World Copd Month

Ноември е месец на подигање на свесноста за хронична опструктивна белодробна болест

Ноември е месец на подигање на свесноста за хронична опструктивна белодробна болест

Ноември е месецот на подигање на свесноста за превенција на хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Со подигање на свесноста за оваа хронична респираторна болест се нагласува потребата од навремено препознавање на знаците и симптомите и навремена дијагноза, и подобрување на здравствената грижа за пациентите со ХОББ со цел да се намали стапката на морталитет.

ХОББ е прогресивна живото-загрозувачка белодробна болест што се карактризира со отежнато дишење и предиспозиција за егзацербација. Примарен ризик фактор за ХОББ е експозиција на чад од цигари (активно или пасивно пушење). Други ризик фактори се експозиција на загадување на воздух, штетни и опасни хемикалии во работна средина, влага и сл.

Според Светската здравствена организација, глобалниот товар на болеста е проценет на 251 милион случаи на ХОББ во светски рамки во 2016. Биле пријавени 3,17 милиони смртни случаи како последица на ХОББ во 2015 (што е скоро 5% од сите смртни случаи во таа година на глобално ниво).

ХОББ се развива прогресивно и вообичаено после 40 – 50 година од животот. Најчестите симптоми на ХОББ се отежнато дишење, губење на здив, хронична кашлица и спутум. Како болеста прогредира сѐ потешко е да се изведуваат секојдневните физички активности. Исто така постои и ризик за фрекфентни егзацербации, што всушност се сериозни епизоди на отежнато дишење, губење здив и зголемена продукција на спутум што траат од неколку денови до неколку недели. Овие епизоди изискусуваат потреба за ургентна медицинска помош (вклучително и хоспитализација) и се пропратени со ризик за морталитет.

ХОББ не се лекува. Достапните фармаколошки и нефармаколошки терапевтски пристапи имаат за цел подобрување на симптомите, унапредување на квалитетот на живот и редукција на ризикот за смртност. Поттикнување на откажување од пушење е од суштинска важност во менаџментот на ХОББ (но и за превенција). На таков начин се забавува прогресот на болеста и се минимизира ризикот за смртност.

Од суштинско значење е едукацијата и комуникацијата со пациентите. Здравствените работници треба да ги едуцираат пациентите за сите знаци и симптоми на егзацербација и како самостојно да ги препознаат и навремено да побараат медицинска помош.

Референци:

  1. Chronic obstructive pulmonary disease (COPD). World Health Organization. [1 December 2017]. Available at: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/chronic-obstructive-pulmonary-disease-(copd). Last accessed 11/2019.
  2. November is national COPD Awareness Month. NIH National Heart, Lung, and Blood Institute. Available at: https://www.nhlbi.nih.gov/health-topics/education-and-awareness/copd-learn-more-breathe-better/copd-awareness-month. Accessed 11/2019.
  3. Understanding COPD exacerbations. COPD step by step. Available at: https://www.copd.com/copd-progression/copd-exacerbations/. Accessed 11/2019.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.