Picture2

Препораки за пациентите во време на сезона на настинки

Препораки за пациентите во време на сезона на настинки

Во сезона на настинки и грипови, многу пациенти со симптоми на кашлица и кивање бараат здравствени совети во аптеките.  Во таа насока, фармацевтот во аптека мора да ги едуцира пациентите за потенцијалните ризици од постојаното земање на ОТС (over the counter)  лекови за настинка и грип и други ОТС пропишани аналгетици и антипиретици. Американската асоцијација на центрите за контрола на труење (American Association of Poison Control Centers)  проценила дека во 2016, 30% од ненамерните грешки во терапијата со лекови се поврзани со дуплирање на терапија (“дупла доза”), како резултат на земање на повеќе од еден лек со истата активна компонента.1 Како пример, се проценува дека повеќе од 50 милиони американци користат лекови кои содржат ацетаминофен секоја недела. Ацетаминофенот е најчестата лековита компонента во Америка – над 500 ОТС и лекови на рецепт содржат ацетаминофен. Според ова, пациентите многу лесно можат несвесно да ги дуплираат активните компоненти и да земат двојно повисока доза, што може да има несакани последици.2
Фармацевтот мора да биде свесен дека пациентите ретко ја читаат ознаката на лекот и внатрешното упатство целосно. Советувањето и едуцирањето на пациентите е неопходно со цел да се превенираат несаканите последици како резултат на дуплирање на симптоматската терапија за третман на настинки и грипови неопходно. Во таа насока, пациентите од страна на фармацевтот треба:

  • Да се потсетат да го прочитаат упатството.
  • Да им се посочи два пати да ја проверат активната компонента и упатствата за дозирање, и да ги споредат со сите лекови кои ги земаат во моментот.
  • Да им се посочат корисни веб-страни со материјали кои објаснуваат како се идентификува активната компонента во нивните лекови, како и предупредувањата.
  • Да им се потенцира дека кога имаат сомнеж секогаш треба да се обратат на здравствен професионалец пред да користат било каков лек, вклучувајќи и ОТС.
  • Да се советуваат да земаат САМО 1 лек со ист вид на активна компонента.
  • Да им се објасни на пациентите дека земањето на повеќе од еден лек со истата активна компонента во исто време, може да ја зголеми веројатноста за несакани ефекти. Како за пример,  доколку земаат повеќе од еден лек кој содржи ацетаминофен во исто време, се зголемува веројатноста да земат повеќе од дозволеното (над 4000mg/24часа) што може да биде штетно за функцијата на црниот дроб.
  • Да им се посочи да се придржуваат до препорачаната доза и да забележуваат колку и што земаат.
  • Да им се објасни дека е важно да се знае точната доза и честота, како и да не се зема повеќе од дневната доза. За ацетаминофен, максималната доза е 4000mg на 24 часа. Може да помогне да им се напомене на пациентите да водат дневник за сите лекови кои ги земаат, вклучително лекови на рецепт, ОТС лекови, витамини и суплементи, и да забележат во колку часот ја земале дозата, колкава доза земале и кога треба да ја земат наредната доза.

Како и секогаш, важно е да се охрабрат пациентите да побараат помош од нивниот фармацевт или друг здравствен работник доколку имаат прашања и нејаснотии. Исто така, важно е да се потсетат дека доколку се сомневаат дека земале повеќе од дозволеното количество активна компонента, да побараат медицинска помош веднаш.

Референци:
1. American Association of Poison Control Centers Releases 33rd Annual Report of the National Poison Data System [news release]. Alexandria, Va. AAPC website. Accessed Oct. 19, 2017 http://www.aapcc.org/press/73/

2. Get the facts about acetaminophen. Knowyourdose.org. http://www.knowyourdose.org/get-the-facts/.Accessed October 19, 2017.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.