Medicines

Поврзаност меѓу статините, инхибиторите на калциумови канали, метформинот и психијатриските нарушувања

Поврзаност меѓу статините, инхибиторите на калциумови канали, метформинот и психијатриските нарушувања

Сериозните психијатриски нарушувања, вклучувајќи биполарно растројство, шизофренија и неафективни психози се асоцирани со висока стапка на морбидитет и претставуваат предизвик во поглед на нивното лекување. За голем дел од лековите кои најчесто се пропишуват во општата популација, покрај воспоставените индикации, можна е нивна употреба и во лекување на психијатриските нарушувања. Ваквата стратегија на идентификување на нови индикации на веќе одобрени или лекови во фаза на испитувања кои се надвор од оригиналната медицинска индикација е потенцијално ефикасна во однос на цената на чинење, постои низок ризик и е неопходна во развојот на лекови за психијатриски нарушувања.

Во неодамнешната студија објавена во ЈАМА Psychiatry, интериндивидуалните кохортни студии кај пациенти со сериозни психијатриски нарушувања ги споредуваат стапките на психијатриска хоспитализација и суицидални намери за време и по периодите на употреба на лековите. Во студиите биле вклучени вкупно 142 691 пациенти од целокупната популација на Шведска со дијагнза на биполарно растројство, шизофренија или неафективна психоза на возраст ≥15 години и кои биле третирани со психијатриски лекови во периодот од 1 октомври 2005 – 31 декември 2006 година.

Истражувани се три класи на лекови за кои постои потенцијални клинички придобивки: инхибитори на ензимот хидроксиметилглутарил коензим-А редуктаза (статини), антагонисти на L- тип на калциумови канали (на пр. верапамил хидрохлорид) и бигванидини (на пр. метформин хидрохлорид).Оваа студија е прва од ваков тип што покажува дека при периоди на употреба на инхибитори на хидроксиметилглутарил коензим-А редуктаза, антагонисти на L-тип на калциумови канали и бигванидини, присутна е помала стапка на психијатриски случаи и суицидални намери кај пациенти со сериозни психијатриски нарушувања.

Секој од овие лекови има теоретска основа за ефикасно намалување на психијатриските симптоми. Притоа, утврдено е декаво периодите на употреба на инхибитори на хидроксиметилглутарил коензим-А редуктаза, присутна е намалена психијатриска хоспитализација во сите подгрупи на сериозни ментални нарушувања и со редуцирани суицидални случаи и шизофренија. Постојат неколку објаснувања во однос на овие сознанија.

Статините поседуваат антиинфламаторна активност, со влијание врз нивото на интерлеукин-1β, интерлеукин-6, тумор-некротизирачки фактор и C- реактивен протеин. Големиот број на податоци укажуваат дека системските и невроинфламаторните процеси се вклучени во патофизиологијата на психијатриските нарушувања. Од друга страна, инхибиторите на хидроксиглутарил коензим-А редуктаза може да стапат во интеракција со други супстрати за P- гликпротеин (вклучувајќи антипсихотични лекови). Според истражувањата, не постојат докази за интеракција меѓу периодите на употреба на статини и антипсихотици. Сепак, со цел проценка на овој механизам, потребно е испитување на лекови кои имаат висок афинитет кон P-гликопротеин, како quetiapine fumarate или risperidone. Кај анимални модели пронајдено е дека статините  вршат нагорна регулација на рецепторите на N-methyl-D-aspartate и го зголемуваат врзувањето за мускаринските рецептори, потенцијално предизвикувајќи невропротективни ефекти  и зголемување на концентрацијата на допаминските рецептори на централно ниво, потенцијално предизвикувајќи антипсихотични ефекти. Секој од овие механизми може да предизвика релативно акутен ефект на статините врз стапките на психијатриска хоспитализација и суицидалните намери.

Спротивно на тоа, механизмот за третман на хиперхолестеролемија е побавен, вклучувајќи инхибиција на хидроксиглутарил коензим-А редуктазата, намалување на нивото на холестерол во хепатоцитите и зголемување на хепаталното ниво на рецепторите на липопротеините со ниска густина, намалувајќи ги нивното ниво во крвната циркулација.

Употребата на антагонисти на L- тип на калциумови каналисе поврзува со намалена стапка на психијатриска хоспитализација и суицидални намери. Овие лекои се поврзуваат со патофизиологијата на голем дел од менталните нарушувања, вклучувајќи нарушувања на расположението, зависност, нарушен сон и психотична болест. Инхибиција на рецепторите доведува до кардиодепресантно и вазодилататорно дејство, но изоформите на антагонисти на L- тип на калциумови канали се широко распространети надвор од кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи ги невроните. Овие изоформи се чини дека го контролираат емоционалното однесување кај анималните модели и се поврзуваат со антидепресивни и анксиолитички ефекти.

Употребата на метформин се поврзува со намалена психијатриска и друг тип на хоспитализација кај сите подгрупи на сериозни ментални нарушувања. Суицидалните намери се намалени кај пациентите со биполарно растројство и шизофренија за време на употреба на бигванидини. Метформинот потенцијално може да ги подобри симптомите кај сериозните психијатриски нарушувања поради нарушено искористување на гликозата од страна на мозокот, особено кај мозочни делови кои се поврзани со когнитивни нарушувања како кај шизофренијата.

Хиперхолестеролемија, хипертензија, дијабетес и предијабетес се почести состојби кај пациенти со сериозни психијатриски нарушувања и доказите укажуваат дека ваквите состојби не се третираат подеднакво како кај општата популација. На пример, статините ќе бидат индицирани кај секој човек постар од 60 години со сериозни психијатриски нарушувања, но недостаток е избегнувањето на други ризик фактори за кардиоваскуларно заболување и адјувантна терапија со метформин за менаџирање на зголемувањето на телесната тежина како резултат на антипсихотичниот ефект.

Познавањето на начинот на дејство на сите три класи на лекови врз централниот нервен систем може да го олесни разбирањето на патофизиологијата на сериозните психијатриски нарушувања и да понуди можности за развој на иновативна фармакотерапија.

Референца:

  1. Hayes J, Lundin A, Wicks S et al. Association of hydroxylmethylglutaryl coenzyme A reductase inhibitors, L-type calcium channel antagonists, and biguanides with rates of psychiatric hospitalization and self-harm in individuals with serious mental illness. JAMA Psych2019; In press. doi: 10.1001/jamapsychiatry.2018.3907

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.