2.covid 19 Treatments Vaccines

Нова тројна антивирусна терапија со ветувачки резултати за третман на COVID-19

Комбинирана терапија со interferon beta-1b и антивирусни лекови lopinavir/ritonavir  и ribavirin,  во период од 2 недели покажала ветувачки резултати во однос на  безбедност и ефикасност во споредба со употреба само на lopinavir/ritonavir кај пациенти со средно до тешко заболување од корона вирус, согласно резултатите од клиничка студија објавена од The Lancet.

Во студии изведени во 2003 година lopinavir и interferon beta во комбинација со ribavirin покажале in-vitro активност против SARS-CoV и MERS кои припаѓaат на иста група на бета-коронавируси како и SARS-CoV 2. Пикот на вирусниот товар на  SARS и MERS  е   7–10 дена од почетокот на симптомите, додека пикот на вирусниот товар  на COVID-19  е за време на презентација на симптомите, сличнo како и кај инфлуенца вирусот. Согласно клиничкото искуството од третман на пациенти со инфлуенца вирус комбинација од неколку антивирусни лекови е поефективна отколку самостоен третман со еден антивирусен лек.

Согласно ова, изведена е мулти-центрична, проспективна рандомизирана, фаза 2 студија во која биле вклучени 127 возрасни пациенти од вкупно 6 болници во  Хонг Конг. Пациентите биле поделени во две терапевтски групи и тоа 14-дена комбинирана терапија со 400 mg lopinavir и 100 mg ritonavir на 12 часа, 400 mg  ribavirin на 12 часа и 3 дози of 8 милиони единици од interferon beta-1b (комбинирана група) или 14-дена терапија со 400 mg lopinavir и 100 mg ritonavir на 12 часа (контролна група). Примарна крајна цел на студијата била време за кое ќе се постигне негативен назофарингеален брис за тежок акутен респираторен синдром RT-PCR. Групата на пациенти кои примале комбинирана терапија покажала значајно пократко време од старт на третманот до негативен назофарингеален брис (7 дена [IQR 5–11]) споредено со контролната група (12 дена [8–15]). Оваа тројна комбинирана терапија комплетно ги ублажила симптомите кај пациентите за 4 дена што било значајно пократко време од контролната група, дополнително довела до супресија на нивото на IL-6 и намалување на деновите на престој во болница. Овој режим на терапија се покажал безбеден со гастоинтестинални несакани ефекти како наузеа и дијареа кои не се разликувале знaчајно помеѓу двете терапевтски групи.

Последователна фаза 3 студија е потребна со вклучување на  плацебо контролна група и  interferon beta-1b кој се претпоставува дека е клучна компонента на оваа комбинирана тројна терапија.

Reference

Ivan Fan-Ngai Hung et al.,2020. Triple combination of interferon beta-1b, lopinavir–ritonavir, and ribavirin in the treatment of patients admitted to hospital with COVID-19: an open-label, randomised, phase 2 trial. The Lancet, Published Online May 8, 2020 DOI:https://doi.org/10.1016/S0140-6736(20)31042-4

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.