Picture1

Медицински грешки асоцирани со лекови со слично име (look- alike, sound- alike drugs)

Медицински грешки асоцирани со лекови со слично име (look- alike, sound- alike drugs)

Поголем број на лекови имаат имиња кои изгледаат и се читаат слично (look- alike, sound- alike drugs’ name- LASA), чие што пропишување и издавање потенцијално се една од најчестите причини за медицински грешки. Други фактори кои придонесуваат за ризикот од медицински грешки се: неразбирлив ракопис, непознавање на имињата на лековите, новоодобрени лекови на пазарот, слично пакување и означување, слична клиничка употреба, слична јачина, слични дозирани форми, слична фрекфентност на администрација или неуспех на производителот и/ или регулаторните тела да ја препознаат грешката и да спроведат строго одредување на соодветност на заштитеното и/ или генеричкото име пред одобрување на новиот лек. Во таа насока, The Medicine and Healthcare products Regulatory Agency (MHRA) ја нагласува потребата од зголемена свесност и претпазливост на здравствените работници кои ги пропишуваат и издаваат следните шест лекови2,3:

Clobazam/ Clonazepam

Atenolol/ Amlodipine

Propranolol/ Prednisolon

Risperidone/ Ropinirole

Sulfadiazine/ Sulfasalazine

Amlodipine/ Nimodipine

Дополнително, во насока на управување со ризикот од пропишување на лекови со слични имиња, The Institute for Safe Medication Practices (ISMP) има публикувано FDA and ISMP List of Confused Drug Names with Recommended Tall Man Letters 20161. Листата содржи двојни и тројни комбинации на лекови со слични имиња и големи букви за да ја нагласат разликата во LASA.

Иако поголемиот број на LASA асоцирани медицински грешки се случуваат во болнички и клинички услови, проблемот е исто толку голем кога станува збор за примарната здравствена грижа. Сето тоа наложува потреба од инкорпорирање и спроведување на стратегии за управување и редукција на ризикот, според Светската Здравствена Организација (World Health Organization- WHO):

  1. Идентификација и управување со ризик асоциран со LASA лекови преку:

-зголемена свесност и претпазливост при пропишување и дисперзија/ издавање на LASA и проверка дали потребниот лек е издаден;

-следење на интернационалните водичи при пропишување и издавање на лек;

-имплементација на протоколи за: внимателно читање на означувањето на лекот пред издавање, евалуација на индикацијата на лекот и дијагнозата на пациентот. При било каков сомнеж дали пропишаниот лек е правиот лек за пациентот, фармацевтот треба да се консултира со лекарот;

-чување на LASA лековите на различни места, или според редослед различен од азбучниот редослед;

-обезбедување на пишани информации за лекот наменети за пациентите и нивните лекари, генеричко и заштитено име на лекот и потенцијални несакани ефекти;

-специфична едукација на пациенти со нарушување на видот, разлики во говорот и сл.

  1. Пријавување на несакани реакции и настани асоцирани со LASA лековите

-неопходно е да се пријави секаков сомнеж за несакана реакција како резултат на медицинска грешка.

  1. Двојна проверка на пропишаниот и/ или издадениот лек

– точен лек за пациентот, во точна доза, точен начин на администрација и точно дозирање.

Референци:

  1. https://www.ismp.org/tools/tallmanletters.pdf
  2. https://www.pharmaceutical-journal.com/news-and-analysis/news-in-brief/mhra-issues-call-to-remain-vigilant-with-commonly-confused-drug-names/20204231.article
  3. https://www.gov.uk/drug-safety-update/drug-name-confusion-reminder-to-be-vigilant-for-potential-errors

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.