2

Потенцијални КОВИД-19 вакцини: Во какви услови треба да се чуваат mRNA-вакцините?

Според технологијата на производство, постојат повеќе видови на вакцини: вакцини во чија основа се нуклеински киселини (DNA и RNA-вакцини), вирусно-векторски вакцини, вакцини кои пренесуваат вирусни протеини и др. Следствено, новите КОВИД-19 вакцини кои сѐ уште се во фаза на развој, претставуваат различни технолошки платформи, при што секоја поседува свои карактеристики, и соодветно свои предности и недостатоци.

Американските биотехнолошки компании Моderna, Pfizer и BioNTech, заедно со две германски биотехнолошки компании се водечки фармацевтски компании кои вршат испитувања на mRNA-вакцините.

Според досегашните истражувања на повеќе фармацевтски компании ширум светот, потенцијалните mRNA-вакцини кои покажале позитивни резултати при клиничките испитувањата бараат екстремно ниски температури за нивно чување. Ова значително би ја отежнало дистрибуцијата на овие вакцини во здравствените установи без притоа да се намали нивниот квалитет.

Ваквите mRNA-вакцини, се покажало дека успеваат да го зачуваат својот квалитет при температури пониски од  -20 ˚C – екстремни услови што може да се постигнат во специјални лаборатории или пак во строго контролирани установи при што вакцината би била достапна на мал процент од популацијата. Сепак, не сите вакцини кои моментално се испитуваат бараат вакви специфични услови на чување.

Во моментов во САД и Германија се градат специјални магацини со строго контролирани услови и професионална опрема со цел подготовка за складирање на потенцијално одобрените вакцини и нивна организирана дистрибуција ширум светот. Магацините се градат како резултат на заедничките заложби на властите, интернационалните организации и фармацевтските компании во борбата против КОВИД-19. За потребите на mRNA-вакцините се произведуваат специјални комори како дел од овие магацини.

Има уште долг пат до конечната верзија на вакцината која ќе биде одобрена и дистрибуирана ширум светот, па затоа научните истражувања треба да бидат насочени кон тоа да се произведе вакцина која ќе поседува оптимални карактеристики на секое поле.

REFERENCES:

  1. Lee J., Moderna and Pfizer’s COVID-19 vaccine candidates require ultra-low temperatures, raising questions about storage, distribution. MarketWatch, 2020.

Available at: https://www.marketwatch.com/story/moderna-and-pfizers-covid-19-vaccine-candidates-require-ultra-low-temperatures-raising-questions-about-storage-distribution-2020-08-27

  1. Pandey A., COVID-19 vaccine: From the lab to your doorstep. DW, 2020.

Available at: https://www.dw.com/en/coronavirus-covid-19-vaccine-ups-astrazeneca-oxford/a-54691039

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.