3.Covid

Третман, дијагностика и профилакса на тромбоемболични настани кај пациенти болни од COVID-19

Иако КОВИД-19 првенствено се смета за белодробно заболување, клиничарите стануваат се повеќе загрижени заради зачестените известувања од болниците поврзани со тромбоемболичните настани, презентирани кај определени пациенти инфицирани од SARS-CoV-2.

Како дополнување на акутниот респираторен дистрес синдром (ARDS) и неговите ефекти врз пациентите со респираторна слабост, некои докази укажуваат дека микроваскуларните тромботични процеси можат да играат значајна улога во патологијата на респираторната слабост кај пациентите болни од КОВИД-19.

Во извештајот на Националниот институт за јавно здравје на Холандија се анализира потенцијалната поврзаност помеѓу морталитетот, вредностите на D-димерот и протромботичниот синдром кај пациенти со KОВИД-19. Во овој извештај се забележува дека иако изостануваат публикации за инциденцата на венски тромбоемболизам, издадени се повеќе извештаи за случаи (case reports) кои се поврзуваат со тромбоемболичко заболување, мозочен удар и миокардитис кај пациентите болни од КОВИД-19.

Една едноцентрична ретроспективна кохорт студија од Кина открива дека дисеминираната интраваскуларна коагулација (ДИК) била опсервирана кај дури 71% од 21 пациент кај кои болеста довела до летален исход, во споредба со само 0,6% од 162 преживеани пациенти, инфицирани со SARS-CoV-2.

Забележани се дополнителни компликации поврзани со коагулацијата,  вообичаени кај различни вирусни инфекции. Васкуларно ендотелијално оштетување на малите и средните белодробни крвни садови е забележано  кај пациенти инфицирани од SARS-CoV. Врз основа на овие сознанија, авторите сметаат дека пациентите болни од КОВИД-19 веројатно се подложни на слични компликации.

Земајќи ги во предвид претходно наведените факти, авторите на студијата препорачуваат иницијација на неколку дијагностички и превентивни активности.

Во некои студии се нагласува дека антитромботичната терапија ги намалува стапките на морталитет кај пациентите со КОВИД-19. Имено, во една едноцентрична ретроспективна кохорт студија од Кина, изведена врз 449 пациенти дијагностицирани со тежок облик на КОВИД-19,  се заклучува дека профилактички дози на хепарини можат да бидат асоцирани со зголемена стапка на преживување на пациенти со докажана коагулопатија индуцирана од сепса (анг.sepsis-induced coagulopathy-SIC). Од 449 пациенти вклучени во студијата, 99 пациенти примале хепарин во временски период од 7 или повеќе дена. Лекот бил поврзан со пониска смртност после 28 дена кај 97 пациенти со SIC score еднаков на 4 или повисок од 4, но не и кај 352 пациенти со SIC score понизок од 4.

Предложени се и CT скенови на граден кош со цел да се овозможи стандардизирано репортирање и следење на пациентите. Според авторите, типичен CT скен на пациентите со пневмонија предизвикана од COVID-19 во Рим, Италија се карактеризирала со конзистентно присуство на т.н. ground glass opacities, асоцирани со мулти-лобарна и постериорна афектираност, билатерална дистрибуција и зголемување на субсегменталните садови.

Во една неодамнешна студија изведена врз 1008 пациенти, од кои кај 25 била изведена CT пулмонарна ангиографија, кај 10 пациенти бил дијагностициран акутен белодробен емболизам (40%), кој генерално бил лоциран во субсегменталните крвни садови.

Авторите даваат неколку основни препораки за дијагностика и терапија кај пациентите кои се потврдени, или сомнителни случаи на COVID-19:

  • Треба да се иницираат профилактички дози на ниско-молекуларен хепарин кај сите пациенти хоспитализирани во болниците, а суспектни за COVID-19, без разлика на SIC score-от;
  • Треба да се размисли за основен CT на граден кош (без контраст) кај сите пациенти сомнителни за COVID-19 кои имаат индикации за хоспитализација;
  • CT пулмонарна ангиографија треба да се примени кај пациенти кои се суспектни на COVID-19 и кај кои постои висока клиничка суспектност за пулмонарна емболија како и лабораториски потврдени покачени нивоа на D-димер;
  • Кај пациенти со КОВИД-19 кои се примени во болница, треба да се размисли околу определување на концентрациите на D-димерот при примањето во болницата, како и негово рутинско определување за време на хоспитализацијата.

REFERENCE

Ourkerk M, Buller H, Kuijpers D, van Es N, et al. Diagnosis, Prevention, and Treatment of Thromboembolic Complications in COVID-19: Report of the National Institute for Public Health of the Netherlands. Radiology; April 23, 2020.

https://pubs.rsna.org/doi/10.1148/radiol.2020201629

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.