1.

Коронавирус- симптоми, препораки и превенција

Коронавирусите се група на вируси кои предизвикуваат инфекции на респираторниот систем кои се движат од обична настинка до потешки заболувања како што е Middle East Respiratory Syndrome (MERS-CoV)  и Severe Acute Respiratory Syndrome (SARS-CoV). Коронавирусите се идентификуваат кај многу животни, вклучувајќи камили, говеда, мачки и лилјаци.Повеќето коронавируси предизвикуваат инфекции само кај животни, но сѐ повеќе има нови и мутирани видови што предизвикуваат инфекции и кај луѓето.

Novel Coronavirus 2019, познат како (2019,nCoV) е нов вид на вирус кој за првпат е идентификуван кај луѓе во декември 2019 во Вухан Кина. Коронавирусите се карактеризираат со високо ниво на мутагеност. Сè уште не е со сигурност потврден изворот на вирусот или колку лесно истиот може да се шири, но научните сознанија во моментов упатуваат на фактот дека можен извор на новиот коронавирус се змиите.

Вообичаени знаци на инфекција со овој тип на вируси вклучуваат респираторни симптоми, треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Во потешки случаи, инфекцијата може да предизвика пнеумонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт.

Novel coronavirus припаѓа на исто семејство на вируси како SARS и MERS. Овие вируси споделуваат одредени микробиолошки карактеристики, но исто така се карактеризираат и со свои посебни својства. Покрај тоа што е нов вид вирус, вирусите сами по себе можат да се развиваат или да се променат со текот на времето што ги прави тешки за лекување. Бројот на достапни антивирусни лекови кои може да се применуваа кај вирусни инфекции од ваков тип е ограничен, но поради високиот степен на мутагеност постои голема веројатност дека може да се развие брзо и резистентност кон одобрените антивирусни лекови. Конкретно за коронавирусите нема одобрен антивирусен лек. Мерки кои се преземаат се изолација на пациентите, третман на симптомите на болеста и компликаци доколку се појават. Стандардни препораки за да се спречи ширење на инфекцијата вклучуваат, редовно миење на рацете, покривање на устата и носот при кашлање и кивање, темелна термичка обработка на месо и јајца, избегнување на близок контакт со секој што покажува симптоми на респираторна болест како што се кашлање и кивање. Во моментов се применуваат антивирусни лекови кои не се специфични за коронавирусите и се практикува примена на стероидни лекови.

Во моментов интезивно се работи од страна на повеќе релевантни организации, вклучително и Националниот институт за здравство во Америка, за развојот на вакцина за новиот вид на коронавирус, 2019-nCoV. Нивната стратегија за развој на вакцини ќе има значителни придобивки и за останатите коронавируси, како што се SARS и MERS.

На 25.01.2020, од страна на Светската Здравствена Организација изадено е првото упатство за превенција и контрола на инфекција кога постои сомневање за инфекција со 2019-nCoV.

На 30.01.2020 Светската Здравствена Организација прогласи вондредна состојба на светско ниво поради епидемија на коронавирус.

 

 

 

REFERENCES

 

  1. CORONAVIRUS

https://www.who.int/health-topics/coronavirus

 

  1. INFECTION PREVENTION AND CONTROL DURING HEALTH CARE WHEN NOVEL CORONAVIRUS (NCOV) INFECTION IS SUSPECTED, Published January 25, 2020

https://www.who.int/publications-detail/infection-prevention-and-control-during-health-care-when-novel-coronavirus-(ncov)-infection-is-suspected-20200125

 

  1. STATEMENT ON THE SECOND MEETING OF THE INTERNATIONAL HEALTH REGULATIONS (2005) EMERGENCY COMMITTEE REGARDING THE OUTBREAK OF NOVEL CORONAVIRUS (2019-NCOV), Published January 30, 2020

https://www.who.int/news-room/detail/30-01-2020-statement-on-the-second-meeting-of-the-international-health-regulations-(2005)-emergency-committee-regarding-the-outbreak-of-novel-coronavirus-(2019-ncov)

 

  1. WHAT IS CORONAVIRUS? Published January 27, 2020

http://www.auburn.edu/academic/pharmacy/news_events/2019-20/012420-coronavirus.html

 

  1. WILL THERE BE A VACCINE FOR THE NEW WUHAN CORONAVIRUS? IF SO, WHEN? Published January 29, 2020

https://www.sciencealert.com/when-will-there-be-a-coronavirus-vaccine

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.