World Cancer Day

Општи факти за карциномот

Општи факти за карциномот

  • Карциномот е втората водечка причина за смрт на глобално ниво и причина за околу 9.6 милиони смртни случаи во 2018 година, така што се проценува дека околу 1 од 6 смртни случаеви настануваат како резултат на карцином.
  • Приближно 70% од смртните случаи поради карцином се јавуваат во слабо или средно развиени земји.
  • Околу една третина од смртните случаи од карцином се должат на 5 водечки ризици од аспект на секојдневни навики и исхрана: висок индекс на телесна маса, намален внес на овошје и зеленчук, недостаток на физичка активност, пушење и употреба на алкохол. Пушењето е најголем ризик фактор за појава на карцином и е одговорен за приближно 22% од смртните случаи поради карцином.
  • Карциномот може да предизвика инфекции, како хепатитис или хуманпапилома вирус (ХПВ) кои се одговорни за 25% од случаите на карцином во слабо или средно развиените земји.
  • Вкупните годишни економски трошоци поврзани со карцином во 2010 година се проценети на околу 1.16 трилиони долари.

Со терминот карцином се опфаќаат голема група на болести кои може да влијаат на секој дел од телото. Други термини кои се користат се малигни тумори и неоплазми. Дефинирана карактеристика на карциномот е неговото брзо создавање на абнормални клекти со абнормален раст кои можат да направат инвазија на околни ткива и органи и појава на метастази. Метастазите се главна причина за смрт од карцином.

Најчести видови на карцином се:

  • Карцином на бели дробови (2.09 милиони случаи)
  • Карцином на дојка (2.09 милиони случаи)
  • Колоректален карцином (1.80 милиони случаи)
  • Карцином на простата (1.28 милиони случаи)
  • Карцином на кожа (1.04 милиони случаи)
  • Абдоминален карцином (1.03 милиони случаи)

Што ја предизвикува појавата на карцином?

Карциномот настанува како резултат на трансформацијата на нормалните клетки во туморски клетки во повеќестепен процес кој генерално напредува од преканцерогени лезии до малигнен тумор. Ваквите промени се резултат на интеракција меѓу човечките генетски фактори и три категории на надворешни агенси, вклучувајќи:

  • физички канцерогени, како ултравиолетово или јонизирачко зрачење
  • хемиски канцерогени, како азбест, компоненти кои се наоѓаат во чадот од цигарите, афлатоксин и арсен
  • биолошки канцерогени, како инфекции од одредени вируси, бактерии или паразити

Стареењето е уште еден основен фактор за развој на карцином. Инциденцата за карцином драматично се зголемува со возраста, пред се поради акумулација на ризик факторите за одредени видови на карцином. Целокпуната акумулација на ризикот е комбинирана со тенденцијата на помала ефикасност на клеточните механизми на репарација во текот на стареењето на човекот.

Ризик фактори за карцином

Пушењето, употребата на алкохол, нездравата исхрана и физичката неактивност се главните ризик фактори за карцином, како и ризик фактори за други непреносливи болести.  Некои хронични инфекции се ризик фактори за карцином и имаат главно влијание врз слабо и средно развиените земји. Околу 15% од карциномите дијагностицирани во 2012 година се резултат на канцерогени инфекции, вклучувајќиинфекција со Helicobacter pylori, хуманпапилома вирус, хепатитис Б, хепатитс Ц и Epstein-Barr вирус.

Хепатитис Б и Ц вирусот го зголемуваат ризикот  за карцином на црниот дроб, додека инфекција со ХПВ значително го зголемува ризикот за карцином нагрлото на матката.

Намалување на бурденот на карцином

Меѓу 30-50% од карциномите можат да се превенираат преку избегнување на ризик фактори и имплементирање на веќе постоечките стратегии кои се базираат на докази за превенција од појава на карцином. Бурденот може исто така да се намали и преку рана детекција и справување со пациентите кои развиле карцином. Кај голем дел од карциномите шансата за излекување е голема, доколку се дијагностицираат навремено и соодветно бидат третирани.

