Nfic

Кристален глукозамин сулфат- заштита на зглобовите во период на менопауза

Поголем дел од женската популација, во периодот на престанок на репродуктивната и менстуралната функција се жалат на најразлични симптоми. Фрекфенцијата на симптомите е индивидуално различна, но најчесто присутни симптоми се : замор, исцрпеност, промена во расположение, проблеми со помнење, чувство на топлина, промена во телесната температура, главоболка, вртоглавица, болки и промени во зглобовите.

Зглобните болки и симптоми не се исклучок кај пациентките кај кои е манифестирана или се во пат на манифестација на менопаузата. Бидејки женските полови хормони (естрогени) се одговорни за процесот на минерализација на коските, нивното отсуство доведува до намалување на густината на коскената маса. Клиничките испитувања докажале дека најголемото коскено разградување се случува во пределот на зглобните површини на коските, последователно пациентите се жалат на болка во пределот на зглобовите.  Коскените краеви во пределот на зглобот се обложени со тенка обвивка на ‘рскавица, која што овозможува лесна подвижност во зглобот. Кога нивото на естрогените хормони ќе опадне, процесите на обнова на коскенотo и рскавичното ткиво се успоруваат, што доведува до парцијално големо уништување на рскавица. Последично, при вака оштетената зглобна површина, доаѓа до директен контакт помеѓу субхондралните зони на коските на зглобот, заради ште се јавуваат болки и попреченост во движењето. Смалувањето на зглобниот простор како еден сигурен знак на oстеоартритисот е присутно кај овие пациенти.

Менопаузата сама од себе не предизвикува артритис, но разликата во нивоата на хормоните, промената на имунолошкиот статус во организмот, зголемената телесна маса, намалената физичка активност допринесуваат за манифестација на болеста или влошување на истата.

Откако ќе бидат дијагностицирани зглобните промени треба да се пристапи кон лекување на истите. Хигиено- диетeтските препораки во процесот на терапија на остеоартритисот и тоа како треба да се почитуваат. Пациентките кои што имаат поголема телесна маса, повеќе се засегнати со оваа проблематика, па покрај соодветната зглобна терапија, намалувањето на телесната маса ќе биде значаен фактор за успешна терапија. Храната на пациентките треба да биде богата со билни производи кои што содржат естрогени односно фитоестрогени ( ленено семе, соја, сушено овошје, семиња од сусам, лук, праски, бобинки, пченица).

Во препораките за обновување на зглобните простори кај овие пациенти, се препорачува користење и на хондропротектори.

Хондропротектори

Хондропротекторите можат да се најдат во најразлични комбинации, најразлични формулации, регистрации и различни начини на препорака. Пред да се направи одлука за тоа кој хондропротектор ќе се користи мора да се потсетеме за тоа како е изградена рскавицата и како истата се обновува.

Рскавицата кај здравите индивидуи е составена од колаген, хондроцити и екстрацелуларна течност. При процесот на оштетување доаѓа до хаоитчен дисбаланс на составните елементи на ‘рскавицата, што последично на тоа се добива набраздено-рапава ‘рскавична површина. Во процесот на одбрана, ‘рскавицата предизвикува клонирање на хондроцити со цел да ја задржи својата мазна површина. Клонираните хондроцити на површината на ‘рскавицата немаат можност за пролиферација и диференцијација. Со додавањето на кристалниот глукозамин, се активираат клонираните хондроцити, со што им се враќа првобитната функција за пролиферација и диференцијација. На тој начин доаѓа до нивно повторно синтетизирање на хијалуронска киселина, хондроитин сулфат и глукозамин сулфат, со шо се зачувува мазната рскавична површина.

Коскената ‘рскавица не е васкуларизирана и нема нервни завршетоци на својата површина. Обновувањето на ‘рскавицата зависи од контактот ( одмивањето)  со синовијалната течност. За одреден хондропротектор да стигне до синовијалната течност, истиот треба да има мала молекулска маса и добра биорасположливост. Кристалниот глукозамин сулфат во доза од 1500mg ги задоволува наведените критериуми.

Според студијата која што е спроведувана од страна на JAMA ( Журнал на американската медицинска асоцијација) објавена во декември 2018 година , која што е спроведена на околу 8.000 пациенти, старосната граница се движела во рамките од 55 до 70 години. Студијата опфакјала околу 70% на жени. Според добиените податоци, употребата на кристален глукозамин сулфат, придонесува до намалување на болката, подобра подвижност и сочувување на зглобниот простор. Комбинациите со xондроин сулфат не дадоa клинички значајни резултати околу симптомите на артритисот. Објаснувањето се должи на големите молекули на xондроинот, кои што неможат да дифундираат до синовијалната течност. Пропратно беше намалена и концентрацијата на кристалнилот глукозамин во синовијалната теност. Според резултатите од студијата, се препорачува користење на кристален глукозамин сулфат како монотерапија, а не во комбинации со други производи за да не се намали неговата биорасположливост. Употребата на кристалниот глукозамин сулфат, докажано има 2х поголем ефект во инхибицијата на стеснување на зглобниот простор, споредбено со xондроин сулфатот и стронциум реналатот.

Според погоре наведените искази и факти, примената на хигиено-диететски мерки комбинирани со кристален глукозамин сулфат (монотерапија, а не во комбинација со хондроин), можат да допринесат за намалување на симптомите на остеоартритисот кај пациентките кај кои што е манифестирана менопаузата или е во фаза на манифестација

Референци:

  1. Gregoriet al. Association of Pharmacological Treatments with long-term pain control in patients with knee osteoarthritis, JAMA2018;329 (24):2564-2579
  2. Збирен извештај за карактеристике на лекот DONA® 1500 mg прашок за перорален раствор, 20 ќесички х 1500 mg/кутија, СЕПТИМА ДООЕЛ, декември 2019
  3. Gustas CN, Blankenbaker DG, Rio AM, Winalski CS, Kijowski R. Evaluation of the Articular Cartilage of the Knee Joint Using an Isotropic Resolution 3D Fast Spin-Echo Sequence With Conventional and Radial Reformatted Images. AJR Am J Roentgenol. 2015 ;205(2):3719. [PubMed]
  4. Felson DT et al. Osteoarthritis: new insights. Part 1: the disease and its risk factors. Ann Intern Med. 2000 17;133(8):635-46.
  5. RovatiLC, GirolamiF , Persiani S. Ther Adv Musculoskel Dis.2012; 0(0) :1-144
  6. Bruyere O et al.Total joint replacement after glucosamine Sulphate treatment in knee osteoarthritis: results of a mean 8-year observation of patients from two previous 3-year, randomised,placebo-controlled trials. Osteoarthritis Cartilage. 2008; 16 (2): 254-60.
  7. Eriksen P et al. Risk of Bias and Brand Explain theObserved Inconsistency in Trials on Glucosamine for Symptomatic Relief of Osteoarthritis: A Meta-Analysis of Placebo-Controlled Trials. Arthritis Care Res. 2014 ;66 (12):1844-55.

n DT et al. Osteoarthritis: new insights. Part 1: the disease and its risk factors. Ann Intern Med. 2000  17;133(8):635-46.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.