ADHD

Октомври – месец на подигање на свесноста за ADHD

Октомвримесец на подигање на свесноста за ADHD

17 милиони деца и возрасни во Соединетите Американски Држави моментално живеат со синдром на дефицит на внимание и хиперактивност (Attention – Deficit/Hyperactivity Disorder, ADHD). ADHD е невропсихијатриско нарушување и се карактеризира со невнимание, импулсивност и хиперактивност. Секој октомври се прославува месецот на подигање на свесноста за ADHD преку различни настани и активности.

Почетокот на симптомите на ADHD е уште во раното детство. ADHD може да се карактеризира како предоминантно невнимание, хиперактивност – импулсивност и комбинација, а секој од овие видови презентира специфични симптоми што помагаат во нивното разликување.

Повеќе различни фактори придонесуваат за развој на ADHD, како генетски фактори, повреди на мозокот, мала родилна тежина, како и изложеност на токсични материи од околината, злоупотреба на алкохол и нелегални супстанции во текот на бременоста. Дијагностицирањето на ова нарушување наметнува потреба од сеопфатна евалуација од страна на лиценцирано здравствено лице со експертиза во дијагноза и третман на ADHD.

Иако, сеуште нема лек, постојат терапевтски опции кои помагаат за подобрување на симптомите. На пример, може да биде даден психостимуланс, под медицинска супервизија, за зголемување на нивоата на допамин и норепинефрин во ЦНС (невротрансмитери што имаат важна улога во когнитивните функции, како размислувањето и вниманието). Достапни се и лекови што не се карактеризираат со психостимулативно дејство и тие се пропишуваат тогаш кога се јавиле несакани ефекти поврзани со психостимулансите или во комбинација за подобрување на терапевтскиот исход. Како дополнение на медикаментозната терапија, се применува и нефармаколошки третман (релаксациона и психотерапија) и се препорачуваат други активности, како прилагодени програми, социјална поддршка, групни активности и сл. Бихевиоралната и когнитивно бихевиоралната терапија се препорачува во третманот на ADHD.

Референци:

  1. EduBirdie announces support for children and adults with attention-deficit/hyperactivity disorder (CHADD) during ADHD awareness month in October [news release]. Wilmington, DE: EduBirdie Press; October 1, 2019. Accessed October 4, 2019.
  2. About ADHD overview. CHADD website. https://chadd.org/about-adhd/overview/. Published 2019. Accessed October 4, 2019.
  3. Attention-Deficit/Hyperactivity Disorder- Overview. National Institute of Mental Health website. https://www.nimh.nih.gov/health/topics/attention-deficit-hyperactivity-disorder-adhd/index.shtml. Published 2019. Accessed October 4, 2019.
  4. About the National Resource Center. CHADD website. https://chadd.org/about/about-nrc/. Published 2019. Accessed October 4, 2019

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.