Vaccine

Несакани реакции и настани поврзани со вакцините и начини на нивно менаџирање

Несакани реакции и настани поврзани со вакцините и начини на нивно менаџирање

Несаканите реакции поврзани со вакцините генерално се со благ до умерен интензитет, но кај одредени пациенти постои потенцијален ризик за појава на сериозни или живото – загрозувачки реакции. Обезбедувањето на фармацевтска грижа при имунизацијата, преку евалуација на присуство на контраиндикации и мерки на зголемена претпазлвост пред администрација на било која вакцина овозможува намалување на ризикот од несакани реакции поврзани со вакцините.

Несаканите реакции што може да се појават при имунизација се класифицираат во три групи. Здравствените работници мора да разговараат за најчестите несакани реакции (кои вклучуваат иритација на местото на апликација и/или зголемена температура) и за начинот на нивно менаџирање. Овој тип на несакани реакции вообичаено се јавуваат неколку часа после вакцинацијата, се самоограничувачки и може да траат неколку часа или неколку дена. При имунизацијата со вакцината против Морбили-Рубеола-Паротит (МРП), овој тип на реакции може да бидат одложени или продолжени и да траат неколку денови. Зголемена температура, треска и благ осип може да се јават три недели подоцна и да траат 7 – 10 дена.

Алергиските реакции од тип 1 (анафилактични реакции), може да бидат живото – загрозувачки. Вообичаено, пациентите немаат долгорочни проблеми после искусување на овој тип алергиска реакција.

Одредени несакани настани кои се поврзани со имунизацијата се резултат на човечка грешка, а бројот на медицински грешки бележи пораст во претходните години. Центарот за контрола и превенција на болести во САД посочува дека комплексните вакцинални календари, подобрената способност за идентификација на грешки во начинот на чување (вклучително и температурата) и производи со слични имиња се најчестите причини за зголемениот број на медицински грешки. Овие грешки може да се превенираат и се резултат на несоодветна организација во структурите на здравствениот систем. Грешките во начинот на подготовка, ракување, чување или администрација на вакцините и грешки во системот на добра дистрибутивна пракса го зголемуваат ризикот за несакани реакции и настани кај пациентите. Во табела бр. 1 е даден сумарен приказ на најчестите видови на грешки кои довдуваат до несакани реакции.

 

Табела бр. 1 Грешки во процесот на имунизација поврзани со зголемен ризик за несакани реакции
Грешки во имунизацијата Потенцијални несакани реакции
Нестерилни инјекции

·         Повторена употреба на шприц/игла за еднократна употреба што води до контаминација на вијалата, особено кај повеќе – дозни формулации

·         Несоодветно стерилизиран шприц или игла

·         Контаминирана вакцина или растворувач

 

·         Локални реакции на местото на апликација (пр. апцес, оток, целулитис и сл.)

·         Сепса

·         Токсичен шок синдром

·         Трансмисија на болести (пр. хепатитис Б, ХИВ)

·         Смрт

Грешки во реконституција

·         Несоодветно промешување пред администрација

·         Реконституција со несоодветен растворувач

·         Лек заменет со вакцина или растворувач

·         Повторена употреба на реконституирана вакцина во следната сесија на вакцинирање

 

·         Локален апцес

·         Неефикасност на вакцината (неефикасноста не е стриктно несакана реакција поврзана со вакцина, туку е неуспех на вакцинацијата)

·         Ефект на лекови (пр. инсулин, окситоцин, мускулни релаксанси)

·         Токсичен шок синдром

·         Смрт

Погрешно место на инјектирање

·         BSG вакцина администрирана субкутано

·         DTP/DT/TT – погрешно површинско аплицирање

·         Инјектирање во бутот

 

·         Локални реакции или апцес

 

·         Локални реакции или апцес

 

·         Оштетување на скијатичен (ишијадичен) нерв

Несоодветнa дистрибуција/чување на вакцината

·         Замрзнување во текот на транспортот

·         Неуспех да се одржи ладниот ланец, и експозиција на прекумерна топлина или ладно

 

·         Зголемена локална реакција поради замрзнување на вакцините

·          Неефективност на вакцината*

Игнорирање на постоечки контраиндикации

·         Игнорирање на постоечките контраиндикации или непознавање на контраиндикациите на имунизација

 

 

·         Развој на несакани реакции што може да се превенираат

 

Доколку здравствените работници вклучени во имунизацијата идентификуваат било каков проблем, истиот мора да биде непосредно решен и да се обезбеди дека истата грешка нема да се случи повторно. Посебно внимание треба да се посвети на случаи на серии од 2 или повеќе исти настани поврзани со местото, времето на настанување и типот на администрираната вакцина. Во вакви случаи, неопходно е да се одреди поврзаноста со специфичичен пункт на вакцинација, здравствен работник и/или вијала. Доколку настаните се поврзани со специфична вакцина, од голема важност е да се одреди дали е контаминирана или подготвена несоодветно. Доколку е поврзана со цела серија на вакцини, здравствениот работник треба да се посомнева на замрзнување во текот на транспортот што често води кон висока веројатност на локални реакции.

Референци:

  1. Adverse events following immunization. World Health Organization website. vaccine-safety-training.org/overview-and-outcomes-3.html. Accessed November 18, 2018.
  2. Vaccine reactions. World Health Organization website. vaccine-safety-training.org/vaccine-reactions.html. Accessed November 18, 2018.
  3. Medical management of vaccine reactions in adult patients. Immunization Action Coalition website. immunize.org/catg.d/p3082.pdf. Accessed November 18, 2018.
  4. Vaccine safety and the management of adverse events following immunization. World Health Organization website. vaccine-safety-training.org/tl_files/vs/pdf/UKDH_GreenBook.pdf. Accessed November 18, 2018.
  5. Coincidental reactions. World Health Organization website. vaccine-safety-training.org/coincidental-events.html. Accessed November 18, 2018.
  6. Hibbs BF, Moro PL, Lewis P, Miller ER, Shimabukuro TT. Vaccination errors reported to the Vaccine Adverse Event Reporting System, (VAERS) United States, 2000-2013. Vaccine. 2015;33(28):3171-3178. doi: 10.1016/j.vaccine.2015.05.006.
  7. Immunization error-related reaction. World Health Organization website. vaccine-safety-training.org/immunization-error-related-reaction.html. Accessed November 18, 2018.
  8. Hibbs BF, Miller E, Shi J, Smith K, Lewis P, Shimabukuro TT. Safety of vaccines that have been kept outside of recommended temperatures: reports to the Vaccine Adverse Event Reporting System (VAERS), 2008-2012. Vaccine. 2018;36(4):553-558. doi: 10.1016/j.vaccine.2017.11.083.
  9. Di Pasquale A, Bonanni P, Garçon N, Stanberry LR, El Hodhod M, Tavares Da Silva F. Vaccine safety evaluation: practical aspects in assessing benefits and risks. Vaccine. 2016;34(52):6672-6680. doi: 10.1016/j.vaccine.2016.10.039.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.