Swine Flu 1

Превенција и менаџмент на свински грип

Превенција и менаџмент на свински грип

Постојат четири видови на Influenza вируси: A, B, C и D.

  • Influenza A вирусите ги инфицираат луѓето и многу различни животни. Појавата на нов и многу поразличен вирус на инфлуенца А со способност да зарази многу луѓе и да одржи трансмисија од човек на човек, може да предизвика пандемија на грип.
  • Influenza B вирусите циркулираат меѓу луѓето и предизвикуваат сезонски епидемии. Неодамнешните податоци покажуваат дека фоките исто така можат да бидат заразени.
  • Influenza C вирусите можат да ги инфицираат и луѓето и свињите, но инфекциите обично се благи и ретко се пријавуваат.
  • Influenza D вирусите обично го афектираат добитокот и не е познато дека можат да заразат луѓе.

Influenza A вирусите припаѓаат на ортомиксовирусите и се најзначајниот тип за јавното здравје поради нивниот потенцијал да предизвикаат пандемија на грип. Influenza А вирусите се класифицираат во поттипови според комбинациите на различни протеини хемаглутинин (HA) и неураминидаза (NA) експресирани на површината на вирусот. Хемаглутининот предизвикува слепување на еритроцитите и врзување на вирусот со заразената клетка. Неураминидазата е еден вид гликозид хидролаза ензим кој помага да се пренесат вирусните честички преку заразената клетка и помага во излегувањето на вирусот надвор од клетката домаќин со цел да нападне нови соседни клетки.

Досега има 18 различни подтипови на хемаглутинин и 11 различни подвидови на неураминидаза. Во зависност од домаќинот од каде потекнуваат првично, Influenza A вирусите може да се класифицираат како птичји грип, свински грип (или свинска инфлуенца) или други видови на вируси на грип. Примери се поттиповите на вируси кои предизвикуваат “птичји грип” како H5N1 и H9N2, или поттиповите на вируси кои предизвикуваат свински грип како што се H1N1 и H3N2.

Свинскиот грип е предизвикан од Influenza H1N1 вирусот кој е поттип на вирусот на Influenza A. Тој беше најчеста причина за грип во 2009 година и е поврзан со пандемијата во 1918 година, позната како шпански грип. Во јуни 2009 година, Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи новиот вид на Influenza A – Swine lineage (H1N1) како пандемичен со регистрирани 17 000 смртни случаи од почетокот на 2010 година. Пандемијата со свински грип беше прогласена како завршена на 10 август 2010 година.

Во средината на 20 век, идентификувањето на поттиповите на Influenza стана возможно, овозможувајќи точна дијагноза на трансмисијата кај луѓето. Овие видови на свински грип ретко се пренесуваат од човек на човек. Симптомите на зоонотичен свински грип кај луѓето се слични на оние на грип и болест слична на грип, како што се треска, треска, болки во грлото, мускулни болки, тешка главоболка, кашлање, слабост и општа непријатност. Препорачаното време на изолација на инфицираниот пациент е околу пет дена.

Тешките случаи на свински грип може да бидат фатални. Повеќето фатални случаи се јавуваат кај високоризични пациенти со хронични медицински состојби, како што се ХИВ или СИДА. Поголемиот дел од пациентите со свински грип се опоравуваат и  имаат нормален живот по прележувањето на вирусот.

Има повеќе дијагностички тестови за свински грип и тоакултивирање на вирусот, серолошки тест, брзо тестирање на антигени, полимеразна верижна реакција со реверзна транскрипција или RT-PCR (reverse transcription polymerase chain reaction), имунофлуоресцентни анализи и брзи молекуларни анализи. Сензитивноста и специфичноста на секој тест за свински грип може да се разликуваат од страна на лабораторијата во која се спроведува тестот, од типот на употребениот тест, времето од почетокот на болеста до собирањето на примерокот и типот на тестиран примерок. Меѓу респираторните примероци за вирусна изолација или брзо откривање на вирусот на хуманиот Influenza вирус, назофарингеалните примероци обично имаат поголем принос од примероците само од нос или само од грло. Како и со било кој дијагностички тест, резултатите треба да се евалуираат во контекст на други клинички и епидемиолошки информации достапни за давателите на здравствени услуги.

Oseltamivir, познат под комерцијалнот име Tamiflu, е антивирусен лек кој се користи за лекување и спречување на грип предизвикан од Influenza А и B. Се препорачува кај лица со компликации и коморбидите и лица кои спаѓаат на високоризичните групи со можност од компликации во рок од 48 часа по првите симптоми на инфекцијата. Се препорачува да се спречи инфекција кај високоризични пациенти, но не и кај општата популација. Се зема пер ос како капсула или како орална суспензија.

Oseltamivir е компетитивен инхибитор на неураминидазата. Неураминидазата е ензим кој преку раскинување на сијалинската киселина која се наоѓа на гликопротеините на површината на човечките клетки му помага на вирусот да излезе од клетката домаќин, да нападне нови соседни човечки клетки и да ги инфицира. На овој начин, oseltamivir преку инхибиција на неураминидазата го спречува ослободувањето на нови вирални честички и ширењето на вирусот на Influenza.

Oseltamivir е одобрен за употреба во САД во 1999 година. Тој е првиот орален инхибитор на неураминидаза и се наоѓа на листата на есенцијални лекови на СЗО. Генеричката верзија на тамифлу беше одобрена во 2016 година, со што се намали и цената на третманот.

Прилагодување на дозата може да биде потребно кај оние со проблеми со бубрезите.

Се препорачува пациентите да ги менаџираат симптомите на свински грип со внесување на многу течности и многу одмор. Исто така, за справување со главоболките и болното грло, се препорачува и земање на ОТС лекови за болка, како што се НСАИЛ.

Препораките за oseltamivir се контроверзни како што се и критиките за негова употреба. Cochrane-овиот преглед во 2014 година заклучи дека oseltamivir не ги намалува хоспитализациите и дека не постојат докази за намалување на компликациите од грипот. Две мета-анализи заклучија дека придобивките кај здрави пациенти не ги надминуваат ризиците.Тие, исто така, открија малку докази во врска со тоа дали третманот го менува ризикот од хоспитализација или смрт кај популацијата на високоризични пациенти. Сепак, друга мета-анализа докажува дека oseltamivir е ефикасен за превенција на Ιnfluenza вирусот.

Најчестите несакани ефекти од вакцината се повраќање, дијареа, главоболка и проблеми со спиењето. Други несакани дејства може да вклучуваат психијатриски симптоми и напади, но тие се многу ретки. Вакцината тамифлу се препорачува за високоризични групи на пациенти, како и бремени жени за време на инфекција со influenza.

Референци:

  1. Davies, BE (April 2010). “Pharmacokinetics of oseltamivir: an oral antiviral for the treatment and prophylaxis of influenza in diverse populations” (PDF). The Journal of Antimicrobial Chemotherapy. 65 Suppl 2: ii5–10. doi:10.1093/jac/dkq015. PMC 2835511. PMID 20215135. Archived (PDF) from the original on 2017-09-08.
  2. Ebell, MH; Call, M; Shinholser, J (April 2013). “Effectiveness of oseltamivir in adults: a meta-analysis of published and unpublished clinical trials”. Family Practice. 30 (2): 125–133. doi:10.1093/fampra/cms059. PMID 22997224.
  3. “World Health Organization (WHO) – Influenza (Avian and other zoonotic)”. https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/influenza-(avian-and-other-zoonotic)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.