Managing Side Effects

Стратегии за минимизација на несаканите настани асоцирани со употребата на лекови

Стратегии за минимизација на несаканите настани асоцирани со употребата на лекови

Користењето на вештини стекнати во рамките на образованието ќе придонесе за персонализирана фармацевтска грижа и унапредување на испораката на лекови до пациентите. Овој пристап потенцијално води кон редукација на несаканите настани асоцирани со употребата на лекови и трошоците поврзани со здравствената грижа.

Несаканите настани асоцирани со употребата на лекови се трета водечка причина за смрност во САД, после кардиоваскуларните и малигните заболувања. Статистиката посочува на 173000 смртни случаи на годишно ниво поврзани со несакани настани на употребата на лекови и 73000 смртни случаи поврзани само со употребата на опоиди. Пример за несакан настан асоциран со употреба на лекови е примена на лекови кои интерферираат со калциумовите и калиумовите канали и ризикот за кардијални несакани ефекти, поспецифично QTc пролонгирање. Сепак, во одредени случаи, несаканите настани се директен резултат од лек-лек интеракции при конкомитентна употреба на лекови. Пациентие што примаат 7 или повеќе лекови имаат 82% ризик за развој на несакани настани. Тука не се вклучени и ОТС лековите.

Стратегиите засновани на научни докази помагаат за минимизација на ризикот од несакани настани асоцирани со лековите, особено кога станува збор за полифармација. Фармакогенетиката, како дел од персонализираната медицина, отвора можност за увид на фармакокинетиката и фармакодинамиката на лекот.

Постојат 10-12 гени што енкодираат ензими кои ги катализираат метаболичките реакции на поголем дел од лековите. Најзначајни се CYP2C9, CYP2D6, CYP2C19, CYP3A4 и CYP1A2. Доколку не се одредат фенотипските карактеристики, погрешно ќе се претпостави дека секој пациент има нормален метаболизам на лековите. Треба да се нагласи дека претпоставките не се добра практика во здравствената грижа за пациентите.
И тогаш кога фармакогенетските тестови индицираат на нормален метаболизам кај еден пациент, некои лекови може да предизвикаат феноконверзија и да доведат до состојба на нефункционален метаболизам. Покрај тоа, повеќе лекови се метаболизирани преку истите метаболички патеки, што го зголемува ризикот за фармакокинетски лек-лек интеракции. Тука постои потенцијален ризик за неправилно титрирање на дозите или предозирање со лекови (тогаш кога пациентот ја прекинува терапијата со лекот инхибитор на ензимите). Доколку лековите се метаболизираат преку истите ензимски патеки и сите лекови имаат сличен афинитет кон врзивното место на ензимите, лекот што се употребува во поголеми дози прв ќе ги заземе врзивните места на ензимите. Еден таков пример е конкомитентна употреба на метопролол и дифенхидрамин, лекови кои имаат висок афинитет за CYP2D6. За да се избегне тоа третманот треба да биде прилагоден, или доколку е возможно да се пристапи кон супституција со лек што е метаболизиран од различни ензимски патеки. Најоптимален пристап за минимизација на ризикот за фармакокинетски лек-лек интеракции е воведување на временски интервали во администрацијата на лековите.

Фармацевтите во аптеките може да ја унапредат безбедноста и ефективноста на лековите преку инкорпорирање на науката во фармацевтската пракса. Тоа всушност значи дека треба да се евалуира целокупниот механизам на лек-лек интеракциите и да се идентификуваат потенцијалниот ризик за интеракции при полифармација. Унапредувањето на безбедноста на терапијата со лекови и едукација на пациентите ќе помогне во промени на трошоците поврзани со здравствената грижа.

Референца:
1. Knowlton C. New Ways to Identify and Mitigate Adverse Drug Events and Get Paid for It. Presented at: NCPA 2019 Annual Convention & Expo; October 26, 2019; San Diego, CA.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.