Woman Holding Vitamins

Пробиотици-механизам на дејство, индикации, дозирање и безбедносни мерки при нивна примена

Пробиотицимеханизам на дејство, индикации, дозирање и безбедносни мерки при нивна примена

Микрофлората кај човекот ги вклучува сите микроби-бактерии, фунги и паразити кои живеат во неговиот организам. Во гастроинтестиналниот тракт, овие организми се означуваат како гастроинтестинална микрофлора и имаат значајна улога во метаболизирањето на храната, апсорбирањето на нутриенти, превенирањето на колонизација со патогени и сл. Се состои од околу 400 видови на бактерии, фунги и паразити. Со зголемување на свесноста во однос на значењето на човечката микрофлора, постои зголемен интерес за начините на модифицирање на микробиомите со цел превенирање или третман на болест. Тие се живи микроби за кои се смета дека обезбедуваат терапевтски придобивки кај домаќинот.

Механизми на дејство

Пробиотиците примарно делуваат преку блокирање на колонизација на цревата од страна на патогените бактерии преку повеќе механизми. Тие компетитираат со патогените бактерии за соодветна колонизација со цел да се врзат и да се овозможи нивен раст, како и со нутриенти во ткивото кај домаќинот. Некои од пробиотиците имаат способност да продуцираат метаболити кои поседуваат антибактериски ефекти против други организми, како и да екскретираат бактерицидни протеини наречени бактериоцини, водороден пероксид, млечна киселина или оцетна киселина кои можат да ја блокираат колонизацијата на патогените организми.

Во однос на имуномодулациските ефекти, некои од пробиотиците поседуваат способност за стимулирање на имуниот систем преку иницирање на вроден и имун одговор посредуван од антитела. Исто така, ги намалуваат маркерите на хиперсензитивните реакции и инфламација, предизвикувајќи имуносупресивен ефект. Начинот на кој влијаат врз имуниот систем зависи од здравствениот статус на индивидуата. Кај лица со хиперсензитивен имун систем, пробиотиците вршат надолна регулација врз функцијата на имуниот систем, додека кај здрави лица без хипосензитивен имун систем, пробиотиците вршат негова стимулација.

Пробиотиците најпрво мора да го преживеат ниското pH во желудникот, да стигнат до колонот и да атхерираат врз интестиналните клетки. Пример, Lactobacillus GG покажуваа поголема атхеренција кон интестиналното ткиво отколку Lactobacillus acidophilus или Lactobacillus bulgaricus. Тие исто така треба да поседуваат и активност кон патогените организми. Пример, некои пробиотици помагаат во ерадикација на инфекции предизвикани од Clostridium difficile, додека други не покажуваат дејство, што значи дека не постои еквивалентност меѓу видовите на пробиотици поради можни разлики во процесите на производство, чување и сл.

Најчеста употреба и клинички докази за пробиотици

Дијареа асоцирана со употреба на антибиотици-најчеста и најпроучувана состојба што наметнува употреба на пробиотици. Водичите од Infectious Diseases Society of America (IDSA) од 2017 година препорачуваат пробиотици како опција за намалување на симптомите на оваа состојба. Антибиотиците делуваат и врз нормалната флора, што доведува до можност за раст на патогените организми. Употребата на пробиотици се смета дека ја надополнува нормалната гастроинтестинална флора и ја превенира прекумерната колонизација на патогените бактерии. Поради тоа, клиничките истражувања покажуваат дека кај пациентите кои употребуваат пробиотици во комбинација со антибиотик постои значајно намалување на ризикот од дијареа.

Lactobacillus-употребата на пробиотик кој во својот состав содржи лактобацили го намалува ризикот од дијареа асоцирана со употреба на антибиотик за 36-70%. Најдобро проучен вид на лактобацил е Lactobacillus GG кој исто така покажува подобро дејство кај деца отколку кај возрасни. Се препорачува 109-209 CFUs (colony forming units) дневнo.

Saccharomyces boulardii-овој вид на квасец е пробиотик за кој постојат најконзистентни докази за намалување на ризикот од дијареа асоцирана со употреба на антибиотик, односно 52-63%. Најчесто се користи специфична форма на Saccharomyces boulardii (Florastor). Се препорачува 109 CFUs двапати на ден.

Bifidobacterium-клиничките докази се неконзистентни, најчесто се комбинира со други видови на пробиотици.

Се препорачува почеток со употреба на пробиотик во текот на два дена од почетокот на употреба на антибиотик и продолжување до најмалку три дена од завршување со антибиотскиот третман. Исто така, треба да постои временски интервал помеѓу администрацијата на антибиотик и пробиотик.

