Food Allergy

Staphylococcus aureus и алергија на храна во рано детство

Staphylococcus aureus и алергија на храна во рано детство

Патофизиологијата на егзема и другите атопични заболувања и поврзаноста со Staphylococcus aureus е проучувана во голем број на студии. Епикутана сензибилизација со стафилококен ентеротоксин Б предизвикува локална инфламација на кожата која одговара на егзема кај животински модели и лица со нормална и атопична кожа. Проспективна кохорт студија покажува дека колонизација на S. aureus на кожа претходи на клиничка дијагноза на егзема кај новороденчиња. Кај пациентите со егзема поголема е веројатноста за колонизација на S. aureus и сериозноста на заболувањето се поврзува со колонизација на S. aureus на лезиите на кожата. Дополнително, пациентите со алергиски ринитис почесто се колонизирани со S. aureus во носната празнина и чувствителни на ентеротоксини на S. aureus. Ентеротоксинот предизвикува инфламација на дишните патишта и зголемена реакција. Клинички, назaлна колонизација на S. aureus или серумски IgE кон S. aureus токсини се поврзува со отежнето дишење, астма или двете состојби кај деца и возрасни. Од друга страна, колонизацијата на S. aureus е поврзана со сензибилизација кон храна и алергија.
S. aureus претставува маркер за тешка форма на егзема и раната појава на егзем е познат ризик фактор за развој на алергии кон храна кај млади деца.

Learning Early About Peanut Allergy претставува студија објавена во списанието Journal of Allergy and Clinical Immunology во која се оценува сериозноста на егзема и се проценува присуство на S. aureus колонизација во четири временски точки кај 640 деца. Исто така, се испитува поврзаноста на S. aureus колонизација со продукцијата на ѕIgE антитела кон најчестите алергени на храна и алергија на храна во раното детство независно од сериозноста на егземата.

Податоците покажуваат дека и покрај контрола на сериозноста на егземата, позитивен тест на S. aureus на кожа е поврзан со зголемен ризик за развој на алергии кон кикирики, јајца и кравјо млеко. Студијата исто така укажува дека колонизацијата на S. aureusе поврзана со постојана алергија на јајца најмалку до 5 или 6 години, а резултатите можат да помогнат и во објаснување на дилемите зошто младите деца со егзем се со висок ризик за развој на алергија на храна. Механизмот на поврзаност сеуште не е јасен, но се смета дека S. aureus може да биде важен фактор кој придонесува за ваков исход. Колонизацијата на S. aureus може да ја инхибира толеранцијата кон кикирики кај оние деца кај кои кикириките се воведуваат во исхраната уште во раните години. Кај девет испитаници во студијата била потврдена алергија на кикирики на 60 и 72 месеци и притоа, кај осум од нив биле присутни колонии на S. aureus. Во групата на испитаници со тешка форма на егзем, алергија на јајца или двете биле вклучени новороденчиња на возраст од 4-11 месеци. Нивно следење во однос на клиничка евалуација на егзема и брисеви од кожа и нос на 0, 12, 30 и 60 месеци покажало дека 48,8% од испитаниците поседувале некоја форма на колонизација на S. aureus (32,2% на кожа и 32,3% на нос). Највисоки стапки на колонизација биле забележани на 4-11 месечна возраст. Колонизацијата на S. aureus значајно е поврзана со сериозноста на егзем, во комбинација со продукцијата на специфични имуноглобулини sIgE антитела кон јајца и кикирики. Но, и покрај контрола на сериозноста на егзема, нивото на sIgE антитела било значајно поврзано со позитивен тест на S. aureusна кожа. Слично, висока продукција на sIgE антитела кон кравјо млеко е забележана при колонизација на S. aureus на кожа. Ваквите сознанија покажуваат дека S. aureus се поврзува со алергија на јајца, кикирики и кравјо млеко.
Улогата на S. aureus како потенцијал фактор од животната средина може да се земе во предвид за идните интервенции кои имаат за цел индицирање и одржување на толеранција кон алергените од храната кај новороденчиња со егзем.

Референца:

  1. Tsilochristou, O., du Toit, G., Sayre, P.H., et al., 2019. Association of Staphylococcus aureus colonization with food allergy occurs independently of eczema severity. J Allergy Clin Immunol. DOI: 10.1016/j.jaci.2019.04.025.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.