1

Најчесто користените антихипертензивни лекови можат да го намалат ризикот од колоректален карцином

Според новото испитување во American Heart Association journal, лековите кои најчесто се користат за третман на висок крвен притисок, кај пациентите можат да го намалат и ризикот од колоректален канцер.

Инхибитори на ангиотензин конвертирачкиот ензим (АКЕ инхибитори) или блокатори на ангиотензин II рецептори (АРБи) се пропишуваат за состојби како што се срцева слабост, висок крвен притисок или срцеви заболувања. Според авторите на ова испитување, лекарите ги пропишуваат овие лекови на луѓе со висок крвен притисок со цел да се дилатираат крвните садови, на тој начин намалувајќи го крвниот притисок.

Врз основа на оваа студија, авторите сметаат дека земањето на овие лекови можат да го намалат и ризикот од колоректален канцер.

Во соопштението за списанието, еден од лекарите коишто се автори на испитувањето, Wai K. Leung, вели дека улогата на АКЕ инхибиторите и АРБи во развојот на канцер е контроверзна и во некои случаи, резултатите добиени во испитувањето се спротиставени. Тој вели дека резултатите од претходните испитувања се ограничени од повеќе фактори вклучувајќи ги малиот број на пациенти и податоци кои се добиени од краткотрајни следења. Нивните резултати даваат нови сознанија за потенцијалната улога на овие лекови во превенција на колоректален карцином.

Leung додава дека ова е прва студија која ги покажува потенцијалните корисни ефекти на AKE инхибиторите и АРБи во развојот на колоректален канцер, кои се базираат на голема група на  пациенти кои на почетокот на оваа студија немале колоректален канцер.

Испитувачите ги разгледале здравствените извештаи на 187 897 пациенти во Хонг Конг во период од 2005 до 2013 година, со почетен негативен резултат од колоноскопија за колоректален карцином. Резултатите покажале дека оние кои земале антихипертензивни лекови, како што се АКЕ инхибитори и АРБи, имале 22% помал ризик за развој на колоректален канцер во следните 3 години.

Дополнително, корисните ефекти на АКЕ инхибиторите и АРБи биле забележани кај пациенти на 55 годишна возраст и постари и кај оние со историја на полипи на колон, според соопштението во списанието. Покрај тоа, корисните ефекти поврзани со лековите се ограничени на првите 3 години по негативниот резултат од колоноскопија.

Во соопштението во списанието Leung вели дека додека пациентите со висок крвен притисок, срцева слабост и бубрежни заболувања ги земаат АКЕ инхибиторите и АРБи, намалувањето на ризикот од колоректален канцер може да се земе предвид како дополнителен фактор при избор на антихипертензивните лекови.

Авторите на испитувањето забележале дека резултатите може да се потврдат со проспективно раномизирано контролирано испитување, што активно ќе ги следи пациентите за да се определи потенцијалните корисни ефекти на овие лекови на ризикот од колоректален карцином.

Референци:

Common hypertension medications may reduce colorectal cancer risk. American Heart Association. https://newsroom.heart.org/news/common-hypertension-medications-may-reduce-colorectal-cancer-risk#:~:text=The%20analysis%20found%20that%3A,history%20of%20colon%20polyps%3B%20and Published July 6, 2020. Accessed July 15, 2020.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.