1

Основни мерки на заштита против новиот коронавирус

Бидете информирани во врска со последните новости поврзани со појавата на COVID-19, достапни на сајтот на Светската Здравствена Организација и сајтовите на националните и локалните центри за јавно здравје. COVID-19 сè уште е најактивен во Кина, но значајни жаришта на инфекцијата постојат и во други држави во Азија, Европа и Северна Америка. Заштитете го своето здравје и здравјето на другите преку превземање на следните чекори:

  • Мијте ги рацете често и темелно со средство за дезинфекција кое содржи алкохол или сапун и вода, со што би се уништиле вирусните честички кои потенцијално се наоѓаат на вашите раце;
  • Одржувајте растојание од најмалку 1 метар помеѓу вас и други лица кои кашлаат и киваат.
  • Избегнете допирање на очите, носот и устата со што би спречиле трансфер на вирусни партикли во вашето тело;
  • Одржувајте респираторна хигиена – покријте ги устата и носот со свиткан лакт кога кашлате или кивате или користете шамивче кое би го фрлиле веднаш по користењето;
  • Доколку имате треска, кашлица или тешкотии во дишењето, побарајте медицинска помош веднаш по појавата на првите симптоми;
  • Останете информирани и следети ги советите кои ги даваат Вашиот доктор, националните и локалните центри за јавно здравје и работодавачите.

Кога и како да користите маска?

  • Доколку сте здрави, носете маска само доколку се грижите за лице кое е суспектно за инфекција со 2019-nCoV;
  • Носете маска доколку кашлате или кивате;
  • Маските се ефективни само доколку ги користите во комбинација со често миење на рацете со средство за дезинфекција кое содржи алкохол или со сапун и вода;
  • Пред да ја ставите маската, измијте ги темелно рацете;
  • Покријте ги устата и носот со маска и осигурајте се дека нема простор помеѓу лицето и маската;
  • Избегнувајте допирање на маската додека ја користите; доколку ја допирате измијте ги прво рацете;
  • Променете ја маската со нова кога ќе забележите дека е влажна и не употребувајте ја повторно;
  • Извадете ја маската од задната страна (не ја допирајте предната површина на маската); фрлете ја во затворена корпа а рацете веднаш измијте ги со средство за дезинфекција кое содржи алкохол или сапун и вода;

МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД COVID-19 ИЗДЕДЕНИ ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.