3. Coronavirus Incubation Banner L

Средниот период на инкубација на новиот SARS-CoV-2 вирус изнесува 5,1 ден

Анализата на јавно достапните информации за инфекцијата предизвикана од новиот SARS-CoV-2 вирус, кој ја предизвикува респираторната болест COVID-19, објавена во Ann Int Med,а изведена од страна на научниците од John Hopkins Bloomberg School of Public Health, покажала дека средниот период на инкубација на овој вирус е околу 5,1 ден. Средниот период од експозицијата до почетокот на појава на првите симптомите е индикатор за оправданоста на  14 дневниот карантин кој се користи од страна на американскиот CDC и надлежните здравствени институции од други држави, за индивидуи за кои постои сомнение дека биле изложени на вирусот.

Анализата сугерира дека околу 97,5% од луѓето кои развиваат симптоми на инфекција со SARS-CoV-2, ги пројавуваат во период од 11,5 дена после експозицијата. Научниците претпоставуваат дека на секои 10 000 индивидуи кои биле инфицирани и биле во карантин 14 дена, само 101 би развиле симптоми после излегувањето од карантинот.

За целите на студијата, научниците анализирале 181 случај од Кина и другите земји кои биле детектирани пред 24ти февруари а биле репортирани во медиумите, каде биле вклучени датите за веројатна експозиција и почетокот на симптомите. Повеќето од овие случаи вклучувале патници кои патувале од или кон Вухан, Кина, центарот на епидемијата, или изложеност на индивидуи кои патувале во Хубеи, провинцијата во која е сместен градот Вухан.

Точна процена на инкубацискиот период за новите заразни заболувања значително им помага на епидемиолозите да ја предвидат динамиката на епидемијата и им дозволува на јавните здравствени институции да дизајнираат ефективни мерки за карантин или други контролни мерки. Карантинот генерално го успорува, а може и да го прекине пренесувањето на инфективниот агенс, дури и во случај доколку постојат некои outlier случаи со инкубациски периоди кои го надминуваат периодот на карантинот. Предолг карантин предизвикува значителни стручни и финансиски загуби во време на епидемија, особено карантинот предвиден за здравствените работници и другите професии (полиција, војска) кои се справуваат со епидемијата.

Овие процени за среден период на инкубација за SARS-CoV-2 од 5,1 ден се слични со процените од претходните студии за овој вирус, изведени на помалку пациенти. Инкубацискиот период на овој вирус е во ист ранг како и кај SARS-CoV вирусот, друг коронавирус кој започнал во Јужна Кина во 2002 година и се проширил глобално во периодот од 2002 до 2004 година. Што се однесува до MERS-CoV, коронавирус кој предизвикал стотици смртни случаи на Блискиот  Исток, со релативно висока стапка на морталитет, просечниот период на инкубација изнесува 5-7 дена.

Другите коронавируси кои ги предизвикуваат вообичаените настинки имаат инкубационен период од околу три дена.

REFERENCES:

The Incubation Period of Coronavirus Disease 2019 (COVID-19) From Publicly Reported Confirmed Cases: Estimation and Application, Published on 10.03.2020

Stephen A. Lauer, Kyra H. Grantz, Qifang Bi, Forrest K. Jones, Qulu Zheng, Hannah R. Meredith, Andrew S. Azman, Nicholas G. Reich,JustinLessler. The Incubation Period of Coronavirus Disease 2019 (COVID-19) From Publicly Reported Confirmed Cases: Estimation and Application, Annals of Internal Medicine, 2020

https://annals.org/aim/fullarticle/2762808/incubation-period-coronavirus-disease-2019-covid-19-from-publicly-reported

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.