Autism Awareness Day Colorful Puzzle Heart Shape Vector Illustration

Светски ден на аутизмот

Нова студија го поврзува аутизмот со несоодветна миелинизација на нервните клетки

 

2ри април е светски ден за подигнување на свеста за аутизмот  кој има за цел да ги стави во центарот на внимание пречките со кои се соочуваат луѓето со аутизам и оние кои живеат и се грижат за лицата со аутизам.  Како растечко глобално здравствено прашање, аутизмот е проблем  за кој се повеќе се истражува а кој се повеќе наидува на разбирање преку aктивности за подигнување на свеста  кои се планираат секоја година се со цел понатамошно зголемување и развој на глобалното знаење за аутистичниот спектар на нарушувања.

Во изминатите години направени се бројни истражувања чии резултати претставуваат значаен чекор во разбирањето, третманот и подобрување на начинот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.  Autism Speaks која претставува  водечка светска организација за аутизам ги издвојува истражувањата за аутизам кои ја обележаа изминатата 2019та година како година на прогрес и напредок во полето на аутизам:

https://www.youtube.com/watch?v=TUI-NJlZW4I

Нова студија објавена во фебруари 2020 во Nature Neuroscience која била спроведена на модел на глувци и postmortem мозок на лица со аутизам покажува недостаток на зрели олигодендроцити и помала миелинизација  на нервните клетки во споредба со контролата, што укажува на можна поврзаност на несоодветна миелинизација на нервните клетки со појава на  аутистичен спектар на нарушувања.

Миелин е супстанција која ги обвиткува аксоните на нервните клетки и која е одговорна за пренос на нервниот импулс. Олигодендроцитите се клетки кои создаваат миелин и контролираат миелинизација. Несоодветна миелинизација или нарушена миелинска обвивка е главен патоген белег на многу невролошки заболувања како мултипла склероза, а претходни истражувања покажале несоодветна миелинска обвивка кај пациенти со аутистичен спектар на нарушувања.

При истражување на мозок на глувци за генетски мутации кои предизвикуваат                      Pitt-Hopkins синдром (генетско нарушување поврзано со аутизам), тимот на истражувачи забележал неправилна миелинизација и неконзистентно изразување на Tcf4 ген што ја регулира активност на олигодендроцитите.

При испитување во човечки рамки, истражувачите откриле оштетување во миелинските обвивки во мозок на лицата со аутизам во споредба со контролите, што се  вклопува со она е пронајдено кај глувци. Генетската анализа открила дека TCF4 генот, исто така, содржи различни мутации. Овие резултати укажуваат на нарушување на олигодендроцитите како можен клеточен механизам во патологија на аутистичен спектар на нарушувања.

 

REFERENCES:

 

  1. https://www.autismspeaks.org/science-blog?article_type[2196]=2196&article_type[2196]=2196

 

  1. Lisa Winter, Inadequate myelination of neurons tied to autism: study, published Feb 4, 2020

https://www.the-scientist.com/news-opinion/inadequate-myelination-of-neurons-tied-to-autism–study-67061

 

  1. BaDoi N. Phan, Joseph F. Bohlen, Brittany A. Davis, Zengyou Ye, Huei-Ying Chen, Brent Mayfield, Srinidhi Rao Sripathy , Stephanie Cerceo Page, Morganne N. Campbell, Hannah L. Smith, Danisha Gallop, Hyojin Kim, Courtney L. Thaxton, Jeremy M. Simon, Emily E. Burke, Joo Heon Shin, Andrew J. Kennedy, J. David Sweatt, Benjamin D. Philpot, Andrew E. Jaffe & Brady J. Maher.

A myelin-related transcriptomic profile is shared by pitt–hopkins syndrome models and human autism spectrum disorder, published 03 February 2020.

https://www.nature.com/articles/s41593-019-0578-x#auth-7

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.