Influenza Photo

Нови препораки за третман на сезонска инфлуенца

Нови препораки за третман на сезонска инфлуенца

Сезоната на грипот е во тек и знаеме дека секоја сезона на грип може да донесе сериозни компликации, како пневмонија и воспаление на органи независно од респираторниот систем, како што се срцето, мозокот и мускулите. Прекумерен воспалителен одговор може да доведе до сепса, мултиорганско откажување, па дури и смрт. Овие компликации може да се појават само од инфекција со вирусот на инфлуенца или од ко-инфекција и со бактерии. Грипот, исто така, може да ги влоши и хроничните медицински проблеми како што се заболувањата на срцето или белите дробови.

Годишната вакцинација против грип за сите на возраст од 6 месеци и постари е најдобриот начин да се спречи сезонскиот грип. Додека повеќето возрасни веруваат дека вакцините се важни, потребни им се потсетници за да се вакцинираат. Истражувањата покажуваат дека повеќе е веројатно возрасните да се вакцинираат против грип ако нивниот лекар или здравствена установа им препорачаат. Вакцинацијата треба да продолжи сѐ додека се јавуваат случаи на заразени со вирусот на инфлуенца, дури и во јануари или подоцна. Вакцинацијата против инфлуенца вирусите може да ги намали болестите на грипот, посетите на лекар, отсуства од работа и училиште поради грип, како и спречување на хоспитализации и смртни случаи поврзани со грип.

Антивирусните лекови се важни исто како и вакцинацијата. Одредени луѓе имаат поголем ризик од тоа да развијат сериозни компликации како резултат на грипот. Се препорачува антивирусната терапија да се започне што е можно порано за секој пациент за кој се сомнева дека е заразен или веќе е потврдено дека е заразен со вирусот на инфлуенца кој е хоспитализиран, има комплицирана или прогресивна болест или има поголем ризик за компликации од самиот грип. Високоризичните групи за кои се препорачува антивирусно лекување се:

  • Децапомали од 2 години (иакоситедецапомалиод 5 годинисесметаатза лица со поголем ризик за компликацииодгрип, највисокризик постои заониекоисепомали од 2 години, сонајвисокастапканахоспитализација и смртносткајдоенчињапомалиод6 месеци)
  • Возрасни постари од 65 години
  • Лица сохроничнабелодробнаболест (вклучувајќи и астма), кардиоваскуларни (освенхипертензија), ренални, хепатални, хематолошки заболувања (вклучувајќисрпестаанемија) и нарушувањенаметаболизмот (вклучувајќидијабетесмелитус) илиневролошки и невро-развојнисостојби (вклучувајќиги и нарушувањатанамозокот, периферните нерви и мускулите, какоштосецеребралнапарализа, епилепсија, мозоченудар, интелектуалнапопреченост, умеренодосериознодоцнењеворазвојот, мускулнадистрофијаилиповредана ‘рбетниотмозок)
  • Лица под имуносупресивна терапија, вклучувајќи ги и оние предизвикани од лекови или имунокомпромитирани поради ХИВ инфекција
  • Бремени жени или жени во постпарталниот период (во периодот 2 недели по породувањето)
  • Лица под 19 години кои примаат хронична терапија со лекови кои содржат аспирин или салицилат
  • Американски Индијанци или со потекло од Алјаска
  • Прекумерно обезни лица (со индекс на телесна маса ≥ 40 кг / м2)
  • Лица кои живеат во старечки домови и други објекти за нега

Клиничка проценка, врз основа на сериозноста и прогресијата на болеста на пациентот, возраста, основните медицински состојби, веројатноста за појава на инфлуенца и времето по почетокот на симптомите, е важно кога се донесуваат одлуки за антивирусно лекување. И покрај тоа што антивирусните лекови најдобро функционираат кога се даваат во рок од 2 дена од појавата на симптомите, третманот може да се даде на симптоматски пациенти кои спаѓаат во групата на лица со висок ризик за компликации со грип и на хоспитализирани пациенти за кои се сомнева или е потврдено присуството на грип, дури и ако тие биле болни повеќе од 2 дена. Клиничка корист е прикажана во опсервациони студии на хоспитализирани пациенти кога антивирусното лекување било започнато дури и 4 и 5 дена по почетокот на симптомите.

