Biz Medical 1024×683

Неоптимизирана фармакотерапија – значаен товар за здравствените системи

Неоптимизирана фармакотерапија – значаен товар за здравствените системи

Неодамна публикуваните резултати во списанието Annals of Pharmacotherapy од спроведените фармакоекономски анализи во САД посочуваат на фактот дека трошоците поврзани со  фармакотерапијата се поголеми од тоа што пациентите може да го забележат. Кога фармакотерапевтскиот режим не е соодветно и индивидуално оптимизиран за пациентот, потенцијалните последици и нивното менаџирање се асоцирани со значајно зголемување на целокупниот трошок поврзан со грижата на пациентот.

За спроведување на студијата, истражувачите креирале аналитички модел којшто вклучува испитување на повеќе здравствени исходи кои се резултат на неуспех на терапијата или на медицинска грешка асоцирана со нов третман, како што се посетите на ургентно одделение, хоспитализација, долгорочна здравствена грижа, употреба на дополнителни лекови и сл. На тој начин, врз основа на податоците од повеќе извори, истражувачите ги процениле вкупните трошоци од исходите на неоптимизирана фармакотерапија на годишно ниво. Според анализите, морбидитетот и морталитет кои се резултат на неоптимизирана фармакотерапија чинат 528.4 билиони долари на годишно ниво, што е еквивалетно на 16% од вкупните здравствени трошоци во САД во 2016 година, со убедлив ранг од 495.3- 672.7 билиони долари. Просечните медицински трошоци асоцирани со неоптимизирана терапија се прилижно 2500 долари и не вклучуваат немедицински трошоци, како што се транспорт, грижа или индиректни трошоци поврзани со губиток на продуктивност. Додека пак, пред 10 години, податоците индицирале дека неоптимизираната фармакотерапија е асоцирана со 290 билиони долари на годишно ниво или приближно 13% од тогашните здравствени трошоци во САД.

Едноставни чекори кои фармацевтите може да ги преземат за подобрување на придржувањето на пациентите кон терапијата

Идентификуваниот растечки тренд на здравствените трошоци наметнува потреба од решавање на проблемите асоцирани со непридржување на пациентите кон терапијата и медицинските грешки. Непридржувањето на пациентите кон терапијата е значаен фактор кој потенцијално ги зголемува трошоците поврзани со фармакотерапијата. Дополнително на тоа, проскрипција несоодветна на поставената дијагноза и индикација, погрешен лек, погрешна доза се останати фактори кои придонесуваат за зголемување на трошоците. Па затоа, фармацевтите, како најдостапни здравствени работници за пациентите, ја имаат клучната улога во оптимизација на фармакотерапијата и обезбедување на оптимални клинички исходи проследени со ниски трошоци.

Во насока на подобрување на клиничките исходи и минимизација на трошоците поврзани со фармакотерапијата потребно е интегрирање на клиничките фармацевти во директната здравствена грижа за пациентите, пристап на клиничките фармацевти до целосната медицинска историја на пациентите, проширување на програмите и националните стратегии за менаџмент и мониторинг на терапијата со лекови и подобрување на комуникацијата и соработката помеѓу фармацевтите и лекарите.

Трошокот поврзан со неоптимизирана фармакотерапија е потенцијално превентивен медицински трошок. Ако лековите се пропишувани, употребувани и мониторирани соодветно, целокупниот здравствен систем нема да се соочува со вакви трошоци, а пациентите ќе добиваат оптимална здравствена грижа.

Референци:

 

  1. Watanabe JH, McInnis T, Hirsch JD. Cost of prescription drug-related morbidity and mortality. Annals of Pharmacotherapy. Published March 26, 2018. http://journals.sagepub.com/doi/10.1177/1060028018765159.
  2. When Drugs are Wrong, Skipped or Make You Sick: The Cost of Non-optimized Medications [news release]. UC San Diego’s website. http://ucsdnews.ucsd.edu/pressrelease/when_drugs_are_wrong_skipped_or_make_you_sick_the_cost_of_non_optimized_med. Accessed April 3, 2018.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.