Мај- месец на подигање на свеста за карцином на кожата

Мај- месец на подигање на свеста за карцином на кожата

Секоја година во месец мај се одржува кампања за подигање на свеста кај општата популација за карцином на кожата како заболување со растечка инциденца. Целите на кампањата се подигање на свеста од опасноста при изложување на незаштитена кожа на сонце, едукација на општата популација за начините на превенција и рана детекција на карцином на кожа. Изложувањето на УВ зрачење е една од главните тригер фактори за карцином на кожа, а исто така и фактор којшто може да се избегне и превенира.

Епидемиолошките податоци посочуваат на фактот дека инциденцата на немеланома карцином на кожата и меланом бележи растечки тренд во последните декади. Моментално, се проценува дека на годишно ниво, 2- 3 милиони луѓе се дијагностицирани со немеланомен карцином на кожа, а 132 000 луѓе се дијагностицирани со меланом ширум светот. Односно, една од секои три поставени дијагнози за карцином е карцином на кожата, а според статистиката на Фондацијата за карцином на кожа еден од секои 5 Американци ќе развие карцином на кожа во текот на животот. Најголем раст на стапката на инциденца за двата типа на немеланома карцином на кожа (карцином на базални клетки и карцином на сквамозни клетки) се забележува кај женскиот пол. Стапката на инциденца на немеланома карцином на кожа бележи растечки тренд кај луѓе помлади од 40 години. Стапката на инциденца на меланом е повисока кај жените помлади од 50 години, за разлика од мажите; но веќе на возраст од 65 години стапката на развој на карцином на кожа е двапати повисоки кај мажите. Меланом кај кавкаската женска популација на возраст до 44 години се поврзува со раст на инциденцата за 6.1% на годишно ниво, што го рефлектира трендот на практкување на потемнување во солариум. Мажите постари од 50 години од кавкаската популација се во најголем ризик од развој на меланом.

Актинична (соларна) кератоза е најчеста преканцер состојба и афектира повеќе од 58 милиони Американци.

Карцином на кожа е состојба која може секого да го афектира без разлика на бојата на кожата. Бидејќи оваа болест, често се дијагностицира во подоцнежна фаза кај пациентите со темна кожа, проценетата петгодишна стапка на преживување на пациенти со меланом помеѓу 2007 и 2013 година е 69% за пациенти припадници на црната раса версус 94% за пациентите припадници на белата раса. Карцином на кожа опфаќа 2- 4% од сите дијагностицирани карциноми кај Азијците, додека пак 1- 2% од дијагнозите за карцином кај црната популација. Меланом кај црната популација, Азијците, Индинезијците и сл. најчесто се јавува на неекспонирана кожа со помалку пигмент, со 60- 75% од туморски ткива на дланките, мукозните мембрани и сл. Карцином на базалните клетки е најчест вид на карцином кај кавкаската, шпанската, кинеската и јапонската популација. Карцином на сквамозните клетки е најчесто дијагностициран кај црната популација.  Меланомот брои 3% од дијагнозите за карцином во педијатриската популација. Меѓутоа, третманот на детскиот меланом е често одложен поради погрешна дијагноза на пигментираните лезии.

Ризик од развој на карцином на кожа

Развојот на карцином на сквамозни клетки е 100 пати поголем кај пациентите- акцептори на органи во споредба со општата популација. Поголемиот број од меланоми се предизвикани од сонцето, а проценето е дека приближно 90% од немеланома карциномите на кожа се поврзуваат со експозиција на УВ радијација од сонцето. Како резултат на релативниот недостаток на пигментација на кожата, припадниците од кавкаската популација генерално се во најголем ризик од развој на карцином на кожата за разлика од популацијата со потемен тен на кожа. Луѓето со природен темен тен на кожа вообичаено може да толерираат високи нивоа на експозиција на сонце без да добијат изгореници на кожата или висок ризик од развој на карцином на кожата.

Ризик фактори за развој на карцином на кожа

  • светла боја на кожа
  • сини, зелени или светло кафени очи
  • светла боја на коса
  • подложност на изгореници од сонце
  • историја на тешки изгореници од сонце
  • бемки
  • пеги
  • фамилијарна историја и генетска предиспозиција

Превенција од развој на карцином на кожа

Превенцијата на карцином на кожата вклучува избегнување на тригер факторите и спроведување на редовни, рутински самопрегледи на кожата и посети на доктор при било какви сомнителни промени на кожата. Регуларна секојдневна употреба на креми со заштитен фактор (SPF и UVA/UVB) го редуцира ризикот од развој на карцином на кожа. Дополнително на тоа, треба да се избегнува изложување на сончева светлина во текот на средината на денот кога УВ зрачењето е најјако. Треба да се избегнува сончањето во солариум.

Децата се посебно осетливи на сончевите зраци и често кај нив може да дојде до појава изгореници поради прекумерно изложување на сонце. Затоа, децата треба да се заштитат, односно да се избегне изложување на сонце во период кога е сончевата светлина е најинтезнивна, односно од 10 часот наутро до 4 часот попладне и да се практикува употреба на креми со заштитен фактор (SPF и UVA/ UVB) за децата на возраст од 6 месеци и постари. Кај децата помали од 6 месеци не треба да се користат креми со заштитен фактор, а ќе се заштитат на таков начин што ќе се ограничи нивното изложување на сонце.

Референци:

  1. Guy GP, Thomas CC, Thompson T, Watson M, Massetti GM, Richardson LC. Vital signs: Melanoma incidence and mortality trends and projections—United States, 1982–2030. MMWR Morb Mortal Wkly Rep. 2015;64(21):591-596.
  2. Rogers HW, Weinstock MA, Feldman SR, Coldiron BM. Incidence estimate of nonmelanoma skin cancer (keratinocyte carcinomas) in the US population. JAMA Dermatol. Published online April 30, 2015.
  3. American Cancer Society. Cancer Facts & Figures 2018. Atlanta: American Cancer Society; 2018.
  4. Siegel RL, Miller KD, Jemal A. Cancer statistics, 2018. CA Cancer J Clin. 2018; doi: 10.3322/caac.21442.
  5. Muzic, JG et al. Incidence and Trends of Basal Cell Carcinoma and Cutaneous Squamous Cell Carcinoma: A Population-Based Study in Olmstead County, Minnnesota, 2000-2010. Mayo Clin Proc. Published Online May 15, 2017. http://dx.doi.org/10.1016/j.mayocp.2017.02.015
  6. SEER Cancer Stat Facts: Melanoma of the Skin. National Cancer Institute. Bethesda, MD, http://seer.cancer.gov/statfacts/html/melan.html
  7. Dawes SM et al. Racial disparities in melanoma survival. J Am Acad Dermatol. 2016 Nov; 75(5):983-991.
  8. Wehner MR et al. All-cause mortality in patients with basal and squamous cell carcinoma: A systematic review and meta-analysis. Journal of the American Academy of Dermatology. 2018: 78 (4): 663 – 672.e3
  9. Wu S, Han J, Laden F, Qureshi AA. Long-term ultraviolet flux, other potential risk factors, and skin cancer risk: a cohort study. Cancer Epidemiol Biomar Prev; 2014. 23(6); 1080-1089.
  10. Colantonio S, Bracken MB, Beecker J. The association of indoor tanning and melanoma in adults: systematic review and meta-analysis. J Am Acad Dermatol 2014;70:847–57.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.