3

Комбинацијата на стандарден третман со конвалесцентна плазма не го подобрува клиничкиот исход кај пациенти со тешка и многу тешка клиничка форма на КОВИД-19 во однос на стандардната терапија

Група на научници од неколку кинески болници и универзитети го анализирале влијанието на комбинацијата на стандардната терапија надополнета со ковалесцентна плазма врз клиничките резултати кај пациенти со тешка или многу тешка форма на КОВИД 19 и резултатите ги споредиле со исходот кај пациенти кои примале само стандардна терапија. Всушност, тие спровеле рандомизирана клиничка студија, вклучувајќи пациенти со лабораториски потврден COVID-19, кој според клиничките критериуми биле опишан како тежок (присуство на респираторен дистрес синдром и/или хипоксемија) или многу тежок (шок, слабост на органите или потреба од механичка вентилација). Предвремено прекинување на студијата било извршено по вклучувањето на 103 од планираните 200 пациенти. На учесниците им била администрирана конвалесцентна плазма во прилог на стандарден третман (n = 52) или само стандарден третман (контрола) (n = 51). Резултатите не покажале значително подобрување во времето на клиничко подобрување во рок од 28 дена во корелација со обезбедување на терапија во која е вклучена конвалесцентна плазма на стандарден третман. Толкувањето на резултатите сепак е ограничено со предвремено прекинување на студијата, што може да биде причина за неможноста да се идентификува клинички релевантна разлика.

REFERENCE:

Li L., Zhang W., Hu Y.,et al. Effect of Convalescent Plasma Therapy on Time to Clinical Improvement in Patients With Severe and Life-threatening COVID-19 A Randomized Clinical Trial. JAMA. 2020

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Заборавено корисничко име или лозинка
Ве молиме внесете ја вашата email адреса. Корисничкото име и новата лозинка ќе ви бидат пратени по email.