Antioxidant Rich Food Health Benefits

Придобивки од употреба на антиоксиданси врз човечкото здравје

Придобивки од употреба на антиоксиданси врз човечкото здравје

Антиоксидансите претставуваат супстанции кои можат да го превенираат или да го намалат оштетувањето на клетките предизвикано од слободни радикали, нестабилни молекули кои се создаваат во телото како резултат на реакција кон фактори од средината или други влијанија. Слободните радикали се отпадни материи кои се создаваат од страна на клетките при процесот на обработка на храната и реакциите кон животната средина. Доколку телото не може ефикасно да ги процесира или острани слободните радикали, настанува оксидативен стрес кој може да предизвика оштетување на клетките и функцијата на телото. Слободните радикали уште се познати и како реактивни видови на кислород. Факторите кои го зголемуваат производството на слободните радикали во телото може да бидат внатрешни како на пример воспаление или надворешни како што се загадување, изложеност на ултравиолетово зрачење и чад од цигари. Оксидативниот стрес се поврзува со срцеви заболувања, карцином, артритис, мозочен удар, респираторни заболувања, имунодефициенција, емфизем, Паркинсонова болест и други воспалителни или исхемични состојби.  За антиоксидансите се смета дека помагаат во неутрализирање на слободните радикали во телото, со што се поттикнува целокупното здравје.

Примери за антиоксиданси кои се синтетизираат во телото се: витамин А, витамин Е, бета-каротен, ликопен, лутеин, селен, манган и други. Флавоноиди, флавони, катехини, полифеноли и фитоестрогени се сите типови на антиоксиданси и фитонутриенти кои може да се најдат во храната која се базира на растителни производи. Секој антиоксиданс има своја функција и истиот не може да биде заменет со друг антиоксиданс. Најдобри извор на антиоксиданси е храна која се базира на растителни производи, особено овошје и зеленчук. Храната која е особено богата со антиоксиданси често се нарекува и функционална храна. Со цел внес на специфични антиоксиданси, во исхраната се препорачува да се употребува:

  • Витамин А: млечни производи, јајца и црн дроб.
  • Витамин Ц: во најголем дел овошје и зеленчук, особено зрнести плодови, портокали и пиперки.
  • Витамин Е: јаткасти плодови и семиња, сончоглед и други растителни масла и зелен лиснат зеленчук
  • Бета-каротен: светло обоени овошја и зеленчуци, како морков, грашок, спанаќ и манго.
  • Ликопен: розево и црвено овошје и зеленчук, вклучувајќи домати и лубеници.
  • Лутеин: зелен, лиснат зеленчук, пченка, папаја и портокали.
  • Селен: ориз, пченка и други цели зрна, како и јаткасти плодови, јајца, сирење и мешункаст зеленчук.

Друг вид на храна за која се верува дека е добар извор на антиоксиданс е:

  • модар домат
  • легуминозен зеленчук како што е гравот
  • зелен и црн чај
  • црвено грозје
  • темно чоколадо
  • калинка

Важно е да се напомене дека иако студиите го поврзуваат конзумирањето на овошје и зеленчук со подобра здравствена состојба, сепак сеуште не е јасно дали пред сè тоа се должи на активноста на антиоксидансите. Покрај тоа, потребна е претпазливост и во однос на суплементите. Националниот институт за здравје (National Institutes of Health) предупредува дека високи дози на суплементи може да бидат штетни. На пример, висок внес на бета-каротен се поврзува со зголемен ризик од карцином на бели дробови кај пушачите. Високи дози на витамин Е го зголемуваат ризикот од карцином на простата и употребата на некои суплементи се поврзува со зголемен ризик од раст на тумор. Суплементите на антиоксиданси, исто така, може да стапат во интеракција со некои лекови, па поради тоа потребна е претходна консултација со лекар или фармацевт пред употреба на суплементите. Тие мора правилно да се употребуваат, како и лековите, и притоа не е препорачливо здравите луѓе да земаат антиоксиданси, додека пак нивната употреба е оправдана кај луѓе со одредени болести како карцином, кардиоваскуларно заболување и слично ,со цел ублажување на симптомите и можност за намалување на прогресијата на болеста.

Референци:

  1. Explaining antioxidants to patients (2019, April 10). Retrieved from https://www.pharmacytimes.com/contributor/gunda-siska-pharmd/2019/04/explaining-antioxidants-to-patients-part-1. Last accessed 2019.
  2. (2018, March 1). Retrieved from https://medlineplus.gov/antioxidants.html. Last accessed 2019.
  3. Antioxidants and cancer prevention. (2017, February 6). Retrieved from https://www.cancer.gov/about-cancer/causes-prevention/risk/diet/antioxidants-fact-sheet. Last accessed 2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.