3.

Off-label употреба на hydroxychloroquine и chloroquine во третман на COVID-19

Hydroxychloroquine и chloroquine се лекови за орална употреба кои се користат во третман на маларија и одредени воспалителни состојби. Chloroquine се користи за третман на маларија и хемопрофилакса, а hydroxychloroquine се користи за третман на ревматоиден артритис, системски еритематозен лупус и porphyria cutanea tarda. Двaта лека покажале ин витро активност против SARS-CoV, SARS-CoV-2 и други коронавируси, при што hydroxychloroquine покажал релативно поголема моќност против SARS-CoV-2.

Студија во Кина објавила дека третманот со chloroquine кај пациенти со COVID-19 покажал клиничка корист наспроти споредбена група, со што chloroquine е додаден како препорачан антивирусен третман за COVID-19 во Кина. Врз основа на ограничените ин витро податоци, hydroxychloroquine и chloroquine се употребуваат во неколку земји за третман на хоспитализирани пациенти со COVID-19 инфекција.

Механизмот на дејство на овие лекови е преку намалување на киселоста во ендозомите, клетoчни органели преку кои се  внесува материјал надвор од клетката, а со што би се спречило навлегување на некои вируси во клетката. Студиите сугерираат дека хлорохините имаат одредена активност против SARS-CoV-2, но потребните дози се обично високи и можат да предизвикаат сериозна токсичност.

И hydroxychloroquine и chloroquine имаат познати безбедносни профили со претпазливост за ризик за кардиотоксичност (синдром на продолжен QT интервал) при продолжена употреба кај пациенти со хепатална или бубрежна дисфункција и имуносупресија, но се покажало дека се добро толерирани кај пациенти со COVID-19.

Поради високата ин витро активност против SARS-CoV-2 и пошироката достапност во САД во споредба со chloroquine, hydroxychloroquine е администриран кај хоспитализирани пациенти со COVID-19 во повеќе земји, вклучително и во САД. Една помала студија објавила дека hydroxychloroquine сам или во комбинација со azithromycin ја намалува детекцијата на SARS-CoV-2 RNA во примероците земени од горен респираторен тракт споредено со не-рандомизирана контролна група, но ова студија не ја проценува неговата клиничката корист. Hydroxychloroquine и azithromycin се поврзани со продолжување на QT интервал и се препорачува претпазливост при користење на овие лекови кај пациенти со хронични медицински состојби (на пр. бубрежна инсуфициенција, хепатална болест) или кај пациенти кои примаат лекови со кои hydroxychloroquine и azithromycin влегуваат во интеракција која може да предизвика аритмија.

Позначајни интеркации на hydroxychloroquine со употреба на други лекови се:

– истовремена употреба на hydroxychloroquine со amitriptyline, albuterol или tramadol може да го зголеми ризикот од вентрикуларни аритмии вклучително  torsade de pointes и ненадејна смрт. Ризикот од вентрикуларна аритмија поврзан со продолжување на QT интервалот е непредвидлив, но може да се зголеми со присуство на одредени  фактори на ризик, како што се вроден долг QT синдром, срцеви заболувања или нарушувања на електролити (на пр. хипокалемија, хипомагнеземија);

– истовремена употреба на leflunomide може да го зголеми ризикот од несакани ефекти како анемија,крварење или инфекции;

– истовремена употреба на производи што содржат магнезиум, алуминиум или калциум, како што се антациди, може да ја нарушат апсорпцијата на на hydroxychloroquine и да ја намалат неговата ефикасност. За да се избегне ризикот од оваа интеракција, дозирањето на овие лекови треба да биде со временска разлика од најмалку 4 часа;

Hydroxychloroquine моментално е под клинички испитувања за профилакса при пред или пост-изложеност на SARS-CoV-2 и третман на пациенти со лесна, умерена и тешка COVID-19 инфекција. Во САД планирани се неколку клинички испитувања на hydroxychloroquine за профилакса или третман на инфекција со SARS-CoV-2. Истражувачи во Франција објавиле студија во која 20 пациенти со COVID-19 биле третирани со hydroxychloroquine. Тие заклучиле дека овој лек значително го намалува детектирање на вирусот  при анализа на носните брисеви. Во последно објавените насоки, Американското здружение за медицина и нега соопшти дека „нема доволно докази за да се даде препорака за употреба на hydroxychloroquine и chloroquine кај критично болни возрасни пациенти со COVID-19“.

REFERENCES:

  1. INFORMATION FOR CLINICIANS ON THERAPEUTIC OPTIONS FOR COVID-19 PATIENTS, published on March 21, 2020.

Content source: National Center for Immunization and Respiratory Diseases (NCIRD)Division of Viral Diseases.

https://www.cdc.gov/coronavirus/2019-ncov/hcp/therapeutic-options.html

 

2. WHO LAUNCHES GLOBAL MEGATRIAL OF THE FOUR MOST PROMISING CORONAVIRUS TREATMENTS published on March 22, 2020.

https://www.sciencemag.org/news/2020/03/who-launches-global-megatrial-four-most-promising-coronavirus-treatments

3. HYDROXYCHLOROQUINE DRUG INTERACTIONS

https://www.drugs.com/drug-interactions/hydroxychloroquine.html

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.