Antibiotics Logo

Светска недела на свесност за борба против антимикробната резистентност

Светска недела на свесност за борба против антимикробната резистентност

Светската недела на свесност за борба против антимикробната резистентност се одбележува во ноември (18-24 ноември) секоја година со цел да се поттикнат рационална употреба на антибиотици и примена на најдобрите практики во јавноста, здравствените работници и другите здравствени тела за превенција и намалување на антимикробна резистентност. Рационалната употреба на антибиотици е од суштинско значење во време на растечки тренд на антимикробна резистентност и други компликации поврзани со злоупотребата на антибиотици.

Антимикробната резистентност е глобален здравстен проблем. Моментално одзема 700 илјади животи на годишно ниво во светски рамки. Се предвидува дека до 2050, антимикробната резистентност може да резултира со 10 милиони смртни случаи на годишно ниво. Тоа би резултира со поголема стапка на смртност во споредба со малигните заболувања.

Антибиотиците се лекови што се индицирани во третман на инфекции предизвикани од бактерии. На пример, антибиотиците се употребуваат во третман на гнојна ангина предизвикана од стрептокока или инфекции на кожата предизвикани од стафилокока. Антибиотиците не се ефективни во третман на вирусни инфекции како на пример настинка, инфлуенца и сл. Употребата на антибиотици при вирусни инфекции нема да ја излечи инфекцијата, нема да ги заштити другите луѓе од трансмисија на вирусот, нема да помогне пациентот да се чувствува подобро, а може да предизвика штетни ефекти и да придонесе за развој на антимикробна резистентност.

Нерационалната употреба на антибиотици е причина за растечкиот тренд на антимикробна резистентност. Антимикробната резистентност се развива кога потенцијално опасни бактерии се променуваат на начин што ја редуцираат или елиминираат ефективноста на антибиотиците. Кога еден пациент е инфициран од резистентен сој на бактерија, не само што  третманот е отежнат, туку и постои голема опасност за трансмисија на патогенот на други луѓе. Примери на бактериски соеви што стануваат резистентни на антибиотици се бактериите што предивикуваат инфекции на кожа, инфекции на уринарен тракт, менингитис, сексуално преносливи болести и инфекции на респираторен тракт.

Сите здравствени работници, но и пациентите имаат важна улога во превенција на антимикробна резистентност. Здравствените работници треба да бидат промотори на рационалната употреба на антибиотици, да пропишат антибиотици само кога тие лекови се клинички неопходни (ако е суспектна бактериска инфекција) и да ги едуцираат пациентите за начинот на правилна употреба на лекот.

Препораките за правилна употреба на антибиотици вклучуваат:

  • Антибиотикот треба да се употребува според препораките на лекарот. Од суштинско значење е да се прима лекот во целото време на курсот на терапија, и тогаш кога симпотмите се подобрени. Доколку терапијата се прекине многу рано и повторно се врати инфекцијата, бактериите може да станат резистентни на употребуваниот лек;
  • Не треба да се пропуштаат дози. Антибиотиците се најефективно само тогаш кога се употребуваат како што е пропишано;
  • Не треба да се употребуваат антибиотици пропишани за друг пациент. Таквиот антибиотик можеби не е индициран во третман на инфекцијата, ќе го одложи правилниот третман и ќе го зголеми ризикот за влошување на здравствената состојба;
  • Здравствените работници треба да ги едуцираат пациентите и да одговорат на сите прашања во врска со терапијата, особено за начинот на употреба на лекот.
  • Сите лекови имаат несакани ефекти. Здравствениот работник треба да го поттикне пациентот да побара медицинска помош кога ќе почувствува било какви невообичаени симптоми или несакани ефекти.

Референци:

  1. S. Food and Drug Administration (10/29/2019). Combating Antibiotic Resistance. Available at: https://www.fda.gov/consumers/consumer-updates/combating-antibiotic-resistance. Last accessed 11/2019.
  2. World Health Organization (11/19/2019). World Antibiotic Awareness Week 2019. Available at: https://www.who.int/campaigns/world-antibiotic-awareness-week/world-antibiotic-awareness-week-2019/landing. Last accessed 11/2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.