COPD

Третман на хронична опструктивна белодробна болест

Третман на хронична опструктивна белодробна болест

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) е четвртата водечка причина за смртност во светски рамки. Оваа болест се карактеризира со бронхоконстрикција и инфламација на дишните патишта и отежнато со дишењето. 16 милиони луѓе во САД се дијагностицирани со ХОББ секоја гоидна, а како еден од најголемите ризик фактори за развој на ова заболување е пушењето на цигари. Иако болеста не се лекува, сепак може да се превенира, или да се менаџира со помош на фармаколошка терапија чија основна цел е редукција на симптомите.

Бронходилататорите се употребуваат секојдневно за подобрување на сиптомите на ХОББ. β-2 агонистите може да бидат краткоделувачки или долгоделувачки. Ефектот на краткоделувачките β-2 агонисти трае од 4-6 часа и тие се индицирани за олеснување на симптомите при акутна егзацербација. За разлика од нив, долгоделувачките β-2 агонисти се индицирани за долгорочна употреба во контрола на симптомите. Несакани ефекти на β-2 агонистите се хипокалемија, тахикардија, тремор и сл. Антихолинергиците, исто така презентираат бронходилататорно дејство. Може да бидат долгоделувачки (tiotropium, revefenacin) или краткоделувачки (ipratropium, oxitropium). Најчеста несакана реакција асоцирана со нивната употреба е сувост на устата. Revefenacin е нов долгоделувачки антихолинергичен лек одобрен во ноември 2018 година. Препорачана доза е една вијала од 175 mcg администрирана еднаш дневно со помош на небулизер. Најчестите несакани реакции на овој лек се кашлица, назофарингитис, инфекции на горен респираторен тракт, глабоболка и болка во грбот. Треба да се избегнува употреба на други антихолинергични лекови заедно во овој лек. Исто така треба да се изегнува и коадминистрација на инхибитори на OATP1B1 и OATP1B3 (rifampicin, cyclosporine). Метилксантините (theophylline) се бронходилататори резервирани за сериозни случаи на акутна егзацербација на ХОББ, а токсичноста на овој лек зависи од дозата.

Инхалаторните кортикостероиди  се користат во комбинација со долгоделувачки β-2 агонисти или антихолинергици во контрола на симптомите на ХОББ. Оралните кортикостероиди се индицирани во третман на акутна егзацербација во болнички рамки. Сериозни несакани реакци асоцирани со нивната употреба се стероидна миопатија што може да доведе до мускулна слабост и респираторна инсуфициенција.

Доказите посочуваат дека програмите за белодробна рехабилитација може да ги подобрат симптомите на диспнеа, толеранција на физичка активност и севкупна здравствена состојба. Долгорочната терапија со кислород (>15 часа дневно) може да го зголеми преживувањето на пациентите со хипоксемија или ниски нивоа на кислород во крвта.

Инхибиторите на фосфодиестераза 4 (PDE4) се релативно нова класа на лекови за кои постојат научни докази дека ги подобруваат симптомите на ХОББ. Од оваа терапевтска класа одобрени за употреба се roflumilast и cilomilast што се администрираат перорално во форма на таблети. Овие лекови не се индицирани за третман на акутен бронхоспазам.

Подигањето на свесноста за ХОББ е од суштинска важност, а фармацевтите може да имаат значајна улога преку интердисциплинарен пристап. Фармацевтите треба да ги едуцираат пациентите за важноста на откажување на пушење, но и за сите аспекти на безбедноста на е-цигарите. Е-цигарите содржат никотин, но и многу други штетни супстанции и се поврзуваат со ризик за сериозно оштетување на белите дробови. Исто така, имунизацијата има важна улога во превенција на егзацербација кај пациентите со ХОББ. Со редовна имунизација за превенција на инфлуенца се минимизира ризикот за сезонски вирусни инфекции кои се едни од тригер факторите за егзацербација. Покрај оваа вакцина, доказите посочуваат и дека 23-валентната пневмококна полисахаридна вакцина ја редуцира инциденцата на вонболнички стекната пневмонија кај пациенти со ХОББ кои се помлади од 65 години и имаат форсиран експираторен волумен помал од 40%, но и кај пациенти со други коморбидитети. 13-валентната конјугирана пневмококна вакцина е ефективна во редукција на сериозни инвазивни пневмококни болести кај пациенти на возраст од ≥ 65 години.

Референци:

  1. Global Initiative for Chronic Obstructive Lung Disease Pocket Guide to COPD Diagnosis, Management, and Prevention: A Guide for Health Care Professionals, 2019 Report. Fontana, WI: GOLD; 2019. goldcopd.org/wp-content/uploads/2018/11/ GOLD-2019-POCKET-GUIDE-FINAL_WMS.pdf.
  2. Chronic obstructive pulmonary disease (COPD). CDC website. cdc.gov/copd/index. html. Updated June 5, 2018. Accessed 11/2019.
  3. National Institutes of Health. COPD national action plan. National Heart, Lung, and Blood Institute website. www.nhlbi.nih.gov/health-topics/education-and-awareness/ COPD-national-action-plan. Accessed 11/2019.
  4. Gershman J. E-cigarette injuries on the rise. Pharmacy Times®. October 10, 2016. pharmacytimes.com/contributor/jennifer-gershman-pharmd-cph/2016/10/e-cigarette- injuries-on-the-rise. Accessed 11/2019.
  5. Yupelri [prescribing information]. Morgantown, WV; Mylan Specialty, LP; 2018. www.accessdata.fda.gov/drugsatfda_docs/label/2018/210598s000lbl.pdf. Accessed February 17, 2019.
  6. FDA approves first generic Advair Diskus [news release]. Silver Spring, MD: FDA; January 30, 2019. www.fda.gov/NewsEvents/Newsroom/PressAnnouncements/ ucm630151.htm. Accessed 11/2019
  7. Institute for Safe Medication Practices. Breathing easier: safe use of inhaled med- icines. ISMP website. ConsumerMedSafety.org website. consumermedsafety.org/ medication-safety-articles/item/805-breathing-easier-safe-use-of-inhaled-medicines. Published June 3, 2016. Accessed 11/2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.