2410394

Прелиминарни резултати од спроведеното истражување “ДАЛИ ФАРМАЦЕВТИТЕ СЕ ЗАБОРАВЕНИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ?” можете да ги погледнете во продолжение

Почитувани колеги,

На 24.04.2020 година, Центарот за континуирана едукација и Националниот фармакоинформативен центар при Фармацевтскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започнаа со истражување “ УЛОГАТА И АКТИВНОСТИТЕ НА ФАРМАЦЕВТИТЕ ВО Р.С. МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА COVID-19 ПАНДЕМИЈА”.

Истражувањето се спроведува во време кога и на глобално ниво се поставува прашањето: Дали фармацевтите се заборавените здравствени работници?. Од 05.05.2020 во обидите да се даде одговор на ова прашање, како поддршка на фармацевтите кои се прва линија на одговор во тековната здравствена криза, активно се вклучува и Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД). За целите на истражувањето моментално се активни два анкетни прашалника:

 

  • Првиот анкетен  прашалник    кој е наменет за секој фармацевт индивидуално, треба да обезбеди увид во ставовите и потребите на фармацевтите во одговорот на пандемијата на COVID-19 и почнувајќи од 24. 05. 2020 година е достапен на https://www.surveymonkey.com/r/S5QL99D.

Според прелиминарниот пресек на резултатите од добиените податоци за периодот 24.04- 04.05.2020, анкетирани се вкупно 511 испитаници, од кои најголемиот дел се фармацевти (81.8%), по што следуваат фармацевтски техичари (13.3%); најзастапени се фармацевтите вработени во аптекарскиот сектор (58.9%), по што следуваат оние во фармацевтската индустрија (14.68%).

Од вкупниот број на испитаници:

  • влијанието на COVID-19 врз личното здравје е причина за загриженост кај приближно 72%;
  • загриженост заради влијанието на COVID-19 врз фармацвтската професија пријавиле 68%;
  • 42% се изјасниле дека не бележат промена во ефикасноста на извршување на професионалните активности;
  • најголемиот дел од фармацевтите (74.5%) своите професионални обврски ги извршуваат на своите работни места;

 

  • најчести предизвици со кои се соочуваат оние кои работат во домашни услови се:
    • потешка комуникација со соработниците; 2) ограничен пристап до алатките или информациите потребни за извршување на работата од дома; 3) придржување до редовниот распоред на активности;
  • приближно 14% изјавиле дека биле директно вклучени/консултирани во изготвување и спроведување на мерките за справување со пандемијата на КОВИД- 19 (како фармацевтска компанија, лично или познаваат колега фармацевт кој е директно вклучен);
  • Светската здравствена организација и Министерството за здравство на РСМ се најчесто користените извори на информации поврзани за COVID-19 (>80%);
  • високи 70.25% немаат поминато соодветна обука за делување за време на пандемија;
  • најголемиот дел од оние што ја пополниле анкетата сакаат да ги прошират своите знаења поврзани со Фармацевтско управување со COVID-19 и Контрола на превенција на инфекции, по што следат Употреба на опрема за лична заштита и Истражување и развој
  • 66% сметаат дека социјалното дистанцирање придонесува за зголемување на обемот на работата на аптеките во земјата
  • најголемиот дел од Вас (83%) сметаат дека не постои поддршка надвор од вашата организација во однос на обезбедување на PPE, обука, поддршка за начин на одржување на хигиена и слично

 

  • Вториот прашалник кој е наменет за аптеките, треба да обезбеди увид во динамиката и карактерот на аптекарската пракса и да допринесе во согледување на Улогата и активностите на фармацевтите во аптеките во Р.С. Македонија во периодот на COVID-19 пандемија. Овој прашалник на 29.05.2020 година беше испратен директно на е-mail aдресите наведени во регистерот на аптеки (903 аптеки) достапен на lekovi.zdravstvo.gov.mk. Прашалникот е достапен на следниот линк: https://www.surveymonkey.com/r/NJDFFGK

 

o Од исклучително значење е да се одговорат прашањата со реден број 3 и 5 кои се однесуваат на број на фискални сметки и реализирани рецепти на месечно ниво за периодот јануари-април 2020 год., како и прашањата под број 4 и 6 кои се однесуваат на тоа на кој датум во надеведните месеци сте имале најголем број на фискални сметки и реализирани рецепти.

 

Ви благодариме на учеството и вашиот придонес во истражувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.