Промена или избегнување на ризик фактори

Промена или избегнување на клучните ризик фактори може значајно да го намали бурденот на карцином. Овие ризик фактори вклучуваат:

  • пушење
  • зголемена телесна тежина или гојазност
  • нездрава исхрана со намален внес на овошје и зеленчук
  • недостаток на физичка активност
  • употреба на алкохол
  • сексуално пренослива ХПВ инфекција
  • инфекција со хепатитис или други канцерогени инфекции
  • јонизирачко или ултравиолетово зрачење
  • загаден воздух
  • внатрешен чад од употреба на цврсти горива во домаќинството

Превентивни стратегии

  • избегнување на наведените ризик фактори
  • вакцинација против ХПВ и хепатитис Б вирусот
  • контрола на опасностите од работа
  • намалена изложеност на ултравиолетова и јонизирачка радијација

Вакцинацијата против ХПВ и хепатитис Б вирусите може да превенира еден милион случаи на карцином годишно.

Рана детекција

Морталитетот поради карцином може да биде редуциран доколку случаите можат да бидат детектирани и третирани навремено. Постојат две компоненти на рана детекција:

  • рана дијагноза – Доколку карциномот се идентификува порано, во најголем дел од случаите ќе даде позитивен одговор кон ефикасен третман и може да резултира со поголема веројатност за преживување, помал морбидитет и помали финансиски трошоци. Значајни подобрувања можат да настанат кај пациентите со карцином преку рана детекција и избегнување на долготрајно лекување.

Раната дијагноза се состои од три чекори кои мора да бидат интегрирани и навремено обезбедени:

  • подигнување на свеста и пристап до соодветна грижа
  • клиничка евалуацијаи дијагноза
  • пристап до третман

При отсуство на рана дијагноза, пациентите се дијагностицираат во подоцните фази од болеста кога третманот нема да покаже ефикасност.

  • Скрининг – Целта на скринингот е да се идентификуваат лицата со абнормалности кои укажуваат на специфичен карцином или преканцерогена состојба кај кои сеуште не се развиени симптоми и веднаш се упатуваат за дијагноза и третман. Програмите за скрининг може да бидат ефикасни за одредени типови на карциноми во случај кога: се користат соодветни тестови и истите ефикасно се имплементирани, поврзанисе со други чекори во процесот на скрининг и кога квалитетот е обезбеден. Генерално, скрининг програмите се покомплексни интервенции во поглед на јавното здравје во споредба со раната дијагноза.

Примери за скрининг методи се:

  • визуелна инспекција со оцетна киселина за карцином на грлото на матката кај слабо развиените земји
  • ХПВ тестирање за карцином на грлото на матката
  • ПАП тест за карцином на грлото на матката кај слабо и средно разиените земји
  • Мамографија за карцином на дојка.

Третман

Точната дијагноза на карцином е основна за соодветен и ефикасен третман, бидејќи секој тип на карцином бара специфичен тераписки режим кој вклучува една или повеќе модалитети како хирургија, радиотерапија и хемотерапија. Одредувањето на целите на третман и палијативна грижа се важен прв чекор и здравствените служби треба да бидат интегрирани и ориентирани кон пациентите. Некои од честите типови на карцином, како карцином на дојка, карцином на грло на матка, карцином на усните, усната празина и орофаринксот и колоректален карцином имаат високи шанси за излекување доколку навремено се детектираат и се третираат согласно најдобрата практика.Кај некои типови на карцином, дури и кога канцерогените клетки направиле инвзија и во други делови од телото, како тестикуларен семином и леукемија и лимфоми кај деца, сепак шансите за излекување се високи доколку се обезбеди соодветен третман.

Референци:

(1) Ferlay J, Soerjomataram I, Ervik M, Dikshit R, Eser S, Mathers C et al. GLOBOCAN 2012 v1.0, Cancer Incidence and Mortality Worldwide: IARC CancerBase No. 11
Lyon, France: International Agency for Research on Cancer; 2013.

(2) GBD 2015 Risk Factors Collaborators. Global, regional, and national comparative risk assessment of 79 behavioural, environmental and occupational, and metabolic risks or clusters of risks, 1990-2015: a systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2015. Lancet. 2016 Oct; 388 (10053):1659-1724.

(3) Plummer M, de Martel C, Vignat J, Ferlay J, Bray F, Franceschi S. Global burden of cancers attributable to infections in 2012: a synthetic analysis. Lancet Glob Health. 2016 Sep;4(9):e609-16. doi: 10.1016/S2214-109X(16)30143-7.

(4) Stewart BW, Wild CP, editors. World cancer report 2014
Lyon: International Agency for Research on Cancer; 2014.

(5) Global Initiative for Cancer Registry Development. International Agency for Research on Cancer
Lyon: France.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.