Vaccine

МРП вакцинација и аутизам – резултати од нова кохорт студија

МРП вакцинација и аутизам – резултати од нова кохорт студија

Неодамна спроведена е кохортова студија со цел да се утврди дали вакцината за Морбили – Рубела – Паротит (МРП) го зголемува ризикот од појава на аутизам кај одредени подгрупи на детската популација и дали истото се јавува по одреден временски период по вакцинацијата. Основна цел е надминување на постоечката неоснована загриженост за поврзаност на оваа вакцина и аутизмот и последичниот намален опфат на имунизација.

Во оваа студија биле вклучени 657 461 деца родени од 1999 год. до 2010 година. Следењето на нивниот развој било до крај на 2013.

Со цел собирање на информации за МРП вакцинацијата, поставените дијагнози за аутизамот, други вакцини, фамилијарна историја на аутизам и тригер фактори на оваа состојба, користени се здравствени регистри.

Од 5 025 754 деца чијашто здравствена состојба е следена на годишно ниво, кај 6517 деца е поставена дијагноза за аутизам (стапка на инциденца 129,7 на 100 000 луѓе/годишни). Споредувањето помеѓу децата што примиле МРП вакцина и децата што не ја примиле МРП вакцината придонесува за следење односот на ризик за аутизам од 0,93 (95% CI, 0,85 до 1, 02). Слично на тоа, потврдено е дека не постои зголемен ризик за аутизам после МРП вакцинација кај специфични подгрупи на детската популација (дефинира според фамилијарна историја на аутизам, тригер фактори, други вакцини или во специфичен период после вакцинацијата).

Оваа студија јасно посочува дека МРП вакцинацијата не го зголемува ризикот за аутизам, не предизвикува аутизам кај суспектни деца и не е асоцирана со појава на поголем број на случаи на аутизам после вакцинацијата. Најголемата важност на оваа студија е рефлектирана преку добиените статистички значајни резултати што посочуваат дека не постои ризик од аутизам кај суспектни деца и зголемување на број на случаи после спроведување на вакцинација.

Референца:

  1. Hviid A, Hansen JV, Frisch M, Melbye M. Measles, Mumps, Rubella Vaccination and Autism: A Nationwide Cohort Study. Ann Intern Med. [Epub ahead of print ] doi: 10.7326/M18-2101

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.