2

Примената на современи техники во биоинженерингот со кои се зголемува продукцијата на протеините може да води до ефективна COVID-19 вакцина

Современа техника во биоинженерингот со која би се зголемила продукцијата на специфични протеини може да претставува база во пронаоѓањето на ефективна вакцина кон новиот коронавирус кој ја предизвикува болеста COVID-19. Научниците го измениле биохемискиот клеточен процес за да ги зголемат новоата на два протеини што ги користи вирусот за да инфицира други клетки, ги формулирале овие упатства за зголемување на синтеза на протеините  во наночестици и ги инјектирале кај глувци. Во рок од месец дена, глувците развиле антитела против SARS-CoV-2.

Поконкретно, фрагментите кои носат нови инструкции се внесуваат во клетката во форма на липидни наночестички и се имплементираат во mRNA. Самиот фрагмент не се преведува во протеин туку едноставно дава наредба да се зголеми количината на синтетизиран протеин. Имплементираните фрагменти се нарекуваат региони кои се нарекуваат untranslated regions или UTRs (во молекуларната биологија тие претставуваат секции од секвенцата на молекулот на mRNA кои се наоѓаат на 5’ или 3’ крајот од кодирачкиот дел од секвенцата). Главната цел на студијата била да се оптимизираат UTRs за да се зголеми продукцијата на протеини. Имено, научниците со администрација на мала доза на mRNA сакале да продуцираат колку е можно поголема концентрација на протеини (антигени) со што успешно би се индуцирало создавањето на антитела кон вирусот. Тимот експериментирал со два потенцијални антигени за кои е познато дека учествуваат во инфицирањето на клетките: спајк (S) протеинот кој е локализиран на површината на вирусните честици и т.н. receptor binding domain, кој претставува компонента на спајк протеинот. Двата антигени се користат во другите SARS-CoV-2 кандидати на вакцини со цел да предизвикаат продукција на антитела.

Преклиничките испитувањата се спроведувале на глувци кои покажале имун одговор околу 30 дена по инјектирањето со многу мала доза на модифицираната mRNA што резултирала со продукција на антигени во организмот. Антигените индуцираат синтеза на антитела што е и главна цел на вакцините како фармацевтска дозирана форма.

Овој метод освен за потребите на моменталната борба со вирусот кој предизвикува КОВИД-19 , подетално се испитува и за други заболувања предизвикани од бројни патогени агенси.

REFERENCES:

Zeng, C., et al. (2020) Leveraging mRNA Sequences and Nanoparticles to Deliver SARS‐CoV‐2 Antigens In Vivo. Advanced Materialsdoi.org/10.1002/adma.202004452.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.