1.

Oxford COVID-19 вакцина

Tим на истражувачи од Универзитетот во Оксфорд  и институтот Jenner се вклучени во развој на вакцина за COVID 19 наречена ChAdOx1 nCoV-19, за која во март 2020 е започнат скрининг на здрави доброволци (на возраст од 18-55 години), за претстојна клиничка студија.

Скринингот вклучува здрави доброволци на возраст помеѓу 18 и 55 години, кои доколку поминат, ќе бидат првите учесници кои ќе се вклучат во клиничка студија за тестирање на новата вакцина, наречена ChAdOx1 nCoV-19. Клиничката студија ќе вклучи 510 испитаници кои ќе примат вакцина или контролна инјекција за споредба, со што ќе се обезбедат информации за безбедноста на вакцината, како и за нејзината способност да предизвика имунолошки одговор против вирусот.

Вакцината е аденовирус вектор (ChAdOx1) и е развиена со најпогодна технологијата за развој на SARS-CoV-2 (COVID-19) вакцини, бидејќи истата може да предизвика силен имунолошки одговор од една доза, а не е реплицирачки вирус така што не може да предизвика  инфекција кај лицето кое се вакцинира. Ова исто така ја прави безбедна за употреба кај деца, повозрасни лица и за оние со претходно постоечка  медицинска состојба како што е дијабетес. Аденовирус-вектори се многу добро проучен тип на вакцини, технологија која се користи безбедно во развој на вакцини насочени кон над 10 различни болести.

SARS-CoV-2 содржат специфичен spike протеин на својата површина што претставува таргет за развој на вакцините за коронавирус. Оксфорд вакцината содржи генетската секвенца на специфичен spike протеин од површината на SARS-CoV-2, во рамките на конструкцијата ChAdOx1. По вакцинацијата, се создава spike протеин на коронавирус, кој создава специфичен имунолошкиот одговор потребен при повторен контакт со вирусот.

Вакцината е произведена согласно стандардите на Clinical Biomanufacturing Facility на Oxford University, а клиничката студијата е одобрена од релевантните регулаторни тела и етичката комисија во Велика Британија.

Reference:

Oxford COVID-19 vaccine programme opens for clinical trial recruitment, published on 27 MAR 2020.

http://www.ox.ac.uk/news/2020-03-27-oxford-covid-19-vaccine-programme-opens-clinical-trial-recruitment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.