Karcinom Na Dojka

Октомври – месец за подигање на свеста за борба против ракот на дојка

Октомври – месец за подигање на свеста за борба против ракот на дојка

На глобално ниво, секоја година се поставуваат приближно 1.38 милиони нови дијагнози на карцином на дојка, а регистрирани се 458000 смртни случаи (IARC Globocan, 2008). Според овие статистички податоци, карциномот на дојка е најчест вид на карцином кај жените во светски рамки, во развиените, но и во земјите во развој.

Сè досега, не постојат доволно сознанија за оваа болест и според тоа, раната детекција е основа на контролата и менаџментот. Јасно е дека, раната детекција, соодветната дијагноза и третман ја зголемуваат можноста за излекување на пациентите со карцином на дојка. И токму во таа насока, неопходно е подобро разбирање на знаците и симптомите на оваа болест, но и редовен скрининг. За таа цел, секоја година во месец октомври се преземаат активности за зголемување на свесноста и подобрување на разбирањето за оваа болест, како една од најчестите малигни заболувања кај жените.

Знаци и симптоми

Знаците и симптомите поврзани со карцином на дојка се разликуваат помеѓу различни индивидуи. Поради таа причина, значајно е да се забележат сите промени и да се побара совет од здравствен работник доколку е потребно. Рани симптоми на карцином на дојка се: отекување на дојката, иритација на кожата, болка на дојката и брадавиците, промени во големината и формата на брадавиците, црвенило, секрет од брадавиците, грутка во делот близу пазувите и сл.

Практикувај рутински скрининг

Прво и најбитно е само – проверка на дојките, најмалку еднаш месечно. Друг проактивен метод за скрининг е мамографија. Мамографијата придонесува за рана детекција на карцином на дојка, уште пред да се појават симптомите. Покрај тоа, скринингот опфаќа и тестирање и детекција на генетски мутации (како на пример, BRCA 1, BRCA 2 и PALB2) што се поврзани со зголемен ризик од карцином на дојка и/или оваријален карцином.

Сподели искуства

Споделување на сопствени искуства помага за зголемување на свесноста за потребата од поддршка на тие што се соочиле во текот на животот или сега се соочуваат со оваа болест. За таа цел, се формираат здруженија и се организираат настани за обединување на сите што ја преживеале болеста, но и на тие што моментално се лекуваат.

Зголемување на свесноста

Во основа, постојат многу активности што може да се преземат за целите на зголемување на свесноста за карцном на дојка. Покрај, розевите панделки, охрабрување на едукацијата во училиштата и работните места ќе помогне во ширењето на информациите, подобрување на разбирањето на болеста, како и потребата од редовна само – проверка и скрининг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.