Дијареа предизвикана од Clostridium difficileнајчесто настанува после употреба на антибиотици поради уништување на нормалната микрофлора. Кај 6-25% од пациентите се јавуват најмалку една рекурентна епизода. Доколку Saccharomyces boulardii се употребува заедно со ванкомицин или метронидазол значајно се намалува ризикот од рекурентност, па се препорачува употреба на Saccharomyces boulardii (Florastor) 109 CFUs двапати на ден во период од 4 недели започнувајќи во текот на 2 дена од иницирање на антибиотски третман. Сегашните водичи од IDSA не препорачуваат употреба на пробиотици за примарна превенција на овој тип на дијареа.

Дијареа предизвикана од ротавирус-инфекцијата со ротавирус е потенцијално сериозна инфекција која лесно се шири кај новороденчиња и млади деца и е пропратена со симптоми како тешка дијареа, повраќање, треска и абдоминална болка. Од голем интерес е употребата на пробиотици со цел да се скрати времетраењето на дијареата поради нивниот механизам на дејство да ја блокираат атхезијата на ротавирусот врз површината на интестинумот. Lactobacillus GG e најпроучуван пробиотик за овој тип на дијареа. Се препорачува во дози од 59-109 CFUs дневно во комбинација со перорални раствори за рехидратација кај инфанти и деца од едномесечна до тригодишна возраст. Saccharomyces boulardii во дози од 400-500mg дневно заедно со 15ml вода во текот на 5 дена исто така го намалува времетраењето на дијареата.

Синдром на иритабилно цревоBifidobacterium infantis 35624 (Align или Bifantis) умерено ги ублажува симптомите, како абдоминална болка, надуеност и потешкотии при перисталтика на цревата. Се препорачува 1006 CFU дневно при појава на симптоми и продолжување доколку симптомите сèуште постојат.

Инфламаторна цревна болест-кај пациенти со тежок активен улцеративен колитис
(потребна хоспитализација и интравенски кортикостероиди) потребно е избегнување на употреба на пробиотици или нивна употреба со претпазливост, поради пријавени случаи на бактеремија со употреба на видови на Lactobacillus.

Функционална констипација-можност за употреба на пробиотици, Lactobacillus reuteri DSM 17938 во доза од 2006 CFU дневно ја подобрува перисталтиката на цревата кај деца.

Во однос на употребата на пробиотици за атопичен дерматитис, респираторни инфекции, вагинална кандидијаза и губење на телесна тежина постојат резултати од прелиминарни клинички испитувања. Тие покажуваат придобивки во третирање на симптоми на атопичен дерматитис кај новороденчиња и деца и намалување на ризикот од развој на атопичен дерматитис за 18%. Пробиотиците исто така ја намалуваат можноста за појава на најмалку една акутна инфекција на горниот дел од респираториот тракт за време на зимскиот и пролетниот период за 42-47% кај новороденчиња, деца и возрасни. Прелиминарните клинички истражувања за вагинална кандидијаза покажуваат дека вагитории кои содржат Lactobacillus GG двапати на ден во период од 7 дена во комбинација со конвенционален третман може да помогнат во олеснување на субјективните симптоми.

Безбедносни мерки во однос на употребата на пробиотици

Пробиотиците генерално се непатогени и се сметаат за безбедни кај повеќето пациенти, но постои и таква популација на пациенти кај кои што употребата на пробиотици може да претставува проблем. Најчесто пробиотиците кај имунокомпромитираните пациенти и пациенти со компромитиран интегритет на црева се употребуваат со голема претпазливост или во крајна линија се избегнува нивната употреба. Спифична популација на пациенти кај коишто употребата на пробиотици треба да се избегнува се: тешко компромитирани или критично болни пациенти, имунокомпетентни пациенти кои имаат потреба од подолготрајна хоспитализација, пациенти кои употребуваат антибиотици со широк спектар на дејство, новороденчиња со ризик фактори за бактеремија, пациенти со абдоминална обструкција или нарушен интегритет на црева. Појава на фунгемија е забележана кај возрасни и педијатриски пациенти третирани со Saccharomyces boulardii за време на нивна хоспитализација во одделенија за интензивна нега, поради контаминација на катетер преку воздух, околна површина или контаминирани раце. Поради тоа, за да се превенира ваквата појава производите кои содржат Saccharomyces boulardii треба да се отвораат со ракавици, надвор од просторија каде се наоѓаат пациенти со централни венски катетри.

Референца:

  1. Thad Wilkins et al., Probiotics for Gastrointestinal Conditions: A Summary of the Evidence. Am Fam Physician 1,96(3):170-179. 2017

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.