3

Пациентите може да чувствуваат симптоми на инфекција со COVID-19 и по закрепнувањето

Новите докази покажуваат дека симптомите на COVID-19 можат да продолжат дури и по закрепнувањето.

Пандемијата на корона вирусот 2019 (COVID-19) континуирано презентира нови научни информации. Симптомите обично се појавуваат 2-14 дена по изложувањето на вирусот и истите може да вклучуваат треска, кашлица, губење здив, замор, болки во мускулите, главоболка, губење на сетилата за вкус или мирис, болки во грлото, конгестија или течење на носот, гадење или повраќање , и дијареја.1 Доказите покажуваат дека постарите лица и лицата со хронични болести имаат поголем ризик од развој на тешка форма на COVID-19.1

Постојат ограничени докази за трајни симптоми на COVID-19 по инфекцијата. Сепак, постојат извештаи за поединци кои со месеци по инфекцијата сеуште чувствуваат симптоми, вклучително и продолженo губeњe на сетилотo за вкус или мирис, тахикардија, болка во градите, губење здив, екстремен замор, когнитивни проблеми и рекурентни трески.2

Едно испитување спроведено во Италија ги проценувало трајните симптоми кај пациенти кои биле отпуштени од болницата по закрепнувањето од COVID-19.3 Фондацијата Policlinico Universitario Agostino Gemelli IRCCS во Рим, Италија воспоставила пост-акутна служба за пациенти кои биле отпуштени од болница по закрепнување од COVID-19. Пациентите кои биле отпуштени немале треска 3 последователни дена, имале подобрување на другите симптоми и 2 негативни резултати од тестот за SARS-CoV-2 -потребно е има 24 часовна разлика помеѓу двата теста . Покрај тоа, овие пациенти добија последователна нега преку сеопфатна здравствена проценка на деталната медицинска историја и физички преглед со информации документирани електронски.3

Пациентите требало ретроспективно да пополнат прашалник за симптомите за време на нивната инфекција со COVID-19 и дали симптомите продолжиле за време на нивната амбулантска посета.3 Визуелниот аналог EuroQol бил искористен за да се оцени квалитетот на животот на пациентите од 0 (најлошо можно здравје ) до 100 (најдобро можно здравје) пред СOVID-19 и во моментот на нивната посета во амбуланта.

Во испитувањето биле вклучени 143 пациенти со просечна возраст од 56,5 години, а 37% од нив биле жени. Пациентите се прегледувале при амбулантски преглед закажан во просек 60 дена по почетокот на нивните први симптоми од COVID-19. Испитувањето покажало дека 87,4% од пациентите кои закрепнале од COVID-19 пријавиле присуство на најмалку 1 симптом, особено замор и губење здив.3 Во моментот на нивниот амбулантски преглед, само 12,6% од пациентите повеќе не чувствувале симптоми на COVID-19, 32% имале 1 или 2 симптоми, а 55% имале 3 или повеќе симптоми. 44,1% од пациентите рекле дека имаат влошен квалитет на живот. Повеќето пациенти пријавиле дека сеуште чувствуваат замор (53,1%), губење на здив (43,4%), болки во зглобовите (27,3%) и болка во градите (21,7%).

Оваа испитување дава увид во можноста за подолг пат до закрепнување кај пациенти со COVID-19 по инфекцијата. Пациентите сè уште треба внимателно да се следат откако ќе бидат отпуштени од болницата преку последователни прегледи и телефонски контакти за да се проверат нивните симптоми и целокупниот квалитет на животот. Фармацевтите исто така можат да играат важна улога во процесот на следење на пациентите со COVID-19. Ограничувањата на испитувањето вклучуваат мал број учесници во испитувањето, недостаток на информации за историјата на симптомите пред инфекција со COVID-19 и ограничени детали за сериозноста на симптомите.3 Потребни се понатамошни испитувања за да се процени трајноста на симптомите на СOVID-19 по закрепнувањето.

Референци:

  1. Coronavirus disease 2019 (COVID-19) frequently asked questions. https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/faq.html. Updated July 3, 2020. Accessed July 10, 2020.
  2. Months after infection, many COVID-19 patients can’t shake illness. https://www.heart.org/en/news/2020/07/06/months-after-infection-many-covid-19-patients-cant-shake-illness. Published July 6, 2020. Accessed July 10, 2020.
  3. Carfi A, Bernabei R, Landi F.  Gemelli Against COVID-19 Post-Acute Care Study Group. Persistent symptoms in patients after acute COVID-19. JAMA. 2020. doi: 10.1001/jama.2020.12603. Online ahead of print.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.