doi.org/10.1136/bmj.k3786 (Published 10 October 2018)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.