Immunotherapy

Нобелова награда за физиологија и медицина за 2018 година за револуционерно откритие во терапијата на малигните заболувања

Нобелова награда за физиологија и медицина за 2018 година за револуционерно откритие во терапијата на малигните заболувања

Нобеловите лауреати за 2018 во областа на медицината, професорите James P Allison од Америка и Tasuku Honjo од Јапонија утврдија дека имуниот систем на човечкото тело може да биде активиран против туморските ткива. Малигните заболувања се една од најчестите причини за морталитет во светски рамки. Тие претставуваат и еден од најголемите глобални здравствени предизвици. Преку стимулација на вродената способност на имуниот систем да ги напаѓа туморските ткива, двајцата научници, воспоставија целосно нов прицип за делување на антиканцер терапијата. Нивните откритија значајно ќе го сменат пристапот за третман на малигни болести. Истражувањата се сметаат за почеток на нова ера во развојот на нова класа антиканцер лекови кои драматично ќе го променат терапискиот исход и ќе придонесат за продолжување на животот на пациентите со малигни болести.

Ова е првпат, развојот на антиканцер терапија да е препознаен и признаен со Нобелова награда. Одамна е познато дека еден од потенцијалните начини во терапијата на карцином е активирањето на имуниот систем. Основната функција на имуниот систем е во препознавање и отстранување на страни тела во човечкиот организам. Имуните клетки, препознаваат и уништуваат мутирани клетки, но малигните ткива често го заобиколуваат овој пат, пронаоѓајќи начин како да се маскираат и да станат невидливи за имуниот систем. Идејата за активација на имуниот систем во борбата против малигните заболувања е предложена пред повеќе од еден век, но само сега, после извонредните откритија на двајцата научници, Allison и Honjo може да се примени во клиничка практика.

Професорот Allison JP ја истражувал можноста за постоење на протеини кои функционираат како „кочница“ на имуниот систем. Според резултатите од истражувањата, постои реален потенцијал за „откочување“ и активација на имуните клетки за уништување на туморските клетки. Откритието се смета за основа во развој на нов пристап во терапијата на пациентите со малигни заболувања.

Професорот Honjo T го идентификувал „протеинот – кочница“ на активација на имуните клетки и го разјаснил неговиот механизам на делување истакнувајки дека, истиот е целосно различен од  механизамот на дејство на т.н „контролни точки“ (check pointѕ). Според научниот комитет за Нобелова награда, терапиите базирани на неговото откритие ќе обезбедат извонредно ефективен начин за борба против малигните заболувања.

Покрај многубројните обиди во минатото, постојат само неколку практични резултати, што во основа се должат на постоењето на „кочницата“ на имуниот систем што превенира од напаѓање на малигните клетки. Повеќе од еден век, научниците се обидувале да го активираат имуниот систем против туморските ткива. Сѐ досега, прогресот во клиничкиот развој беше незначителен. Во деведесеттите години на минатиот век, откриени се т.н. „контролни точки“. Гледано наназад, терапијата со инхибитори на контролни точки претставува револуционрен антиканцер третман кој темелно ја промени перцепцијата на менаџирањето на малигните болести. Денес, оваа класа на лекови придонесува за значително подобрување на тераписките исходи при третманот на карциноми на белите дробови, бубрезите, лимфом и меланом.

Револуционерната работа на професорите Allison и Honjo е основа на нова генерација на антиканцер имунотерапија што го менува третманот на некои од повеќето релапсни форми на малигни заболувања. Новиот антиканцер тераписки пристап ќе се заснова на тартегирање на имуниот систем на човекот, а не на туморското ткиво. Се смета дека, антиканцер терапијата заснована на новиот концепт ќе има значаен придонес во третманот на напредни форми на малигни болести, поспецифично меланома и белодробен карцином.

Извор:

https://www.independent.co.uk/news/science/nobel-prize-2018-medicine-cancer-cells-winners-james-allison-tasuku-honjo-a8562876.html

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.