Lung Cancer Awareness Month

Ноември-месец на подигање на свесноста за борба против карцином на бели дробови

Ноември-месец на подигање на свесноста за борба против карцином на бели дробови

Карцином на бели дробови е една од најчестите форми на малигнитет, со повеќе од 2 милиони луѓе дијагностицирани секоја година во светски рамки и е водечка причина за смртност поврзана со карцином. Доколку се дијагностицира навремено, во  рана фаза, пациентите имаат 13 пати поголема веројатност за преживување во тек на 5 години.

Зголемување на свесноста за големото влијание на болеста и борбата против стигмата асоцирана со карцином на бели дробови имаат голем придонес за здравствената грижа и клиничките исходи на пациентите.

Во текот на последните 20 години, Lung Cancer Alliance го започна одбележувањето на Денот на свесност за борба против карцином на бели дробови во САД, со цел зголемување на свесноста и препознавањето на типичните симптоми на карцином на бели дробови (перзистентна кашлица, замор и губење на апетит). А, потоа се развива светска иницијатива, Месец на подигање на свесност за борба против карцином на бели дробови што се одбележува секој ноември.

Целта на одбележување на Месецот е подигање на свесноста за борба против карцином на бели дробови. Активностите вклучуваат поттик и охрабрување на луѓето да побараат медицинска грижа што е можно порано, рано дијагностицирање на болеста што ќе обезбеди најдобри можни шанси за ефикасно третирање и нагласување на значајните фактори кои ги условуваат клиничките исходи кај пациентите. На пример, едукација за комплексноста на карциномот на бели дробови, разноликоста на луѓето афектирани од оваа болести и штетните ефекти на стигмата поврзана со карцином на бели дробови ќе помогнат во промоција на рано дијагностицирање и ќе поттикнат подобра здравствена грижа за пациентите. Дополнително на тоа, овој месец е можност за нагласување на напредокот во третманот на карцином на бели дробови, промоција на пристап до здравствена грижа и поддршка на пациентите и нивните семејства.

Соочување со стигмата и предрасудите

Честа заблуда е дека само пушачите може да добијат карцином на бели дробови. Оваа заблуда е поврзана со слаби клинички исходи како резултат на фактот на задоцнето барање на медицинска помош, дистрес поврзан со болеста, намалена социјална поддршка и низок квалитет на здравствена грижа. Меѓутоа, сепак уживањето на никотин е еден од факторите што го зголемува ризикот за развој на карцином на бели дробови.

Видови на карцином на бели дробови

Двата главни типови на карцином на бели дробови се: ситноклеточен и неситноклеточен карцином на бели дробови. Неситноклеточен карцином на бели дробови е почест облик на ова малигно заболување.

Третман

Пациентите со неситноклеточен карцином на бели дробови може да бидат третирани со хируршка интервенција, хемотерапија, радијација, таргетирана терапија или нивна комбинација. Пациентите со ситноклеточен карцином на бели дробови вообичаено се третираат со радијација и хемотерапија.

Таргетираната терапија се заснова на идентификација на специфични мутации кои ја предизвикуваат брзата пролиферација на неопластичните клетки. Таргетираните лекови имаат насочено дејство кон специфични делови на клетките и сигналот испратен од протеините што доведува до неконтролирана пролиферација. Тука наоѓаат примена киназа инхибиторите, ALK инхибиторите, EGFR инхибиторите, ROS1 инхибиторите, комбиниран пристап во третман на карцином на бели дробови позитивен за BRAF V600E мутација (инхибитори на BRAF киназа и инхибитор на MEK киназа) и NTRK инхибитори.

 Референци:

  1. Cancer. [Internet; cited 2019 November]. Available from: http://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/cancer.
  2. National Cancer Institute. SEER Cancer Statistics Review 1975-2010. [Internet; cited 2019 November]. Available from: https://seer.cancer.gov/archive/csr/1975_2010/results_merged/topic_survival.pdf.
  3. American Cancer Society. Signs and Symptoms of Lung Cancer. [Internet; cited 2019 October]. Available from: https://www.cancer.org/cancer/lung-cancer/detection-diagnosis-staging/signs-symptoms.html.
  4. American Lung Association. [Internet; cited 2019 October]. Available from: https://www.lung.org/assets/documents/research/addressing-the-stigma-of-lung-cancer.pdf.
  5. Yang P. Lung Cancer in Never Smokers. Semin Respir Crit Care Med. 2011;32(1):10-21.
  6. Chambers S, et al. A systematic review of the impact of stigma and nihilism on lung cancer outcomes. BMC Cancer. 2012;12:184.
  7. Henningfield M and Adjel A. Lung Cancer Awareness Month – A Lot of Progress, But More Work Needs to Be Done. Journal of Thoracic Oncology. 2017;12(11):1603-1605.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.