Бидејќи клиничката корист е најголема кога антивирусното лекувањесе започнува што е можно поблиску до почетокот на болеста, одлуките за започнување на антивирусно лекување не треба да чекаат за лабораториска потврда на присуството на вирусот.

Антивирусниот третман, исто така, може да се започне и кај било кој претходно здрав, симптоматски пациент во амбулантски услови кај  кој не постои висок ризик за компликации поради вирусот на инфлуенца. Терапијата треба да се започне во рок од 48 часа од почетокот на болеста.

Препораките за користење на антивирусни лекови против influenza се базираат на податоци од рандомизирани клинички испитувања, како и од опсервациски студии на пациенти кои земале антивирусна терапија во клинички услови. Навремениот антивирусен третман кај луѓе со инфлуенца може да ја намали сериозноста на болеста, да го скрати времето на боледување, како и да го намали ризикот за некои сериозни компликации.

Оваа сезона на грип, се препорачуваат четири лекови за третирање на инфлуенца одобрени од FDA. Три од нив се хемиски слични нтивирусни лекови од групата на неураминидаза инхибитори (per os oseltamivir, инхалиран zanamivir и интравенозен peramivir); четвртиот лек е новоодобрениот орален лек baloxavir marboxil. Инхибиторите на неураминидаза делуваат и против вирусот на influenza А и против вирусот на influenza Б со блокирање на вирусниот ензим неураминидаза кои му помага на вирусот да излезе од обвивката за да нападне. Оралниот baloxavir исто така делува и против вирусот на influenza А и против вирусот на influenza Б, но неговиот механизам на делување се разликува од оној на инхибиторите на неураминидаза. Baloxavir е ендонуклеазен инхибитор зависен од капата, што ја попречува транскрипцијата на вирусна РНК и ја блокира репликацијата на вирусот.

Оралниот oseltamivir се препорачува за нехоспитализирани пациенти со сериозна, комплицирана или прогресивна болест, како и за хоспитализирани пациенти поради influenza. Оралниот oseltamivir исто така се препорачува и за бремени жени. За амбулантски пациенти со акутен грип без компликации, се препишува орален oseltamivir, инхалирачки zanamivir, интравенски peramivir или орален baloxavir зависно од возраста на пациентот.

Препорачаниот режим за терапија на некомплицирана инфлуенца е две дози на ден орален oseltamivir или инхалиран zanamivir 5 дена, или една инфузија на IV peramivir или орална доза на baloxavir. Употреба на baloxavir за лекување на бремени жени или доилки не се препорачува бидејќи нема достапни податоци за ефикасноста или безбедноста кај бремени жени и нема достапни податоци за присуството на baloxavir во мајчиното млеко, ефектите на baloxavir врз доенчиња и ефектот врз производство на млеко. Zanamivir се администрира со помош на инхалатор и не се препорачува за лица со проблеми со дишењето како што се астма или хронична опструктивна белодробна болест.

Oseltamivir се препорачува за третман на инфлуенца кај пациенти од сите возрасти, вклучувајќи ги и доенчињата (иако тоj е одобрен oд FDA за доенчиња на возраст од 14 дена и постари). Peramivir е одобрен за лекување кај луѓе на возраст од 2 години и постари, zanamivir за лекување на оние на возраст од 7 години и постари, a baloxavir за лекување на оние на возраст од 12 години и постари.

Антивирусната резистентност од страна на било кој од вирусите на инфлуенца на било кој од неураминидаза инхибиторите е моментално многу ниска, но може да се појават ретки, спорадични случаи на вирусна отпорност. За таа цел се преземаат повеќе мерки како: инкорпорирање на baloxavir во рутинската антивирусна терапија, секвенционирање со NGS (Next Generation Sequencing)  и анализа на вирусите со цел да се проценат сезонските вируси и нивната отпорност кон достапните антивирусни лекови и слично.

Не треба да се заборави дека и покрај тоа што вакцинацијата е најважниот чекот за превенирање на influenza, антивирусните лекови може да се корисна второлиниска алатка во одбраната против сезонскиот грип.

Референца:

  1. https://www.cdc.gov/flu/professionals/antivirals/summary-clinicians.htm

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.